Драма во Србија: Жителите на Гуча добиле СМС пораки за евакуација, неколку затруени од истекување на амонијак - Канал 5

Драма во Србија: Жителите на Гуча добиле СМС пораки за евакуација, неколку затруени од истекување на амонијак

Ноќеска во Гуча се случи инцидент во кој амонијак истече од камион-ладилник. Неколку лица се повредени.

Драма во Србија: Жителите на Гуча добиле СМС пораки за евакуација, неколку затруени од истекување на амонијак

Граѓаните добија итни СМС-пораки на своите мобилни телефони со предупредување, по што следеше брз одговор од надлежните служби, објави Телеграф.

Екипата на Телеграф разговараше со Милосав, кој живее во близина. Тој бил буден ноќеска кога, според него, се слушнал шуштење, како да пукнала цевка. Како што рече, излегол на улица да види што се случува и видел густ бел облак од чад над фабриката.

Се чувствувал лошо поради амонијакот, па се вратил во куќата, го собрал семејството, ги повикал соседите и сите се тргнале од улицата и отишле на блиската бензинска пумпа која се наоѓала на рид каде што воздухот не бил загаден.

Излевањето на амонијакот се случило околу 1 часот по полноќ, а тие биле на пумпата неколку часа. Околу 3:30 часот се вратиле во своите домови.

Причината за враќањето била тоа што еден сосед во брзањето го заборавил своето куче, па се вратиле по миленичето. Кучето било пронајдено живо и здраво.

Според него, работниците во компанијата каде што се случил инцидентот биле повредени.

Милосав ја опишал сцената „како бомба да експлодирала на Блискиот Исток“. Тој истакнал дека сè уште се чувствува непријатно поради изложеност на амонијак, а како што кажал, има тешкотии со дишењето.

Единственото нешто што може да помогне во оваа ситуација е да натопи крпа и да ја стави преку устата.

Што се однесува до самата фабрика, Милосав за Телеграф изјавил дека таа била затворена долго време и дека минатата година била во сопственост на човек од Прокупље, кој е непознат за мештаните. Фабриката била повторно пуштена во работа пред 10 дена, а пред пет дена била наполнета со амонијак.

Извор од Телеграф потсетил дека сличен инцидент се случил во 2008 година, но бил многу помал по обем од оној од ноќеска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Врховниот верски лидер на Иран Моџтаба Хамнеи е наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба

Според порталот Iranwire, повикувајќи се на два извори блиски до администрацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, се наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба.

Врховниот верски лидер на Иран Моџтаба Хамнеи е наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба

Според порталот Iranwire, повикувајќи се на два извори блиски до администрацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, се наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба и неговиот живот е доведен во прашање.

Изворите тврдат дека Хамнеи не се сретнал со ниту еден член на владата по нападот на сад врз комплексот на врховниот лидер и убиството на неговиот татко и други членови на семејството на 28 февруари.во највисоките кругови на иранскиот режим, се шират гласини дека состојбата на Хамнеи е сериозна и дека може да дојде до најлошо сценарио во секој момент.дополнителен повод за шпекулации е фактот што откако го презеде лидерството, Моџтаба Хамнеи не се појавил во јавноста ниту одржал официјално обраќање.

Досега биле објавени само неколку пораки што официјалните медиуми му ги припишуваат немузасега нема официјална потврда од иранските власти за овие наводи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Реконструкција на урбаната опрема во Нерези

Општина Карпош продолжува со реализација на активности за реконструкција и унапредување на урбаната  опрема  на детските игралиште и на јавните простори на своја територија.

О. Карпош: Реконструкција  на урбаната опрема во Нерези

Во изминатиот период се работеше во УЗ Нерези, каде што е целосно обновена урбаната опрема на детското игралиште. Притоа реконструирани се детските реквизити, поставен е нов песок, со што ова детско катче доби нов, модерен лик. Исто така, во рамките на овој спортско-рекреативен комплекс, се заменија и дотраените даски на летниковецот.

Општина Карпош и во наредниот период продолжува со интензивна динамика да инвестира во реконструкција и модернизација на детските игралишта и урбаната опрема, со цел создавање поквалитетни и побезбедни услови за своите граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уставен суд за првпат пријави судија за непочитување на судска одлука

Уставниот суд за прв пат го активираше новиот механизам за заштита на сопствените одлуки, откако судија во Основниот граѓански суд Скопје не ја извршил нивната одлука за повторување на постапката за предметот на новинарката Наташа Стојановска.

Уставен суд за првпат пријави судија за непочитување на судска одлука

Судијата, повикувајќи се на Законот за парнична постапка, навел дека Одлука на Уставниот суд не може да биде основ за повторување на постапката како нов факт или доказ. Додека пак, претседателот на Уставниот суд – Дарко Костадиновски, за Канал 5 вели дека според уставно утврдените правни карактеристики, одлуките на Уставниот суд имаат дејство на конечност, извршност и општа задолжителност и не се предмет на интерпретација.

-Станува збор за историска одлука на Уставниот суд и прва од ваков вид во 63 години уставно судство во Македонија. Целта и смислата на овој механизам и на одлуката на Уставниот суд во конкретниов случај, е да покаже одлучност дека се грижи за извршувањето на своите одлуки и да испрати порака до сите субјекти дека неговите одлуки мора да се почитуваат и извршуваат и дека во тоа се состои суштината на уставното судство. Доколку било кој не ги почитува и не ги извршува одлуките на Уставниот суд, но и доколку тоа се игнорира и не се утврдува од самиот Уставен суд или од било кој надлежен орган, се губи смислата на постоењето на уставното судство. Сметам дека конкретната одлука води кон поголема уставна дисциплина,- -Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд.

Костадиновски дополнува дека согласно новиот механизам воведен пред три години, сега Уставниот суд ќе подготви извештај за судијата кој не ја извршил нивната одлука и за истото веќе го известил Јавниот обвинител и Судскиот совет.

-Уставниот суд и по службена должност и по пријава од лице кое има правен интерес испитува дали неговите одлуки се извршуваат. Доколку утврди дека негова одлука не е извршена, подготвува посебен извештај и доколку утврди неизвршување за истото го известува јавниот обвинител и органот кој го избрал или именувал лицето кое не ја извршило одлуката на Уставниот суд,- -Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд .

Предметот по кој Уставниот суд одлучуваше и утврди повреда на слободата на јавно изразување на новинарката Наташа Стојановска сторена со една пресуда од Основниот граѓански суд и уште една од Апелација, се однесува на настаните во Собранието од 27 април каде таа, присутна како акредитиран новинар, била изложена на закани без притоа да и е обезбедена соодветна заштита. Адвокатот на Стојановска – Филип Медарски, ја оценува оваа одлука на Уставниот суд како исклучително важна.

-За разлика од претходниот Деловник кој упатуваше исклучиво на следење на извршувањето на одлуките, со новиот Акт Уставниот суд добива проактивна улога и има можност формално да реагира доколку неговата одлука не е извршена. Со ова се зајакнува нивната позиција во однос на непосредната уставно-судска заштита на правата од член 110 алинеја 3 од Уставот,- -Филип Медарски, адвокат.

Од Уставниот суд напоменуваат дека конечноста и извршноста на нивните одлуки се заштитени и со кривично-правни санкции во случај кога не се извршуваат. Сепак, последниот збор за тоа дали судијата од Основниот граѓански суд ќе добие евентуална санкција, го имаат Судскиот совет и Јавното обвинителство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер