Ванеса, роднината на 7 месечната Занива, го извадила бебето надвор од прозорецот и цврсто го држела додека да пристигнат пожарникарите.
Пожарот кој избил во зградата во Бронкс во понеделникот го зафатил целиот стан.
- Единственото место до кое можев да дојдам е прозорецот. Го извадив бебето да може да дише.
Преплашена, Ванеса гласно барала помош: ве молам фатете го бебето, не сакам да умре!
За среќа пожарникарите кои бргу дошле, ја охрабриле да издржи, да го додржи бебенцето за раче додека да качат скали до него.
Драматичната фотографија ја направила сосетката Маја Такер, во ризичните моменти додека Ваенса грчевито го држи бебето за рака, а тоа виси надвор од прозорецот на петтиот кат.
Ванеса е херој бидејќи со овој ризичен потег успеала да и го спаси животот на Занива.
- Не можам да замислам што се и поминувало низ глава на Ванеса во тие моменти - вели еден од пожарникарите.
Трагедијата ја преживеале и бебето, и нејзината две годишна сестричка и мајка и. Спасена е и Ванеса.
Таткото на Занива се спасил скокајќи низ прозорец, но тој има најголеми повреди./ извор: nydailynews.com