Драматична објава на ќерката на Абрамович: Ова е најголема лага на Кремљ и Путин - Канал 5

Драматична објава на ќерката на Абрамович: Ова е најголема лага на Кремљ и Путин

Ќерката на сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, Софија, денеска им се придружи на богатите Руси кои со драматична објава отворено го нападнаа Владимир Путин за инвазијата на Украина.

Драматична објава на ќерката на Абрамович: Ова е најголема лага на Кремљ и Путин

27-годишната наследничка, која поголемиот дел од своето време го поминува во Лондон, сподели слика на Инстаграм со слика на пречкртан Путин со пораката: „Најголемата и најуспешната лага на пропагандата на Кремљ е дека повеќето Руси стојат покрај Путин. ," напиша Софија.

Реакцијата на Софија Абрамович е особено важна поради статусот на нејзиниот татко како еден од најистакнатите олигарси кои живеат во Велика Британија, а се погласни се повиците тој лично да биде цел од санкциите поради неговите врски со Владимир Путин. Членовите на британскиот парламент во вторникот го именуваа како еден од 35-те олигарси кои рускиот опозициски лидер Алексеј Навални ги идентификувал како клучни двигатели на клептократијата предводена од Путин.

Некои англиски медиуми вчера објавија дека Абрамович е избркан од Британија, а се бара да му биде одземен и Челзи.

„Верувам дека на сите им е јасно дека Абрамович повеќе не може да поседува фудбалски клуб во оваа земја. Сигурен сум дека има основа да се замрзне неговиот имот и да се конфискува неговата куќа вредна 152 милиони фунти. За таквите луѓе нема место во Британија “, рече Чир Брајант, пратеник од Лабуристите во британскиот парламент и повика на Абрамович да му се одземе сопственоста на Челзи.

Абрамович со месеци не е виден на натпреварите на Челзи, а по нападот на Русија врз Украина доби трајна забрана за престој во Велика Британија. Рускиот олигарх тежок 8,4 милијарди фунти го повлече барањето за виза за инвеститори во таа земја во 2018 година, по што дојде со израелски пасош.

Британските медиуми побараа коментар од кабинетот на премиерот Борис Џонсон, но им било кажано дека канцеларијата нема да коментира поединечни случаи врз основа на сè уште непроверени документи. Британскиот премиер подоцна најави санкции против Русија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По размена на информации од македонската полиција, во Франција запленети 68 килограми кокаин

Заплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција.

По размена на информации од македонската полиција, во Франција запленети 68 килограми кокаин

Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка и навремената размена на оперативни информации од страна на Бирото за јавна безбедност при МВР, на територијата на Франција, на наплатната станица Фонтен, запленети се 68 килограми кокаин, пронајдени во товарно моторно возило управувано од македонскиот државјанин М.Ф. (44).

Заплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција, односно Единицата за недозволена трговија со дрога, кои преку Секторот за меѓународна полициска соработка и Европол биле доставени до надлежните француски органи.

Ова е втора успешна меѓународна акција во период од еден месец, по претходната соработка со грчката полиција, која резултираше со заплена на 324 килограми марихуана.

Овие резултати ја потврдуваат ефикасноста на меѓународната полициска соработка и континуираната посветеност на МВР во борбата против организираниот криминал и недозволената трговија со дрога.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Актери во Белград ја прекинаа претставата по победата на студентите: „Луѓе, готово е!“

Синоќа, изведбата на претставата „Ода на радоста“ во белградскиот театар „Ателје 212“ беше прекината откако актерите дознаа за победата на студентската листа на парламентарните избори во Србија. 

Актери во Белград ја прекинаа претставата по победата на студентите: „Луѓе, готово е!“

Од сцената одекна извикот: „Луѓе, готово е!“, по што и актерите и публиката започнаа со славење.

Актерка сподели снимка од прославата

Актерката Тамара Драгичевиќ на Инстаграм сподели снимка од тој момент.

„А ова е моментот за време на претставата кога дознавме дека победивме – едвај стоевме на нозе“, напиша таа покрај видеото.

Таа додаде дека актерите требало да ја одиграат претставата таа вечер, но настанот се претворил во голема прослава. Драгичевиќ исто така укажа на симболиката на насловот на претставата, „Ода на радоста“, кој таа вечер доби посебно значење.

Вучиќ го призна поразот

За потсетување, студентската листа „Студентите победуваат“ извојува победа на вонредните парламентарни избори во Србија, освојувајќи 52,54 отсто од гласовите, додека листата „Обединета Србија“ на Александар Вучиќ доби 39,29 отсто.

Во своето обраќање до јавноста, Вучиќ го призна поразот. За загубата ги обвини медиумите и „американската длабока држава“. По признавањето на поразот, граѓани ширум Србија излегоа на улиците за да слават до доцна во ноќта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите

Заостануваше со над 2 милиони гласови во првиот, победи со предност од 4,5 милиони во вториот круг, Луис Инасио Лула да Силва со историски пресрврт на претседателските избори во Бразил дојде до вториот последователен мандат. 

Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите

Кандидатот на левичарската работничка партија, победата, во која освои 51,79% од гласовите ја оцени како пораз на лагите и одбрана на демократијата. Противкандидатот од десничарската конзервативна партија Флавио Болсонаро, кој освои 48% од гласовите, одби да признае пораз и најави дека ќе бара поништување на резултатите, повикувајќи се на одлуката од Врховниот суд со која времето на за гласање беше продолжено за два часа. Лула Да Силва по резултатот на овие избори освои, четврти, историски мандат, односно втор последователен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер