1Ангелов: Бројот на пожари на отворен простор не стивнува, граѓаните да бидат исклучително внимателни
Селин Дион прв пат се појави во јавност по две години- во Париз ја пречекаа толпи обожуватели (ВИДЕО)
Европската комисија го принуди Гугл да ги смени правилата- што ќе значи тоа за медиумите и издавачите
1Селин Дион прв пат се појави во јавност по две години- во Париз ја пречекаа толпи обожуватели (ВИДЕО)
2Европската комисија го принуди Гугл да ги смени правилата- што ќе значи тоа за медиумите и издавачите
КултураДрамската програма на „Охридско лето“ продолжува со претставата „Принцезата Ксенија од Црна Гора“Драмската програма на „Охридско лето“ продолжува со претставата „Принцезата Ксенија од Црна Гора“ на Црногорскиот народен театар од Подгорица.Драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува денеска со театарската претстава „Принцезата Ксенија од Црна Гора“ во изведба на Црногорскиот народен театар од Подгорица, поставка во адаптација и режија на Радмила Војводиќ. Режисерката Војводиќ вели дека претставите се потпираат на непостојаноста на трагите, на еден вид материјално исчезнување, а оние кои се занимаваат со театарот ја сакаат минливоста и неповторливоста на тој чин… „Се навраќам на тоа барајќи одговор на прашањето зошто напишав еден вид пролог и епилог, т.е. дали беше потребно да се привлече вниманието кон надворешното оцрнување и неуметничкото во сеќавањето на поранешната изведба на „Принцезата Ксенија од Црна Гора“ – за поранешниот општествен контекст, и за овој сегашен, од кој се враќаме на истата тема, играјќи го истото дело?! Всушност, го знам одговорот само до одреден степен, но еве го: сфаќам дека заборавеноста и меморијата поедноставуваат и искривуваат многу факти со кои се справувам, не само со она што е расфрлано историографски туку и со она што се случи дури вчера, па затоа имам потреба да го проверам тоа знаење… да го потврдам… да го споделам… Гласовите на мигрантите, ги има многу од кога постои светот и векот, од почетокот на светот до… луѓе иселени доселени, во потрага на подобар живот и подобар свет… Шепотат дење и ноќе, огласувајќи ја и најинтимната историја… Но, тука, во оваа претстава – тие се над сите други, но тука е и гласот на самодоверливата и моќна жена, но и жена губитник. Гласот на нем мал народ и мала култура за која се закотвил животот. Таа зборува со мачниот глас на внатрешен егзил и истура болка преку рабовите на историските факти, од нејзината до нашата ера. Тоа е монолог од далечината и дијалог на нашето заробеништво... вели Радмила Војводиќ Таа е театарска режисерка, драмска писателка и универзитетски професор родена 1961 година во Бар. Дипломирала театарска режија на Факултетот за драмски уметности во 1985 година. Автор е на повеќе драмски текстови. Режирала текстови од класичната и современата драматургија и авторски театарски адаптации во белградските театри „Ателје 212“, ЈДП, Белградски драмски театар и Студентскиот културен центар; Хрватскиот народен театар „Иван Зајц“, Српскиот народен театар во Нови Сад, Црногорскиот народен театар во Подгорица, Кралскиот театар во Цетиње, како и на многу други места и фестивали. Нејзините претстави се едни од најгледаните и најнаградуваните на голем број фестивали. Основач е и уредник на списанието за театар и култура „Гест“. Добитничка е на голем број театарски награди и општествени награди. Вечерашната претстава ќе се игра во Големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 21 часот. Актерската екипа ја сочинуваат Варја Џукиќм, Ана Вучковиќ, Дејан Иваниќ, Изудин Бајровиќ, Горана Драгашевиќ, Александар Радуловиќ, Јелена Лабан, Слободан Маруновиќ, Душан Ковачевиќ, Лазар Ѓурѓевиќ, Нада Вукчевиќ – Ана Вујошевиќ.Тагови: Драмски театар Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаАнгелов: Бројот на пожари на отворен простор не стивнува, граѓаните да бидат исклучително внимателниВо земјава денеска се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои седум сè уште се активни, информира центарот за управување со кризи.Според ЦУК, пожарите се регистрирани на повеќе локации низ државата, а екипите на терен продолжуваат со интервенции за нивно локализирање и гаснење. На дел од местата огнот зафатил сува трева, ниска вегетација и шумски површини, а поради високите температури, ветерот и сувото време постои опасност од брзо ширење. Во гаснењето се вклучени противпожарни единици, локални служби и други надлежни институции, зависно од состојбата на теренот. Од ЦУК апелираат граѓаните да бидат внимателни и да не палат оган на отворено, особено во услови на зголемен ризик од пожари. Надлежните служби велат дека продолжуваат да ја следат состојбата и ќе интервенираат на сите критични точки каде огнот останува активен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаТурчин со ауди удрил во полицаец на мотоцикл во Пробиштип Во несреќата со телесни повреди се здобил Д.П., констатирани во Клиничка болница Штип. На 28.08.2026 во 20:42 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на крстосницата од ул.„Миро Барага“ со ул.„Јордан Стојанов“ во Пробиштип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл, сопственост на МВР, управуван од полицискиот службеник Д.П.(27) од Пробиштип и патничко возило „ауди“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(39) од Р.Турција, со привремен престој во с.Крилатица, кратовско. Во несреќата со телесни повреди се здобил Д.П., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДали ќе поминат спорните имиња на улици во Тетово?Спорните имиња на улици во Тетово сe уште се отворено прашање…Дали ќе поминат спорните имиња на улици во Тетово? И покрај досегашниоте бројни реакции на тетовци и Сојузот на борци, предлог-списокот досега има над 200 нови имиња , но ниту едно име сè уште не е конечно. Ако има негодување од граѓаните за одредени имиња, тие нема да бидат изгласани во општинскиот совет, вели за Канал 5 професорката по историја Оливера Гиченко која е член на комисијата за именување на улиците. Вели дека во фазата на прочистување на предлог имињата биле прифатени оние кои не се против уставниот поредок и се внимавало сите заедници да бидат застапени. „После прочистувањето на списокот, истиот се доставува до советот на општина Тетово каде треба да се усвои со Бадентер. Доколку на списокот се најде некое име за кое има негодување кај граѓаните на Тетово истото нема да биде изгласано од советот. Потоа, се испраќа до Владата на Република Македонија на усвојување. Постојните имиња од илинденскиот период и борци на НОБ не се тема на разгледување на комисијата и тие остануваат.“ Но ниту од Комисијата ниту од Општина Тетово засега нема коментар дали ќе ги земат предвид на забелешките на Сојузот на борци. Сојузот последно реагираше дека името на лекарот Џафер Сулејман за кој велат дека бил назначен за градоначалник на Тетово за време на окупацијата во Втората светска војна и со највисоки почести го пречекал фашистичкиот генерал Алберто Париани. Спорно за нив е што не само ова туку и други имиња едногласно поминале во комисијата наспроти уверувањата дека нема да се прифатат имиња спротивни на уставниот поредок. „Списокот што е прифатен од работната група и што ќе оди понатака на Советот на Општина Тетово, и освен едно име кое е исклучок, се е спорно. Секое име кога ќе се обработи и ќе се разбере нивната лоша позадина е сосема приказна. Нивна цел е да ја сокријат нивната исклучително лоша позадина. Сојузот и понатаму ќе продолжи да се бори за вистината и македонскиот национален интерес особено во нашиот град Тетово. Албанците имаат дадено за оваа држава околу 600 жртви, значи имаат имиња со кои можат да се гордеат меѓутоа за нив во моментов тие се темно минато, за жал.“ Сојузот на борци бара целата постапка да се одложи и првин да се формира тим на историчари кои прецизно ќе ги проверат сите имиња. Тие неодамна до Собранието и координаторите на пратеничките групи доставија барање за законски измени со кои изречно ќе се забрани именување улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти со имиња на личности или организации поврзани со фашизам, нацизам и тероризам. Инаку конечната одлука, сепак, не е само во рацете на општинските советници. Откако предлогот ќе биде усвоен во Советот на Општина Тетово, за новите имиња на улиците потребна е и согласност од Владата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook