Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
2Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
3Стручната комисија утврди: Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица која остана неподвижна
КултураДрамски театар гостува со претставата „Драми на принцезите“ на фестивалот РУТА во ЉубљанаДрамски театар Скопје со претставата „Драми на принцезите“ ќе гостува на регионалниот театарски фестивал РУТА што од 29 јануари до 3 февруари се одржува во Словенија, во организација на Местно гледалишче од Љубљана.„Драми на принцезите“ е претстава работена по циклусот постдрамски текстови „Драми на принцезите“ со поднаслов „Смртта и девојката“ на нобеловката Елфриде Јелинек. Преводот од германски јазик го направи Катерина Шекутковска. Во уметничкиот тим што работеше на претставата е трочлена екипа од млади и талентирани уметници од Словенија. Режијата е на Жива Бизовичар, прв драматург е Ник Жнидаршиќ. Втор драматург и редакција на превод: Викторија Рангелова – Петровска. Сценограф и автор на музика е Јан Крмељ. Костимите се на костимографот Александар Ношпал. Дизајн на светло: Жива Бизовичар, Јан Крмељ и Ник Жнидаршиќ. Сликар-изведувач: Ѓорѓи Ѓорѓиевски. Музичко-вокален консултант: Ива Дамјановска и фотограф е Стефан Стамандов. Инспициент е Жарко Намичев и суфлер во претставата е Милка Анчевска. Ликовите ги играат актерките на Драмски театар Скопје: Снежана: ЈЕЛЕНА ЖУГИЌ, Ловецот: НИНА ЕЛЗЕСЕР, Трнорушка: БИЉАНА ДРАГИЌЕВИЌ-ПРОЈКОВСКА, Принцот: САРА КЛИМОСКА, Џеки: ТРАЈАНКА ИЛИЕВА-ВЕЉИЌ, Силвија: ИВАНА ПАВЛАКОВИЌ и Ингеборг: ЈАСМИНА ВАСИЛЕВА. Во програмската книшка на претставата режисерката Жива Бизовичар истакнува дека циклусот постдрамски текстови Драми на принцезите со поднаслов Смртта и девојката, нобеловката Елфриде Јелинек го пишува на преминот на векот и го завршува во 2002 година, како феминистичко дополнување на бајките на браќата Грим. -Во циклусот, Снежана и Трнорушка веќе не се беспомошни девојки препуштени на милост и немилост на мажите, туку жени кои сакаат да ја избегнат смртта иако знаат дека обидот е осуден на пропаст. Смртта им е веќе запишана со нивните иницијали, тие можат само да ѝ се предадат и да се спасат од непотребниот напор за бегство – единственото нешто што можат да направат со смртта е да ѝ се доверат, да разговараат со неа за својата приказна. За разлика од нив, Џеки (Оназис) е смрт сама за себе. Ракот ја глода, а таа, претворена во статуа, на публиката ѝ ја раскажува својата „вистинска“ приказна: била принудена да стане совршена жен(ск)а, префинета слика, темнина во која не може да проникне ниту светлината на Мерилин Монро, која ја прогонува, наведува режисерката. Во Ѕидот, последниот дел од циклусот, Ингеборг Бахман и Силвија Плат, додава Бизовичар, две големи писателки кои ги засенија своите мажи кои исто така беа писатели, се обидуваат да го пресоздадат светот. Туркаат низ ѕидот, но не можат да го скршат или да го исчистат за да видат што има зад него. Мора да најдат друг начин. Премиерата на „Драми на принцезите“ беше на 15 ноември 2024 година и досега е изведена шест пати на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје. Гостувањето во Местно гледалишче Љубљана е прва изведба на претставата во странство, наведуваат од Драмски театар Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноУпаднале во банка без маски и со пиштоли- верувале дека сок од лимон ќе ги направи невидливи за камерите Пред единаесет години, Макартур Вилер и Клифтон Ерл Џонсон извршија серија грабежи на банки во пошироката област на Питсбург во Соединетите Американски Држави.Она што го разликуваше овој случај од вообичаените грабежи не беше начинот на кој беа извршени, туку неверојатниот факт дека сторителите веруваа дека пронашле начин да станат „невидливи“ за камерите. Клучната состојка во „Невидливото мастило“ Вилер и Џонсон упаднаа во банката Мелон во Свисвејл и во банките Парквејл и Фиделити во Брајтон Хајтс вооружени со пиштоли и со целосно откриени лица. Тие не се обидоа да ги исклучат камерите за надзор или да го сокријат својот идентитет на кој било начин. Наместо тоа, тие намачкаа сок од лимон на своите лица, убедени дека тоа ќе ги направи „невидливи“ на снимката. Pennsylvania bank robbers used lemon juice to make them 'invisible' during raids #Bankrobbery #Pennsylvania #Robber https://t.co/c6ZHso8upI — Omar Ben Israel (@CWISH302) September 22, 2026 Според Вилер, Џонсон му рекол дека сокот од лимон е една од клучните состојки во „невидливото мастило“, па заклучиле дека нанесувањето на сокот директно на нивната кожа ќе ги направи нивните лица „невидливи“ за камерите?! Сепак, тие не сакаа да се потпираат само на теорија. Придружниците решиле сè да тестираат. Го намачкале лицето на Вилер со сок од лимон, а потоа тој ја фотографирал со полароидна камера. Фотографијата била развиена за неколку минути, а на неа го немало лицето на Вилер, објавува Дејли Стар. „Но, ставив сок од лимон на неа“ Тие биле толку убедени дека нивната тактика ќе функционира. Полицијата подоцна претпоставила дека Вилер едноставно не ја насочил камерата кон неговото лице кога ја фотографирал, или дека филмот бил неисправен. По грабежите на банките, на полицијата не ѝ требало долго време да ги идентификува и уапси сторителите. За време на испрашувањето и откако ги видел фотографиите од банките, Вилер во неверица рекол: „Но, ставив сок од лимон на неа. Ставив сок од лимон на неа“. Џонсон бил осуден на пет години затвор, откако сведочел против својот партнер. Од друга страна, Вилер добил 24 години.Тагови: банка пиштоли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп откри за што ќе зборуваат со Си ЏинпингАмериканскиот претседател Доналд Трамп објави дека вештачката интелигенција (ВИ) ќе биде „голема тема на разговор“ со кинескиот претседател Си Џинпинг, кој е во тридневна посета на Вашингтон.„Голем ден со претседателот Си на Кина. Суперинтелигенцијата (ВИ) ќе биде голема тема на разговор, но сакам да го оставам точно како што е. Тоа е ставот на Кина. Нашиот бедем е Министерството за правда (DOJ)“, напиша Трамп на својот профил на социјалните мрежи Truth Social. Денешната средба меѓу Си и Трамп се случува во време на трка во вооружување меѓу САД и Кина за ВИ, при што многумина повикуваат на меѓународна регулација, според CBS News. Трамп досега се спротивставуваше на повиците за регулација, велејќи им на светските лидери на Генералното собрание на ОН претходно оваа недела: „Победник е оној што ќе ја победи ВИ“. Си пристигна во среда на тридневна државна посета на САД, за време на која ќе ја посети и Белата куќа, каде што ќе се одржи гала вечера, на која ќе присуствуваат многу претставници на технолошкиот сектор.Тагови: Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗлатеска: Владата активно се справува со предизвиците од светската кризаБисерка Златеска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница наменета за пратенички прашања, постави две прашања.Бисерка Златеска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница наменета за пратенички прашања, постави две прашања, од кои едното беше во делот на земјоделството, шумарството и водостопанството, а другото беше поврзано со економијата. ,,Земјоделството е егзистенција за илјадници семејства. Тоа е домашно производство на храна. Тоа се цели семејства кои зависат од тоа дали нивниот род ќе биде откупен, по која цена ќе биде откупен и подеднакво важно кога ќе ги добие средствата што им следуваат. Затоа секогаш кога зборуваме за субвенциите мора да имаме предвид дека не зборуваме само за буџетски средства. Зборуваме за пари, кои за еден земјоделец значат набавка на семе, ѓубриво, гориво и заштитни средства“, рече Златеска. Прашањето што го постави Златеска, а до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство беше поврзано со исплатата на субвенциите: ,,Според официјалните информации на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во текот на 2026 година се реализираат исплати по програмата за финансиска поддршка на земјоделството, а Агенцијата за финансиска поддршка паралелно реализира исплати по мерки од претходните програмски години. Тоа е важно да се разграничи. Во август и септември агенцијата реализирала повеќе конкретни исплати, меѓу кои значајни средства за сточарите и полделците. Почитуван министре, моето прашање до вас е како тече исплатата на годинешните субвенции?“. Второто прашање од страна на пратеничката Златеска, беше упатено до заменик министерот за економија, а во врска со намалуваувањето на ДДВ-то на дизелот и по 28 септември доколку кризата и високите цени на нафтата продолжат. ,,Актуелната мерка за намалување на ДДВ-то на дизелот од 18 на 10% има рок. Тоа е 28-ми септември, а кризата на светските енергетски пазари за жал не завршува со истекот на рокот на една владина одлука. Доколку продолжи растот на цените на светскиот пазар, доколку продолжат нарушувањата во снабдувањето или доколку се појави нов ценовен удар, институциите мора да бидат подготвени“, кажа Златеска и додаде: ,,Може ли да направите споредба со цените на дизелот и бензините во Македонија и во земјите од регионот и дали доколку продолжи кризата се размислува оваа мерка да биде продолжена и по 28ми септември. Сметам дека Владата и министерствата во Македонија се вложуваат максимално во справувањето со оваа светска криза“, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter