Драма во Призрен: Пијан татко со нож ја избодел 21- годишната ќерка - Канал 5

Драма во Призрен: Пијан татко со нож ја избодел 21- годишната ќерка

Синоќа во Призрен, Косово, уапсен е 44-годишен маж кој во алкохолизирана состојба со нож ја нападнал својата 21-годишна ќерка и ѝ нанел повреди опасни по живот.

Драма во Призрен: Пијан татко со нож ја избодел 21- годишната ќерка

Од Регионалниот полициски центар во Призрен потврдија дека А.Ш. (44) со нож ја нападнал ќерката Е.Ш. (21), нанесувајќи ѝ повреди на грбот, пренесува Телеграф.

Состојбата на повредената девојка е критична и лекарите се борат за нејзиниот живот во болницата во Призрен. Со оглед на тоа дека таткото бил пијан, по наредба на надлежен обвинител му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа.

Случајот е опишан како обид за убиство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски:Анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 август

Анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 август. 

Клековски:Анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 август

Ова во емисијата вести плус на Канал 5 го соопшти министерот за здравство Сашо Клековски додавајќи дека епидемиолошката состојба во градот постепено се стабилизира.

За регистрираните случаи со западнонилска треска годинава тој посочи дека најмногу се од скопскиот регион и од Велес, посочувајќи дека околу живеалиштата на заболените се спроведени вонредни прскања против комарци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во Белата куќа: Судир меѓу Трамп и Хегсет

Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет поради исцрпените залихи на клучна муниција, што ги ограничува воените опции на Вашингтон во конфликтот со Иран.

Хаос во Белата куќа: Судир меѓу Трамп и Хегсет

Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет поради исцрпените залихи на клучна муниција, што ги ограничува воените опции на Вашингтон во конфликтот со Иран, објави весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори запознаени со разговорот.

Според весникот, за време на состанокот на кабинетот, Трамп побарал објаснување од Хегсет бидејќи, како што навел, проблемот со залихите на муниција не бил решен, иако тој бил убеден дека е.

Извори тврдат дека недостигот е особено изразен кај наведуваните ракети со голем дострел и ракетите за противвоздушна одбрана, поради што Трамп во последните денови се откажал од нови големи воени напади врз Иран.

Според весникот, за време на разговорот, Хегсет ја префрлил одговорноста за состојбата со залихите на својот заменик Стивен Фајнберг, тврдејќи дека претседателот не бил целосно информиран за обемот на проблемот.

Весникот од Вашингтон наведува дека овој разговор дополнително укажал на растечкото незадоволство на Трамп од работата на министерот за одбрана, кој е еден од најгласните застапници за воена акција против Иран и кој, според неколку официјални лица, го уверувал претседателот дека конфликтот ќе биде краток и релативно лесен.

Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит, ги отфрли наводите на весникот, нарекувајќи ја приказната „целосно измислена“ и истакна дека Трамп има „целосна доверба“ во Хегсет.

Главниот портпарол на Пентагон, Шон Парнел, исто така ги негираше тврдењата дека Хегсет го довел претседателот во заблуда или ја префрлил вината врз својот заменик, нарекувајќи го извештајот неточен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и многу топло,температурата до 39 степени

Времето денеска според УХМР ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.

Сончево и многу топло,температурата до 39 степени

Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Во наредите денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40°C. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер