Драма во Хрватска: Голема група луѓе е заглавена во реката Сава, можеби има и загинати (ФОТО) - Канал 5

Драма во Хрватска: Голема група луѓе е заглавена во реката Сава, можеби има и загинати (ФОТО)

На реката Сава помеѓу Штитар и Бабина Греда од ноќеска започна голема спасувачка операција откако полицијата добила дојава дека неколку лица се во водата.

Драма во Хрватска: Голема група луѓе е заглавена во реката Сава, можеби има и загинати (ФОТО)

Повикот е примен во 1:42 часот наутро, соопшти Полициската управа Вуковар-Срем, пренесе Индекс.

Реонот каде што се одвива спасувачката операција е поплавен и тешко се поминува. Министерот Давор Божиновиќ вели дека станува збор за мочуришно подрачје на реката Сава.

Црвениот крст објави фотографии

На терен е и седумчлениот тим на Црвениот крст на Жупања, кој веднаш по пристигнувањето на жртвите спроведува тријажа и им дава прва помош за полесни повреди, соопшти Црвен крст на Хрватска.

„Тимот е целосно опремен и подготвен за итна медицинска помош. Обезбедени се ќебиња, сува облека, храна, сендвичи и топли пијалоци со цел да се ублажат последиците од изложеноста на студ и стрес за жртвите. Посебно внимание се посветува на лицата со повреди и знаци на хипотермија.

Во согласност со проценката на ситуацијата, повредените лица ќе бидат згрижени и транспортирани во болница, со континуирана поддршка од тимовите на Црвениот крст“, се вели во статусот.

Црвениот крст продолжува да го следи развојот на ситуацијата и останува достапен за понатамошни дејствија и помош на жртвите, се наведува.

„Најверојатно станува збор за мигранти“

На прашањето дали станува збор за мигранти, министерот Божиновиќ рече дека ова е најверојатното сценарио.

„За жал, ова се ситуации со кои се справуваме со години. Мигрантите умираат кога нелегално ја преминуваат границата. Минатата година беа регистрирани 14 смртни случаи, а оваа година веќе имаше два случаи на давење“, рече тој.

Според него, околу стотина припадници на разни служби моментално се ангажирани на терен, додека се проценува дека има неколку десетици луѓе кои се заглавени во недостапна област. „Сите се максимално ангажирани. Се надеваме дека акцијата ќе заврши што е можно поскоро и дека ќе има што е можно помалку жртви“, рече Божиновиќ во емисијата на Хрватското радио.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најсекси хокеарката во светот заведе познат спортист

 Според „Us Weekly“, кој се повикува на добро упатени извори, нивната врска е нова, а наводно и двајцата се многу среќни.

Најсекси хокеарката во светот заведе познат спортист

Ѕвездата на голфот Брајсон Дешамбо и манекенката Микајла Демајтер – која некои медиуми ја нарекуваат „најсекси хокеарка во светот“ – наводно се во врска.

Според „Us Weekly“, кој се повикува на добро упатени извори, нивната врска е нова и наводно и двајцата се многу среќни.

Шпекулациите за нивната романса се интензивираа откако Микајла беше забележана на турнир во голф од серијата „LIV Golf“ во Њујорк.

Таа имаше пропусница за гости и носеше качкет на „Crushers GC“ – тимот што го предводи ДеШамбо. Сомнежите дополнително се поттикнаа кога поранешната хокејарка објави фотографија пред полица полна со патики и качкети, што ги наведе некои од следбениците да заклучат дека таа се наоѓа во домот на голферот.

Набргу потоа, таа објави фотографија од терен за голф покрај море на својата „Инстаграм стори“ (Instagram Story), со што дополнително ги подгреа гласините.

Сепак, ДеШамбо (32) и Демаитер (26) сè уште јавно не потврдиле дека се во врска. Според истиот извор, „и двајцата се прилично повлечени кога станува збор за врски“.

Микајла Демајтер се здоби со огромна популарност на социјалните мрежи, а медиумите ја нарекоа „најсекси хокеарка во светот“. Таа беше голманка на тимот „Блувотер Хокс“ во канадска јуниорска лига, но беше принудена да ја заврши својата хокеарска кариера на 19-годишна возраст поради повреда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пратеничката Славјанка Петровска учествува на Националниот молитвен појадок на Украина во Киев

Пратеничката во Собранието на Република Македонија, Славјанка Петровска, учествува на Националниот молитвен појадок на Украина, кој се одржува 23 август 2026 година  во Киев.

Пратеничката Славјанка Петровска учествува на Националниот молитвен појадок на Украина во Киев

Националниот молитвен појадок претставува значаен духовен и дипломатски настан кој ги обединува политичките, верските, граѓанските и меѓународните лидери околу напорите за мир, единство, правда и иднината на Украина. На настанот присуствуваат високи украински претставници, меѓународни партнери, пратеници, верски лидери, припадници на вооружените сили, семејства на загинатите борци, хуманитарни и добротворни организации, како и младински лидери. Националниот молитвен појадок на Украина се одржува под покровителство на Претседателот на Украина и ja продолжува традиција започната во Соединетите Американски Држави во 1953 година. Годинешното издание на Молитвениот појадок има посебно историско значење, бидејќи се совпаѓа со одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина.

Во рамките на состанокот, пратеничката Славјанка Петровска оствари средба со Игор Жовква, заменик шеф на Кабинетот на Претседателот на Украина. На средбата, Петровска ја потврди силната и недвосмислена поддршка на Република Македонија за Украина и ја реафирмираше посветеноста кон напорите насочени за постигнување праведен и траен мир. Во оваа прилика, на пратеничката Славјанка Петровска и’ беше врачен орденот “Принцеза Олга”, прв степен, што на 4 септември 2023 година и’ го додели Претседателот на Украина, за нејзиниот личен придонес во зајакнувањето на одбранбените способности на Украина.

Учество на Петровска на Националниот молитвен појадок на Украина претставува израз на солидарноста и поддршката од Република Македонија кон украинскиот народ и укранските институции, во време кога земјата продолжува да го брани својот суверенитет, независност и територијален интегритет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превозниците најавија протест пред Делегацијата на ЕУ во Скопје на 31 август

Превозниците најавија протест пред Делегацијата на ЕУ во Скопје на 31 август

Македонските превозници на 31 август најавуваат протест поради проблемот со ограничувањето на престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната на 90 дена во рамките на 180 дена.

Од асоцијацијата „Макам-Транс“ информираат дека одлуката за двочасовен протест следниот понеделник била донесена пред неколку дена.

Простестот според најавите ќе биде пред седиштето на делегацијата на ЕУ во земјава, со минимум 20 возила, како и присуство на сошственици на компании, возачи и други врбаотени од сите градови низ државата, велат од асоцијацијата и додаваат дека ваков протест во иститот временски преиод од 12 до 14 часот ќе има и во Србија, Црна Гора и Босна и истите ќе се одржат ден пред состанок во Брисел на кои работна група ќе разговара за ова прашање.

Доколку на состанокот не се донесе преодно решение за престој на возачите во шенген зоната, предложено е да се одржи протест на граничните премини на секоја држава поодделно со почеток на 14 септември.... За овој вид на протест потребно е согласност од превозниците на секоја држава, но и добивање на одобрение од надлежните органи, особено што се планира ист протест како и во јануари оваа година, кој може да трае подолго и од 10 дена, се вели во соопштението на макам трнас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер