Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЕвропаДрама во Средоземното Море: Руски танкер секој момент ќе експлодира, се заканува катастрофа Оштетениот руски танкер натоварен со течен природен гас (LNG) „Арктик Метагаз“, кој веќе две недели плови неконтролирано во централниот Медитеран без екипаж, претставува сериозен ризик од експлозија и голема еколошка катастрофа.Оштетениот руски танкер натоварен со течен природен гас (LNG) „Арктик Метагаз“, кој веќе две недели плови неконтролирано во централниот Медитеран без екипаж, претставува сериозен ризик од експлозија и голема еколошка катастрофа, предупредија италијанските власти. Секретарот на италијанскиот Министерски совет, Алфредо Мантовано, истакна дека бродот носи значителни количини на LNG, како и околу 450 тони мазут и 250 тони дизел, што дополнително ја зголемува опасноста. Тој предупреди дека постои „огромен ризик“ и дека танкерот може да „експлодира во секој момент“, пренесува Би-Би-Си. Танкерот моментално се наоѓа јужно од островот Лампедуза, на околу 45 наутички милји (83 километри) од италијанските територијални води, но во близина на зоната за пребарување и спасување што ја покрива Либија. Италија и Малта ги следат неговите движења, додека во моментов нема информации за обиди за стабилизирање или отстранување на бродот. „Арктика Метагаз“ исплови од руското пристаниште Мурманск во февруари и е дел од таканаречената „флота во сенка“ што Русија ја користи за транспорт на енергија и покрај западните санкции. Пред две недели, бродот беше тешко оштетен во серија експлозии и пожари, а екипажот беше пронајден и спасен од либиската крајбрежна стража. Либиските пристанишни власти првично изјавија дека танкерот потонал, но оттогаш плови без екипаж и претставува опасност. Москва ја обвини Украина за напад врз танкерот, тврдејќи дека биле користени поморски дронови, но Киев не коментираше за овие обвинувања. Еколошките групи, вклучувајќи го и Светскиот фонд за природа (WWF), предупредија дека евентуалното истекување на гориво или експлозија може да предизвика долгорочно загадување во област од исклучително значење за биодиверзитетот на Средоземното Море. Европските земји повикаа на итен координиран одговор за да се спречи потенцијална катастрофа. Италија, Франција и седум други земји писмено до Европската комисија (ЕК) велејќи дека рускиот танкер за течен природен гас што моментално плови во Медитеранот претставува закана за животната средина и повикаа на брза акција по ова прашање. Во писмото, кое го виде Ројтерс, се вели дека рускиот танкер претставува непосреден и сериозен ризик од голема еколошка катастрофа во средината на поморскиот простор на Европската Унија. Во декември, украинската разузнавачка служба SBU соопшти дека оштетила три брода во Црното Море за две недели, вклучувајќи го и Дашан, за кој рече дека претрпел „критична штета“. Нешто повеќе од една недела подоцна, танкерот за нафта Квендил беше погоден во Средоземното Море. Украина ги смета „танкерите во сенка“ за легитимни цели: тие рутински пловат со своите транспондери исклучени за да ги избегнат западните санкции, а парите што Москва ги заработува од нафтата и гасот помагаат во финансирањето на нејзината тековна војна во Украина.Тагови: Средоземно Море Танкери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
ТехнологијаПоранешен истражувач алармираше дека вештачката интелигенција е закана за човештвотоШефовите на водечките компании за вештачка интелигенција сè погласно предупредуваат на ризиците од трката во развојот на сè помоќни AI системи. Дел од нив отворено повикуваат на поголема претпазливост и безбедносни механизми, додека политичари и експерти бараат и построга регулација. Дарио Амодеи, извршниот директор на Anthropic, директно повикува да се забави темпото на развојот. -Мојата прва загриженост е што, од приближно летово, вештачката интелигенција напредува драматично побрзо, пред сè поради сè поголемата способност на AI да ја гради следната генерација на AI. Ако не се контролира, овој процес би можел да ја надмине нашата способност да ги разбереме и контролираме овие системи. Затоа, со него мора да се постапува исклучително внимателно — доколку воопшто продолжи. На ризиците од брзиот развој претходно предупредуваа и други влијателни имиња од технолошкиот сектор, меѓу нив и Сем Алтман, извршниот директор на OpenAI, како и Илон Маск, кој со години предупредува дека напредната вештачка интелигенција може да носи сериозни ризици доколку не биде соодветно контролирана. Предупредувањата не доаѓаат само од технолошкиот сектор. Американскиот сенатор Берни Сандерс бара уште порадикален чекор – пауза во развојот на напредната вештачка интелигенција, додека не се воспостават јасни безбедносни правила. -Ако лидерите на големите АИ компании признаваат дека губат контрола над нивната екстремно оасна технологија, според мене е неодговорно за општеството да им дозволи да продолжат д аги прават овие продукти дури многу понапредни и многу поопасни. Неопходно е да се стави на „пауза“ овој напреден развој и трајна забрана на супер-разузнавањето и вештачките умови попаметни од секој човек способен да работи независно надвор од нашата контрола. – Берни Сандерс Поранешниот американски претседател Барак Обама повикува на јавна регулација и надзор, за AI да не биде во корист само на неколку богати корпорации, туку на луѓето пошироко. -Важно е да постои јавна регулација која ќе го насочува развојот на оваа технологија, за таа да не им користи само на неколку богати корпорации, туку на луѓето пошироко. Тоа ќе помогне и да се спречат негативните последици од вештачката интелигенција, како дезинформациите и дипфејк-содржините. - Барак Обама – Поранешен претседател на САД Во меѓувреме, трката продолжува. OpenAI, Anthropic, Google и другите технолошки гиганти инвестираат милијарди во развој на нови и помоќни модели, додека истовремено расте притисокот врз владите да воспостават правила за нивна безбедна употреба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче дебело профитираа за време на кризитеДенес Владата на ВМРО ДПМНЕ е со конкретни мерки за горивата и заштита на стандардот на граѓаните.Кога СДС нема што да понуди им останува само политичката критика но веќе им е познато на граѓаните дека на СДС се им смета па дури и конкретни мерки за заштита на стандардот како мерките кои ги превзема Владата на ВМРО ДПМНЕ за горивата. СДС 7 години го крадеа народот, ја распродаваа и омаловажуваа државата и ги понижуваа граѓаните. СДС и Филипче во време на криза профитираа за денес да се луксузираат на јахтите со Заев по Егејот. За разлика од СДС и ДУИ денес нема фудбалчиња по канцелаарии, нема банди по улиците, нема марихуана економија, нема распродавање на државните интереси. Денес Владата се грижи за животниот стандард на граѓаните и превзема конкретни мерки. Во однос на горивата мерки веќе има, намелени акцизи, и ќе се донесат и нови мерки со што наместо зголемување ќе има намалување на цената на горивото. Владата на ВМРО ДПМНЕ продолжува да го штити стандардот на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
МакедонијаСавески: Повлекувањето на сексуалното образование не значи намалување на последицитеНевладината организација „Хера“ објаснува дека не треба да се избрзува со повлекувањето на предметот секуслано образование, бидејќи тоа е повеќе од важно во ера кога младите избираат да учат од интернет каде има многу непроверни инфомрации. Претседателот на Хера Велимир Савески објаснува дека се подготвени за разговри и со преставници од црквата и министерството за образовние за важноста на едукацијата кај младите, по примерот на речиси сите развиени земји. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook