3„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“
Црна хроникаДрама во Шпанија: Полјаци убија двајца Германци, третиот се бори за живот Вистинска драма се одвивала во шпанскиот град Елче, каде што полицијата ја држи под опсада куќата каде што двајца Полјаци, осомничени за бруталното убиство на двајца германски државјани, се забарикадирале.Третиот Германец се бори за живот во болница по бруталното тепање што се случи вчера вечерта, пишува Euronews. Ужасно откритие по дојава од сосед Шпанските власти денес потврдија дека двајца германски државјани починале, додека третиот е во критична состојба во Општата болница Елче. Инцидентот се случил во населбата Ла Марина, во близина на плажата Ел Пинет. Клучен бил повикот на сосед кој вчера околу 18 часот ја известил полицијата откако бил сведок на обид за товарење на две тела во багажникот на автомобил на патот Ками дел Молар. Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, затекнала ужасна глетка: две безживотни тела со тешки повреди од тепањето и трета жртва во критична состојба. Според првичните извештаи, жртвите биле нападнати во голема резиденција, каде што биле тепани со стапови и тапи предмети во она што полицијата го опиша како „екстремно насилен“ напад. Потоа телата биле извлечени надвор од имотот, каде што ги забележал еден сосед. Полициска опсада и истрага Недолго по откривањето, двајца осомничени полски државјани се забарикадирале во блиска куќа во оддалечен дел од населбата Ла Марина. Припадници на Цивилната гарда веднаш ја опколиле куќата и до утрово немало апсења. На терен била испратена специјална единица на Цивилната гарда за операции со висок ризик, која го одржува безбедносниот прстен. Властите објавија дека нема индикации дека осомничените биле вооружени, ниту дека држеле заложници. Иако истрагата е сè уште во тек за да се утврди мотивот, Цивилната гарда ја исклучила можноста дека станува збор за професионално или нарачано убиство врз основа на природата на нападот. Телата на починатите биле транспортирани во форензичкиот институт, каде што денес ќе се изврши обдукција. Локалните медиуми известуваат, повикувајќи се на извори, дека на местото на настанот е пронајдена и повредена жена која е транспортирана на лекување под полициски надзор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАларм во Британија: Двајца Иранци обвинети за заговор за тероризамБританската полиција соопшти дека двајца ирански државјани се обвинети за подготовка на терористички напад врз еврејска заедница во северна Англија пред Јом Кипур.Рахман Салехи, 35-годишен, и Салам Ахмадџан, 36-годишен, се обвинети за подготовка за извршување терористички чин или помагање на друго лице да изврши терористички чин на или пред 20 септември 2026 година, соопштија полицијата и обвинителите, објави Ројтерс. Британските детективи за борба против тероризмот изјавија дека двајцата мажи се осомничени дека биле во контакт со трето лице од странство, потенцијално во Иран, во врска со заговорот. Вики Еванс, виш национален координатор за борба против тероризмот, изјави во соопштение дека станува збор за „исклучително сериозни обвинувања“. Истрагата за наводниот заговор е во тек. Извор: Б92Тагови: Британија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗНАМ: Две години работа, две години резултатиОтчет на Злате Мехмедовиќ, Дитектор на ЈЗУ Универзитетска Клиника за физикална медицина и рехабилитацијаЕдна љубов – Македонија Движењето ЗНАМ – За наша Македонија продолжува со институционалниот отчет на своите избрани и именувани функционери, затоа што за нас јавната функција не е привилегија, туку обврска да се работи и да се испорачуваат резултати. Отчетот на директорот на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација, Злате Мехмедовиќ, покажува дека и институција со сериозно наталожени проблеми може да се трансформира кога има одговорно раководење, јасна визија и политичка поддршка. Во изминатите две години Клиниката е значително модернизирана. Реконструирани се амбулантите и повеќе кабинети, воведена е ехо-дијагностика, повторно е ставен во функција кабинетот за лимфна дренажа, а посебен фокус е ставен на развојот на роботската рехабилитација за возрасни и деца. Во нова медицинска и роботска опрема се инвестирани околу 700.000 евра, а обезбеден е и нов инвестиционен циклус од дополнителни 450.000 евра за современа опрема и натамошен развој на роботскиот кабинет. Особено важен доказ дека јавната здравствена институција мора да биде подготвена да реагира кога е најпотребно беше трагедијата во Кочани, по која Клиниката презеде значаен дел од рехабилитацијата на повредените преку организиран мултидисциплинарен пристап. Работата не се однесува само на медицинските услуги. Решен е и долгогодишниот проблем со употребата на мазут, со што е намалено загадувањето во центарот на Скопје. Најголемата трансформација допрва следува. Со поддршка од Светска банка е обезбеден грант од 1,5 милиони евра за целосна реконструкција и енергетска трансформација на Клиниката, вклучително и енергетска санација, нова фасада, замена на прозорците, топлотни пумпи и напуштање на фосилните горива. Ова е разликата меѓу политика на зборови и политика на резултати. ЗНАМ не влезе во Владата за да биде нем набљудувач на состојбите, ниту само коректор на туѓите политики. Нашата цел беше програмата на ЗНАМ да стане дел од владините политики и да се реализира преку институциите. Денес, овие резултати покажуваат дека таа политика може да се претвори во конкретна промена. Не велиме дека сите проблеми се решени. Велиме дека проблемите се преземаат, се решаваат и зад резултатите се застанува со име и презиме. За ЗНАМ, јавната функција значи одговорност. Политиката значи работа. А отчетот значи да се покаже што е направено. Две години работа. Две години резултати. Една обврска – отчет пред граѓаните. Една љубов – Македонија.Тагови: ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Култура„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“Вечерва, 3 октомври, со почеток во 20 часот, во кафе „Тигре“ во Битола ќе се одржи уметничкиот настан „Одраз“, на кој за првпат пред македонската публика ќе бидат претставени сликарски дела на македонската скулпторка и сликарка Наташа Божарова.</Покрај сликарските дела, публиката ќе има можност да види и дел од скулптурите на Божарова, чиј скулпторски опус во најголем дел се наоѓа во Италија, додека дел од нејзините дела се наоѓаат во Македонија. „Одраз“ ќе биде надополнет со музички перформанс на битолчанецот Нико Ѓоргиевски, македонски тенор и вокал на рок-бендот „Мизар“. Ѓоргиевски ќе изведе интерпретации на дела од светската андерграунд музичка сцена кои влијаеле врз неговиот уметнички развој и музички израз. Настанот ги обединува сликарството, скулптурата и музиката преку творештвото и уметничките влијанија што го обликувале патот на Наташа Божарова и Нико Ѓоргиевски. „Одраз“ Вечерва, 3 октомври, во 20:00 часот Кафе „Тигре“, БитолаТагови: битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter