Драма на „свадбата на векот“- гостите се разбегаа, уништен фустанот на невестата (ВИДЕО) - Канал 5

Драма на „свадбата на векот“- гостите се разбегаа, уништен фустанот на невестата (ВИДЕО)

Раскошната свадба на милијардерот Џеф Безос и ТВ-водителката Лорен Санчез во Венеција започна бурно- буквално!

Драма на „свадбата на векот“- гостите се разбегаа, уништен фустанот на невестата (ВИДЕО)

Иако тридневната прослава беше планирана да биде гламурозна и беспрекорна, првата предсвадбена забава заврши во хаос откако ненадејна и силна бура ги изненади славните гости, објави ТМЗ.

Ексклузивниот прием пред свадбата одржан во познатиот манастир на црквата Мадона дел’Орто во четврток вечерта беше прекинат порано од планираното, бидејќи темни облаци се натрупаа над Венеција, започна силен пороен дожд, а небото блесна со молњи и грмотевици, додека ветерот носеше чаршафи и ги однесе декорациите.

Гостите, меѓу кои Ким Кардашијан, Клое Кардашијан, Кајли Џенер и многу други познати имиња, мораа да избегаат под сводовите на манастирот, додека обезбедувањето и келнерите се обидуваа да ги заштитат со чадори. Сите на крајот, натопени до кожа, се упатија кон водните таксиња кои пристигнаа 45 минути порано за да ги однесат безбедно.

„Можеш да ги имаш сите пари на светот, но не можеш да го контролираш времето“, рече еден од присутните, додавајќи со насмевка дека „во Италија постои верување дека мокра невеста е среќна невеста“.

Ким (44) и Клое (40) едвај ги чуваа своите скапи облеки од дождот, додека телохранителите им помагаа да стигнат до чамците. Кајли, како и секогаш, сподели сè со своите следбеници на Инстаграм - објави фотографија од своето натопено водено такси.

И покрај бурата, невестата Лорен Санчез (55) изгледаше весело и насмеано додека се качуваше на чамецот, опкружена со мажи во смокинг кои ја штитеа со сини чадори. Носеше впечатлив фустан со спуштени рамена и златен корсет што дополнително го нагласуваше нејзиниот тенок струк.

Безос (61), кој ѝ предложи брак на Лорен минатата година со прстен вреден дури 3 милиони долари, одеше веднаш зад неа, држејќи го својот чадор. На снимката што е објавена, двојката се гледа како се смее и ужива во моментот и покрај неочекуваниот крај на вечерта.

Меѓу гостите кои се намокриле додека чекале ред за превоз била и пејачката Ели Гулдинг.

Свадбата на Безос и Лорен Санчез е закажана за петок, 27 јуни, а големата прослава во Венеција ќе трае три дена. Покани се испратени до околу 200 гости од светот на бизнисот, политиката и шоу-бизнисот - вклучувајќи ги Ким Кардашијан, Иванка Трамп, Ели Гулдинг, Орландо Блум, Том Брејди, Леонардо Дикаприо, Опра Винфри и Мик Џегер.

Порано оваа недела, во медиумите се појави фотографија од поканата на која двојката ги моли гостите да не им купуваат подароци. Наместо тоа, донациите ќе бидат насочени кон фондови кои помагаат да се спречи тонењето на Венеција, според Дејли Меил.

Според американските медиуми, Безос ќе потроши помеѓу 15 и 20 милиони долари за оваа италијанска бајка. Без оглед на поројниот дожд - свадбата веќе влегува во категоријата незаборавни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Германската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“.

Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“.

Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година.

Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед.

Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф.

Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“.

Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство.

Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Бројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП.

Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица.

„Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса.

Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка.

Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер