Јанчев: Се е подготвено за Тиквешки гроздобер 2026, Кавадарци ќе биде домаќин на три големи музички вечери
2Јанчев: Се е подготвено за Тиквешки гроздобер 2026, Кавадарци ќе биде домаќин на три големи музички вечери
СветДрама во Германија: Работник со нож убил колешка и тешко повредил уште двајца Во мирниот град Мелрихштат во Долна Франконија, на работно место се случил ужасен инцидент.21-годишен вработен во Überlandwerk Rhön ја убил својата 59-годишма колешка и тешко повредил уште двајца вработени, на возраст од 55 и 62 години, пишува Feniks. Полицијата известила дека оружјето на нападот било „остар предмет“, односно нож, а сторителот бил уапсен на лице место. ❗ Aktueller Einsatz ❗ Aktuell kommt es in Mellrichstadt zu einem Polizeieinsatz. Die Kolleginnen und Kollegen, sowie der Rettungsdienst sind mit einem Großaufgebot vor Ort. Der Tatverdächtige befindet sich bereits in Polizeigewahrsam. Für Außenstehende besteht keine Gefahr. pic.twitter.com/0JbynYy5Ak — Polizei Unterfranken (@PolizeiUFR) July 1, 2025 Полициски извештај и напредок на истрагата Според официјалните информации од полициската станица Унтерфранкен, сите три жртви биле вработени во истата компанија. Полицијата првично известила за четири тешко повредени лица, но подоцна потврдила дека едно лице починало. „59-годишна жена починала по нападот во компанијата, додека уште две лица биле тешко повредени“, се вели во полициското соопштение. Полициските службеници брзо интервенирале и го уапсиле 21-годишниот сторител, кој исто така бил вработен во таа компанија. Позадина на инцидентот и реакции на медиумите Германските медиуми објавија дека осомничениот, Јанек З., бил практикант во компанијата „Уберландверк Рен“. Иако полицијата не даде детали за мотивот, целата заедница во Мелрихштат е шокирана од насилниот инцидент. Службите за итни случаи, вклучувајќи ја полицијата и медицинските екипи, веднаш реагираа на местото на настанот, но трагичниот исход не можел да се избегне.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00
ЕвропаЛукашенко им честита на Украинците за Денот на независноста: „Ви посакувам мир и среќа “Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, му го честиташе Денот на независноста на украинскиот народ по повод 35-годишнината од овој настан, соопшти прес-службата на белорускиот претседател. „Историските судбини на белорускиот и украинскиот народ се тесно испреплетени. Нашите нации се поврзани со вековни традиции и со сеќавањето на заедничките победи и тешките искушенија“, се вели во честитката. Лукашенко изрази уверување дека, и покрај геополитичките превирања, идните генерации Белоруси и Украинци ќе ги зачуваат своите вековни врски на пријателство и сродство, како и дека Минск и Киев ќе ја обноват заемно корисната соработка заснована на принципите на доверба, почит и рамноправност. „Гостопримлива Белорусија е секогаш отворена за секој Украинец што доаѓа со добри намери“, нагласи Александар Лукашенко. Тој им посака на сите граѓани на Украина „здравје и просперитет“, а на земјата – „мир и среќа“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Се е подготвено за Тиквешки гроздобер 2026, Кавадарци ќе биде домаќин на три големи музички вечериНа 4, 5 и 6 септември, Кавадарци ќе биде домаќин на три големи музички вечери, во рамки на најголемата гроздоберска прослава во Тиквешијата [🍷].МУЗИЧКАТА ПРОГРАМА НА ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР 2026 [🎶] На 4, 5 и 6 септември, Кавадарци ќе биде домаќин на три големи музички вечери, во рамки на најголемата гроздоберска прослава во Тиквешијата [🍷] Внимателно подготвена музичка програма, врвни изведувачи и атмосфера која ја претвора традицијата во незаборавно доживување. [📅] 4 • 5 • 6 СЕПТЕМВРИ [📍] КАВАДАРЦИ [🍇] ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР 2026 Тиквешијата слави. Кавадарци ве очекува! [🎤] [🍷], стои во објавата на Фејсбук на градоначалникот на Кавадарци, Митко јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Венко е сосема одлепен од реалноста, она што му го диктира Заев тоа и го повторуваВенко е сосема одлепен од реалноста, она што му го диктира Заев тоа и го повторува, во однос на изборите јасен му е епилогот, затоа и бега од соочување со граѓаните. РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ Филипче на денешната прес-конференција, ги повтори трите постулати на СДС, а тие се ширење на лаги, манипулации и дезинформации. Впрочем, тоа го прави на секое негово појавување во јавноста. Очигледно е дека Филипче нема допир со реалноста, а тоа е поради неговата дружба со аболицираниот криминалец Заев, на неговата милионска јахта во Грција, кој му диктира што да кажува пред медиумите и му ја создава перцепцијата, а Филипче како негов следбеник, истото го повторува. Тука можеме директно да му порачаме дека јасен демант за неговите лаги се официјалните статистики кои го спроведува во јавноста Државниот завод за статистика. Во однос на изборите, единствен човек во државата кој не сака избори и бега од нив е Венко Филипче и талогот од СДС. Од месечината се гледа дека јасно му е и на него и на талогот, каков дебакл ќе доживеат и како ќе бидат поразени од граѓаните. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook