Скопјанец управувал возило со 3,29 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгода, следува соодветна пријава
1Скопјанец управувал возило со 3,29 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгода, следува соодветна пријава
3Подната фонтана повторно ќе блесне – Градот започна темелна реконструкција на еден од симболите на Скопје
КултураДрамски театар ја подготвува „Болва в уво“ во режија на Синиша Ефтимов, одржана првата пробаВо Драмски театар Скопје денеска се одржала прва проба на претставата „Болва в уво“ во режија на Синиша Ефтимов. Премиерата е планирана за втората половина на декември. Драмски театар соопшти дека „Болва в уво“ на нивната сцена првпат е поставена на 24 март 1974 година и дека е „ амблематска претстава за Драмски, што публиката ја памети по една исклучителна генерација на актери, со вкупно 333 изведби“ Текстот „Болва в уво“ е напишан во 1907 година од францускиот драмски писател Жорж Фејдо (1862-1921) кој, посочува ДТС - „напишал 39 драмски текстови, а најголемите успеси ги достигнал во жанрот водвиљ. -Неговите текстови поради безвременската актуелност, и сто години по неговата смрт, се изведуваат во голем број на театри низ светот, наведува Драмски во соопштението. Директорот на ДТС Роберт Вељановски на денешната прва проба изразил задоволството што, точно по 51 година и 8 месеци, режисерот Синиша Ефтимов и актуелната генерација актери ќе ја имаат можноста да работат по текстот на „кралот на комедијата“ - Жорж Фејдо и „да дадат свој генерациски придонес во исчитувањето и креирањето на ликовите во оваа планетарно популарна претстава“. Режисерот Синиша Ефтимов се заблагодарил за довербата да ја постави претставата „Болва в уво“ во Драмски театар и ги охрабрил актерите „да не бидат обременети од големите успеси на претставите што ги постигнувале и претходната генерација врвни актери на Драмски и театарските куќи низ целиот свет, туку да се обидат следејќи ги прецизните насоки на Фејдо да дадат свој креативен инпут во создавањето на ликовите“. -Дејствието се одвива, тука и сега, но не баш во нашиот универзум. Светот е модерен и современ, но без геополитичките случувања и интернет-хистеријата која ја окупира димензијата на нашата реалност. Максимално технолошко достигнување во овој универзум е телефон со жица. Писма и пораки се сѐ уште најнормален начин на комуникација, што ни индицира дека информацијата патува доста споро, во споредба со нашите поимања на темата. Ова е една сосема розова реалност, каде што секој е среќен, со својата улога во општеството. Единствените возбуди и непријатности во нивните животи се, сепак, последица на базичните нагони на главните протагонисти, во секој од овие можни универзуми, се разбира, зборувам за нас, луѓето и нашите суети и ниски страсти, изјавил Ефтимов во врска со адаптацијата и режисерското исчитување на текстот „Болва в уво“. Улогите во претставата им се доделени на актерите: Дениз Абдула, Ања Митиќ, Марјан Наумов, Лазар Христов, Игор Стојчевски, Стефан Вујисиќ, Нина Елзесер, Златко Митрески, Рубенс Муратовски, Катерина Шехтанска, Томислав Давидовски, Јована Спасиќ, Петар Стојковиќ и Ивана Павлаковиќ. Сценограф е Мартин Манев, костимограф - Раде Василев. „Болва в уво“ петта и последна планирана претстава од Годишната програма за работа на Драмски театар-Скопје, поддржана од Министерството за култура и туризам. Тагови: Драмски театар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСкопјанец управувал возило со 3,29 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгода, следува соодветна пријаваЗа настанот е известен јавен обвинител, а возилото било одземено.На 06.08.2026 во 17:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.А.Л.(34) од Скопје. Претходно, во 15:10 часот на ул.„Пролет“ во Скопје, со патничко возило „матиз“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(20) од Скопје, при што била причинета материјална штета. При преземање мерки и вршење на увидот, полициските службеници констатирале дека И.А.Л. возел под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,29 промили во крвта. За настанот е известен јавен обвинител, а возилото било одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: Алкохол мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски сака статистика – граѓаните гледаат празни фрижидериЕвростат повторно објави податоци.Највисока минимална бруто месечна плата во Европа има Луксембург 2.771 евра. Словенија е со 1.482 евра. Македонија? 624 евра бруто, односно околу 421 евро нето. Пред нас не се само западноевропските земји. Пред нас се и Србија и Црна Гора. Ние сме на долниот дел од листата. Мицкоски сака да зборува за проценти, раст, просеци и „позитивни трендови“. Прва, трета, најбрзорастечка економија… Граѓаните не живеат од проценти. Граѓаните живеат од тоа што го имаат во паричникот и во фрижидерот. И таму статистиката е јасна: празно. Две години оваа власт нема ниту еден вистински резултат за обичниот човек. Минималната плата останува меѓу најниските во Европа. Цените растат. Инвестициите паднаа. Младите си одат. Дури и кога се обидуваат да се пофалат со некој инфраструктурен проект - најчесто станува збор за работи што ги започнала претходната власт. А она што самите го допреа, најчесто го упропастија. Или само се фотографираат. Оваа власт е неспособна да создаде подобро. Способна е само за тендери, за криминал и за корупција. Тоа се „тендер-патриотите“ - силни во поделба на пари, слаби во сè друго. Граѓаните не треба да чекаат нова статистика од Евростат за да разберат како живеат. Тие тоа го гледаат секој ден. И тоа е единствената статистика што важи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаПодната фонтана повторно ќе блесне – Градот започна темелна реконструкција на еден од симболите на СкопјеЕден од најпрепознатливите симболи во центарот на Скопје, подната фонтана на плоштадот, повторно ќе биде ставен во функција по долгогодишен период на запуштеност и нефункционалност.Во тек е реализација на темелна реконструкција која не претставува само сервисирање, туку целосно и трајно решение за системот. Станува збор за комплексна интервенција што опфаќа специјализирана опрема произведена во Германија, како и автоматизиран систем кој бара прецизно усогласување и целосно враќање на функционалноста. Паралелно со сервисирањето на опремата, се изведуваат и значајни конструктивни подобрувања. Постојната носечка подконструкција, изработена од пластични носачи кои поддржуваа бетонски плочи со тежина од околу 100 килограми по елемент, се заменува со нова конструкција од иноксни профили, проектирана да издржи значително поголеми механички оптоварувања. Со ова трајно се подобруваат стабилноста, безбедноста и долговечноста на целиот систем. Со обновата, фонтаната повторно ќе стане место за средби, детска игра, фотографии, прошетки и убави спомени, враќајќи ја живоста во срцето на градот и повторно претворајќи се во едно од најатрактивните обележја на Скопје. Истовремено, се реализира и замена на оштетените плочки на потегот од Порта „Македонија“, со што централното градско подрачје добива поуреден, побезбеден и подостоинствен изглед. Овие активности се дел од заложбите за обновување на јавните простори и создавање квалитетна градска инфраструктура што ќе им служи на граѓаните во наредните години. Град СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook