Драма во Хрватска: Маж фрлил молотов коктел, се полил со бензин и се заканува од куќата - Канал 5

Драма во Хрватска: Маж фрлил молотов коктел, се полил со бензин и се заканува од куќата

Вонредна состојба во селото Тординци, кај Винковци во Хрватска.

Драма во Хрватска: Маж фрлил молотов коктел, се полил со бензин и се заканува од куќата

Маж се скарал со соседите, им фрлил молотов коктел, се полил со бензин и се заклучил во својата куќа.

На местото на настанот има силно полициско присуство, вклучувајќи специјалци, пожарникари и служби за итни случаи.

„Во тек е полициска постапка“, накратко ни потврдија од полицијата на прашањето што се случува во Тординци, недалеку од Винковци, објави Индекс.

Мажот наводно се заканува со бомба од куќата.

Припадниците на специјалната полиција се во целосна готовност на терен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово во целосен прекин поради сообраќајна несреќа

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово  во целосен прекин поради сообраќајна несреќа

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Од 05:05 часот, сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – Куманово кај мв. Карчов е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Во периодот од 17.08.2026 до 01.10.2026 година, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип (кај наплатна станица Преод)“, ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни:

петок од 17:00 – 22:00 часот,

сабота од 09:00 до 18:00 часот и

недела од 09:00 до 22:00 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје (со важност до 01 септември) се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:

петок од 15:00 – 22:00 часот,

сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 07:00 до 22:00 часот.

Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока.

РАБОТИ НА ПАТ:

Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата.

Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности.

Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности.

Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт.

Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај.

На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна).

Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче решил модуларните болници да бидат поставени и покрај сите институционални пречки и неисполнети услови

​Модуларните болници за време на ковид кризата во земјава биле поставени спротивно на низа предупредувања и без исполнување на сите законски и технички услови.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче решил модуларните болници да бидат поставени и покрај сите институционални пречки и неисполнети услови

Поконкретно за модуларната болница во Тетово, каде во пожарот трагично загинаа 14 лица, тогашниот економски директор на болницата, Артан Етеми, до последен момент одбивал да ја прими и пушти во употреба болницата. Подоцна тој беше осуден на една и пол година затвор.

Катастарот одбивал да ги запише модуларните болници бидејќи биле набавени како стоки, а немало извештај од надзор согласно член 74 од Законот за градење. Светска банка, пак, барала одобренија за поставување и употреба на модуларните болници и извод од Катастарот како доказ дека проектот е одржлив.

Такви одобренија не можеле да бидат издадени ниту од општините, ниту од Министерството за транспорт и врски, бидејќи не била запазена процедурата и одредбите од Законот за градење.

Значи, сите институционални и стручни предупредувања биле тука. Сите се противеле, но Филипче сепак одлучил модуларните болници да бидат поставени.

За ова беше оформен предмет кој со години стоеше во фиока. А кога конечно дојде моментот за одговорност, предметот заврши со тоа што Филипче беше спасен од кривична одговорност.

Вака изгледаат инсталациите на СДС и ДУИ во судството и обвинителството. Во овој случај, тоа најдобро се гледа преку ликот на Ислам Абази, кој сега пред заминување си ја доработува задачата за која беше поставен во време на СДС и ДУИ и продолжува да им служи на Заев, Филипче и Ахмети до последно.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Со пари на народот го направија Скопскиот аеродром единствен негативен преседан во целиот регион

Владата на ВМРО-ДПМНЕ излажа дека ќе се бори против монополите и дека ќе се залага за пазарна диверзификација, а го направи токму спротивното. 

ЛДП: Со пари на народот го направија Скопскиот аеродром единствен негативен преседан во целиот регион

Со пари извадени директно од џебот на даночните обврзници, наместо да градат отворен пазар со долгорочни пониски цени на авиобилетите, тие финансираат тотален монопол во кој една унгарска приватна нискобуџетна компанија контролира над 60 проценти од пазарот.

Додека сведочиме за вистински егзодус на реномираните европски и традиционални превозници од Скопскиот аеродром, државните средства се користат за одржување на состојба во која граѓаните остануваат без вистински избор.

Ниту еден друг главен град или аеродром во регионот не би си дозволил да се доведе во ваква монополска опасност. Ниту Тирана, ниту Приштина, ниту Софија, Сараево, Подгорица, Љубљана или Сплит, а уште помалку развиените центри како Белград, Загреб, Солун, Атина или Букурешт го немаат препуштено својот авиосообраќај на еден странски нискобуџетски превозник.

Регионалните соодноси јасно ја покажуваат погубноста на оваа домашна политика: Приштина има и повеќе патници од Скопје и вистинска диверзификација каде што со паметни такси се привлечени над десет компании и ниту еден превозник нема повеќе од 28 проценти пазарен удел; Софија и Тирана преку силна конкуренција меѓу Визер (Wizz Air) и Рајанер (Ryanair) обезбедија реална ценовна војна и пад на цените на картите; додека Белград, Загреб, Атина, Солун, Букурешт и Љубљана го заштитија својот пазарен плурализам со комбинација од национални, мрежни и повеќе нискобуџетни авиокомпании.

Македонија е претворена во осамен остров и единствен негативен пример во соседството каде државата финансира пропаднат сообраќаен модел. Оваа пракса парите на граѓаните да завршуваат кај еден повластен монопол и тоа во Унгарија е исклучително опасна и мора веднаш да се спречи.

Секој монопол е штетен. Време е конечно да ја прекинеме оваа опасна игра на Владата задскриена за манипулативни ПР-соопштенија и преку итна и вистинска диверзификација да обезбедиме реална пазарна конкуренција, пониски цени и квалитет во авионскиот превоз во Македонија.

Со почит,

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер