СветДраматична снимка од спасувачката акција на надвозникот кај Џенова (ВИДЕО) Италијанската противпожарна служба објави на твитер драматично видео од спасувачката акција на надвозникот во близина на Џенова.На снимката се гледа како пожарникар извлекува од смачкано возило човек додека виси на остатоците од надвозникот. Бројот на загинати во вчерашната катастрофална несреќа достигна 41 . Поради силно невреме и попуштена конструкција , надвозникот долг над еден километар попушти и се урна . Во моментот на уривањето на него имало меѓу 30 и 35 автомобили и три камиони . Watch: Firefighters rescue person from suspended car after Genoa bridge collapse https://t.co/YxiYNYCdwe pic.twitter.com/YhyYJW0UQx — Newsweek (@Newsweek) August 15, 2018 Овој надвозник е најбрзата врска преку автопатот А10 меѓу Италија и Франција . Меѓѓу загинатите има и француски државјани. Возилата паѓале од височина од 50 метри на долното ниво на патот. Операторот на надвозникот , комапнијата Автострада ќе го реконструира надвозникот , а ќе плати и восока казна , соопшти денеска министерот за транспорт на Италија , Данило Тонинели. Од компанијата , пак наведуваат дека пред катастрофата била извршена инспекција на надвозникот , која не покажала проблеми во конструкцијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
БалканСкандал во Хрватска: Запалено српско знаме (ВИДЕО)На хрватскиот портал Индекс се појави видео клип, доставен од читатели, на кој се гледа група млади мажи како палат српско знаме во пресрет на прославата на операцијата „Олуја“.Според Индекс, во пресрет на годишнината од таа акција во Хрватска, две лица се искачиле на надвозник во близина на Оточац и запалиле српско знаме. На видеото се прикажани две лица облечени во црно, со покриени глави. Тие се искачиле на оградата на надвозникот, поставиле српско знаме, а потоа го запалиле. До нив е закачен транспарент на кој пишува: „Фала им за сè, ние сме слободни луѓе, Олуја '95“.Тагови: Олуја Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветОколу 800.000 Либанци се вратија домаОколу 800.000 Либанци раселени поради војната на југот на земјата почнаа да се враќаат во своите домови откако престанаа израелските напади, соопштија денес Обединетите нации.„821.077 луѓе почнаа да се враќаат во своите домови“, се вели во соопштението на ОН, додавајќи дека повеќе од 360.000 остануваат раселени, вклучувајќи околу 26.000 во владини засолништа. Израел започна воздушни напади и копнена инвазија на Либан во кои загинаа повеќе од 4.300 луѓе и расели стотици илјади. Седмата рунда разговори меѓу Либан и Израел, посредувана од САД, е во тек во Рим за спроведување на претходно потпишан рамковен договор. По петтата рунда разговори во Вашингтон, Либан и Израел потпишаа „рамковен договор“ на 26 јуни. Договорот предвидува спроведување на таканаречената „програма за пилот-зона“, која започна кон крајот на јули, кога израелската армија почна да се повлекува од тие територии. „Рамковниот договор“ предвидува либанската армија да преземе контрола врз делови од јужен Либан и да конфискува оружје од Хезболах, група поврзана со Иран, додека израелските сили постепено се повлекуваат. Фото: ВИТагови: Либан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
СветДва дена преживување во дивината: Спасени пилотите на исчезнат авионДвајца членови на екипажот на авионот „Цесна 182“ што исчезна додека патролираше низ шумските пожари во рускиот регион Иркутск се пронајдени живи по дводневна потрага.Двајца членови на екипажот на авионот „Цесна 182“ што исчезна пред два дена додека патролираше низ шумските пожари во регионот Иркутск се пронајдени живи, објавија денес регионалните служби за вонредни ситуации. Гувернерот на регионот Иркутск, Игор Кобзев, изјави дека пилотите успеале да се искачат на висина од каде што ги испратиле своите координати користејќи импровизирана радио станица, објави РИА Новости. Поиски пропавшего самолета Cessna 182 в Иркутской области — что известно на 5 августа:https://t.co/P7eDfGbrWQ#новости #иркутск pic.twitter.com/pvT6csiivN — @kpru (@kpru) August 5, 2026 Според него, тие се на околу 90 километри од градот Бодаибо, а испратен е хеликоптер за да ги евакуира. Авионот исчезна во понеделник додека ја испитувал областа погодена од шумски пожари. Истражниот комитет на Русија започна истрага за сомнителни прекршувања на прописите за безбедност на воздушниот сообраќај.Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter