Неколку стотици исчезнати во ненадејни поплави и лизгање на земјиштето во Непал, на границата со Тибет
2Неколку стотици исчезнати во ненадејни поплави и лизгање на земјиштето во Непал, на границата со Тибет
3Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
1Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница
ЖивотДрама на Пацификот: Отишле на нуркање, екипажот на бродот ги заборавил во океанот (ВИДЕО)Необична приказна се случила веднаш до брегот на Хаваите, каде Камила Сторчи и нејзиниот сопруг Рајан наишле на петмина изгубени нуркачи додека пливале во Пацификот.Во еден момент слушнале „благ крик“ и оддалеку здогледале „пет точки“. Несреќниците пловеле во водата, обидувајќи се да повикаат помош. „Штом го слушнавме крикот, почнавме да го „скенираме“ хоризонтот и видовме пет мали точки. Се приближивме со чамецот колку што можевме и сфативме дека едно лице повраќа. Покажуваше знаци на хипотермија“, напишала Камила на Инстаграм. Се испоставило дека тие поминале нешто повеќе од 90 минути во вода, бидејќи екипажот на нивниот брод „по грешка ги изгубил“, пишува Дејли мејл. „Мојот сопруг се обиде да ги извлече, но не успеа. Веднаш ја алармиравме крајбрежната стража и ги обиколивме додека не дојде хеликоптерот“, објасни таа. Додека ги чекале спасувачите, очајните нуркачи разговарале со Камила и Рајан, кои се обиделе да ги смират и да ги одржат во „добро расположение“. „Кога хеликоптерот почна да се спушта, видовме мал брод кој се појави од никаде. Брзо ги собраа и запловија“, тврди жената. View this post on Instagram A post shared by Camila Storchi (@camilastorchi) Крајбрежната стража го објавила инцидентот на 6 ноември и изјавиле дека бродот припаѓал на туристичка компанија. „Веднаш штом била лоцирана групата нуркачи биле информирани и пловилото ги подигнало“, соопштија надлежните. По драмата во Пацификот се огласи и дотичната компанија. „Благодарни сме што нуркачите поминаа неповредени. Истражуваме што се случило, за да спречиме вакви инциденти во иднина“, беше речено. Се додава дека локацијата за нуркање е променета. „Изјавите на капетанот на бродот и водачот на експедицијата укажуваат дека одлуката е донесена во последен момент, и дека во таа прилика протоколот не бил испочитуван“, соопштуваат од компанијата. Се очекува во наредните денови да бидат познати сите детали за бизарниот случај на брегот на Хаваите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
СветТрамп: Поради смртта на Доли Партон, знамињата во САД една недела на половина копјеАмериканскиот претседател Доналд Трамп нареди во чест на американската кантри пејачка и актерка Доли Партон, која почина вчера, знамињата во САД да се спуштат на половина копје во текот една недела.Ова е вистинска загуба за милиони луѓе. Никогаш немало никој како неа, ниту некогаш ќе има. Почивај во мир, Доли. Светот те сака, напиша Трамп на социјалните мрежи. Легендарната американска пејачка, текстописец и икона на кантри музиката почина на 80-годишна возраст, а дел од медиумите објавија дека таа се борела со канцер. Партон освои 11 греми награди, меѓу кои и за животно дело. Со 160 милиони продедени албуми се сметаше за една од најуспепните кантри пејачки на сите времиња. Тагови: Доли Партон Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНеколку стотици исчезнати во ненадејни поплави и лизгање на земјиштето во Непал, на границата со ТибетСтотици луѓе се водат за исчезнати, од кои околу 300 странски државјани и туристи, во ненадејните поплави кои го зафатија регионот на границата меѓу непал и тибет.Непалските власти проценуваат дека загинале неколку десетици луѓе, а дека трагаат по речиси 400, повеќето странци. Министерот за надворешни работи на непал соопшти дека причина за поплавите бил земјотрес, кој предизвикал големи свлечишта и масивни лизагања на земјиштето. Би-Би-Си објави дека најголем дел од исчезнатите биле индиски државјани, но и 12-мина британски. This is seriously scary. CCTV footage from Gyirong Port in Tibet, China, directly opposite Nepal’s Rasuwa district. This flash flood hit here first and later caused massive havoc in Nepal. Can’t even imagine someone surviving this. Prayers for everyone affected. 🙏 https://t.co/o805P8KGSu pic.twitter.com/31QzZ64aBD — Nikhil saini (@iNikhilsaini) August 26, 2026 Тагови: Непал тибет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПет пожари се активни, од вкупно 14 што избувнале денеска, соопшти ЦУКДо 13 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи.Од нив, се уште активни се пет пожари, три се ставени под контрола, а шест се целосно изгаснати. Активни пожари има во општините Студеничани и Зелениково, каде огнот зафаќа мешана шума во реонот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград, како и над селото Вражале. Пожар е активен и во реонот на селото Трново во општина Гостивар, со ширење кон селата Битово, Заград и Страјане во општина Македонски Брод. Таму гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат. Во општина Росоман активен е пожар кај селото Манастирец, каде се зафатени лозови и овошни насади. Пожар има и кај селото Тисовица во општина Зелениково, каде гори мешана шума и ниска вегетација, како и над селото нежилово во општина Чашка, во месноста Сватови, каде се зафатени ниска вегетација и смреки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter