Драмски театар гостуваше во Велес со „Живот во тесни чевли“ - Канал 5

Драмски театар гостуваше во Велес со „Живот во тесни чевли“

Во рамките на манифестацијата „Велес – Град на културата 2015“ синоќа на сцената на новата зграда на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ансамблот на Драмскиот театар од Скопје ја изведе претставата „Живот во тесни чевли“ по текст на српскиот автор Душан Ковачевиќ во режија на младиот Ненад Витанов.

Драмски театар гостуваше во Велес со „Живот во тесни чевли“
Пред велешката публика настапија и изнудија аплаузи на бис актерите Драган Спасов - Дац, Марија Кондовска, Ѓокица Лукаревски, Ванчо Петрушевски, Душица Стојанова, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Зоран Љутков и студентите по глума, Христијан Поп Симонов, Ненад Анѓелковиќ, Миа Кантарџиева и Благица Димитровска.

Во изјавата за медиумите по претставата, актерот Драган Спасов - Дац одговарајќи на новинарско прашање, појасни дека тесните чевли се метафора за долгата транзиција во балканските земји.

- Ова е една претстава за „тесна кожа“, од која што не може да се излезе. И на крај се виде кој е излезот од таа состојба, потенцира Спасов.

Драган Спасов – Дац потенцира дека првпат влегува и првпат игра во новата театарска зграда во Велес од која, како што рече, е воодушевен во секој поглед.

- Убаво е кога се влегува во нешто што е ново, прекрасен е театарот, а салата многу акустична. Посебно ме импресионира велешката публика која е прекрасна и знае да гледа претстава, а тоа се виде и вечерва, затоа што знае како точно да реагира и награди, потенцира Спасов.

Тој за манифестација „Град на културата“ на Министерството за култура кое во соработка со општините веќе десеттина години традиционално секоја година се одржува во по еден македонски град, смета дека е одлична за развој на културата во земјава.

- Сепак прашање е колку и покрај желбата љубителите на театарот од внатрешноста пример од Велес, Битола, Прилеп, можат да си дозволат и да дојдат на претстава во Скопје, затоа ние преку оваа манифестација им доаѓаме на гости, дома во нивниот град. Добро сме пречекани од публиката и затоа манифестацијата треба да продолжи и во наредните години, потенцира актерот Драган Спасов-Дац. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Златан потрошил девет милиони евра на црква: ѝ ја подарил на својата мајка

Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, Швеѓанецот со потекло од Балканот, Златан Ибрахимовиќ во текот на својата кариера, стекна огромно богатство и се здоби со статус на една од најголемите фудбалски ѕвезди.

Златан потрошил девет милиони евра на црква: ѝ ја подарил на својата мајка

Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, Швеѓанецот со потекло од Балканот, Златан Ибрахимовиќ во текот на својата кариера, стекна огромно богатство и се здоби со статус на една од најголемите фудбалски ѕвезди, сепак, како што често се истакнува, тој никогаш не го заборави своето тешко детство, ниту семејството кое се соочи со бројни животни предизвици.

Неговата мајка, Јурка Гравиќ, зазема посебно место во неговиот живот. Според медиумските извештаи, Златан ѝ подарил нешто навистина извонредно на својата мајка – ѝ купил црква во Шведска, чија вредност изнесува 9,24 милиони евра.

Покрај црквата, тој ѝ купил стан на мајка си во Новаља, а обезбедил и луксузен имот за својата сестра, Санела.

Овие гестови често се наведуваат како доказ за неговата посветеност кон семејството, кое – и покрај неговата светска слава и успех – останало негов најголем приоритет.

Зад животот што го води Златан денес, стои тешка семејна историја. Неговата мајка, Јурка – која потекнува од селото Пркос во околината на Задар во Хрватска – заминала за Германија на само 17-годишна возраст, во потрага по подобар живот. Како што своевремено раскажа нејзиниот брат, Гојко Гравиќ, таа токму таму ги добила ќерките Моника и Виолета, со својот прв сопруг.

Откако тој брак завршил, таа се омажила за таткото на Златан, Шефик Ибрахимовиќ – познат како „Кинко“ – фолк-пејач од Бијелина. Тие добиле две деца, Златан и Санела, но семејството подоцна се соочило со бројни тешкотии.

По вториот развод, Јурка живеела со своите деца во Малме, каде што животот бил сè, само не лесен. Златан во неколку наврати зборувал за своето растење во сиромаштија, истакнувајќи дека токму тие искуства го научиле да го цени она што го има денес. „Растев во сиромаштија, но тоа ме научи да го ценам она што го имам денес. Семејството за мене отсекогаш било на прво место“, изјавил фудбалерот.

Денес, Ибрахимовиќ поседува бројни недвижнини, вклучително и вила во Калифорнија – проценета на околу 1,5 милиони евра – која располага со тениски терен и базен. Во приватниот живот, тој ужива во времето поминато со својата сопруга Хелена, која е 11 години постара од него. Исто така, не е многу познато дека неговиот татко, Шефик Ибрахимовиќ, бил фолк-пејач кој настапувал низ цела поранешна Југославија. Тој дури му посветил и песна на својот син, насловена „Злато, Златане“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Во Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства.

Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер