КултураДрамски театар го објави конкурсот за наградата „Горан Стефановски“, последен ден од јавниот повик за проектот „Денови на независна продукција“НУ Драмски театар Скопје соопшти дека на неговата веб страница е објавен годинешниот конкурс за наградата „Горан Стефановски“ за најуспешен драмски текст од млад македонски автор на возраст до 30 години, што ќе биде отворен до 28 февруари.Во духот на традиционалната поддршка кон младите драмски уметници и поттикнување на пишување на нови драматуршки текстови, Драмски театар ја доделува наградата во чест на големиот драмски автор Горан Стефановски. Преку овој конкурс, театарот сака да даде поддршка на драмско творештво на младите автори и да ја афирмира современата македонска драма. Право на учество имаат автори, државјани на Македонија, кои до денот на завршување на рокот за пријавување не навршиле 30 години. Поднесениот текст мора да биде оригинално, неизведено дело, а не адаптација или драматизација на веќе постоечки книжевни или драмски форми, информираат од театарот. Пријавата треба да биде подготвена согласно насоките што ќе бидат објавени на веб-страницата на НУ Драмски театар Скопје. Пристигнатите текстови ќе ги разгледува стручна Комисија составена од пет члена, а добитникот ќе биде објавен на прес-конференција, што ќе се одржи во пресрет на денот на раѓањето на Горан Стефановски – 27 април. Наградата е во износ од 60.000 денари (еднократно), а ќе следи и потпишување авторски договор со НУ Драмски театар Скопје, продукција и изведба на наградениот текст на една од сцените на театарот – малата сцена или сцената „Ристо Стефановски“ – во рок од две години од затворањето на конкурсот, а авторот е обврзан дека до премиерата во Драмски театар Скопје, текстот нема да биде отстапен на други лица или институции. Од Драмски театар наведуваат дека со оваа награда ја продолжуваат својата посветеност кон развојот на македонското драмско писмо, негувајќи го духот на Горан Стефановски, чии дела се длабоко вкоренети во историјата на театарот. Од „Јане Задрогаз“ (1974) до „Огнени јазици“ (2013), на сцената на Драмски беа поставени 15 негови претстави, од кои осум беа праизведби. Посочуваат дека денеска е последен ден за пријавување на јавниот повик за проектот „Денови на независната сцена во Драмски“, што ќе се реализира од 14 до 17 јануари По направената селекција на апликациите за претставите пристигнати на јавниот повик, Драмски ќе ги отстапи за гостување сцената „Ристо Стефановски“ и „Малата сцена“ на театарот како и потребната техника со што ќе овозможи изведба на новите претстави и презентирање на иновативни, автентични и квалитетни театарски проекти. Рокот за поднесување на пријавите завршува денеска. На веб страницата www.dramski.mk се наоѓа образецот што треба да се пополни и заедно со промотивните материјали за претставата да се прати на е-поштата: [email protected] , соопштија од Драмски театар.Тагови: Драмски театар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизКевин Костнер „уловен“ со 31 години помлада девојка Нова романса на повидок, холивудски актер виден со жена помлада од него за 31 годинаХоливудската ѕвезда, актерот Кевин Костнер поттикна гласини за романса откако е фотографиран со 40-годишната Џенифер Милбурн. 71 годишниот Кевин Костнер предизвика нови гласини за романса откако беше фотографиран со Џенифер Милбурн (40), животен тренер од Колорадо. Ѕвездата на филмот „Танц со волците“ е фотографиран со Милбурн во Санта Барбара, Калифорнија, а според „Дејли мејл“, тие изгледале многу блиски. Костнер и Милбурн биле забележани и во локалниот супермаркет „Албертсонс“, каде што, според очевидци, купувале житарици, сок од грејпфрут, стекови и зеленчук. Милбурн потекнува од Аспен, Колорадо, каде што Костнер го поседува пространиот ранч „Данбар“. Кога новинарите стапиле во контакт со неа и ја прашале дали е во врска со актерот, таа наводно го прекинала разговорот. По разводот од Кристин Баумгартнер во 2023 година – по 18 години брак – актерот постојано се поврзуваше со други жени. Во 2024 година се појавија гласини дека е во врска со Џенифер Лопез, откако двајцата беа забележани заедно во продавницата „Кемо Сабе“ (Kemo Sabe) во Аспен; сепак, се покажа дека нивната средба немала романтичен карактер. Подоцна, во 2025 година, Костнер беше поврзуван со Кели Нунан Горс, поранешната сопруга на милијардерот Алек Горс. Во тоа време, извор изјави за „Ас викли“ (Us Weekly) дека тие уживаат во приватна и неформална врска.Тагови: Кевин Костнер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
ФудбалМоќна Барселона – најдобриот старт во историјата на клуботФудбалерите на шпанскиот шампион Барселона блескаат на почетокот на новата сезона и имаат седум победи на исто толку натпревари.Гигантот од Ноу Камп, врза шест победи во Ла Лига и забележа уште една во Лигата на шампионите. Досега, најдобрите учиноци беа остварени во сезоните 1929/30, 1960/61 и 2018/19, кога Каталонците забележаа шест победи по ред. Овие седум победи под водство на Ханси Флик ѝ овозможија на Барселона да стекне убедлива предност во Ла Лига, со три бода предност пред Реал Мадрид. Тие исто така поставија рекордни бројки во однос на постигнатите голови – 33 на седум натпревари, што претставува просек од пет гола по натпревар. Тимот постигна „само“ два гола на натпреварот против Билбао, четири против Леванте, по пет против Елче, Рајо, Валенсија и Фејенорд, па дури и седум против Расинг. Во моментотв Барса е и единствениот тим без пораз во Ла Лига по првите шест кола. До поразот од Севиља во средата, таков учинок имаше и Депортиво.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСкопје или див запад? (ВИДЕО)Деца јаваат коњ на улица Скупи во Скопје, и во еден момент едно од децата паѓа.На социјалната мрежа Фејсбук е објавена видеоснимка на која се гледаат малолетни деца како јаваат коњ по фреквентна улица, без надзор од возрасно лице и без соодветна безбедносна опрема. На снимката се забележува и момент во кој едно од децата паѓа од коњот. Засега нема информации за состојбата на детето, ниту дали при падот се здобило со посериозни повреди. Случајот отвора прашања за безбедноста на децата и одговорноста на возрасните, особено имајќи предвид дека станува збор за улица на која се одвива јавен сообраќај. Дополнително, се поставува прашањето дали ваквото однесување претставува сериозен ризик за учесниците во сообраќајот и кој би сносел одговорност доколку дојде до сообраќајна несреќа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00