Тошковски: Политички обид без суштински аргументи, чија цел е да се закочи процесот на справување со криминалот и корупцијата
1 Во Струга започна 65-то издание на меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“
2Тошковски: Политички обид без суштински аргументи, чија цел е да се закочи процесот на справување со криминалот и корупцијата
СветДрама на лет на Визер кон Букурешт- се запалил моторот по слетувањето, во авионот имало над 220 патнициНационалната аеродромска компанија во Букурешт денес објави дека во текот на ноќта, претставници на Романската аеродромска служба (RAS) забележале дека под кабината на авион на Wizz Air кој летал за Букурешт од Барселона се појавиле пламени.Техничкиот персонал, кој бил присутен на местото на настанот, ја отстранил опремата за напојување на авионот за да избегнат инцидент, објави денес Digi24. Авионот слетал на Меѓународниот аеродром Аурел Влаику во близина на Букурешт од Барселона во 1:18 часот, а во времето на инцидентот, повеќето од 225 патници веќе се истовариле. Од безбедносни причини, капетанот одлучил да го активира излезот за итни случаи, кој ниту еден од патниците не требало да го користи. За време на инцидентот, кој траел кратко време, ниту еден патник не бил во опасност и не е предизвикана материјална штета. Авионот бил подложен на детален технички преглед, а инцидентот го истражуваат надлежните органи.Тагови: авион Букурешт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Култура Во Струга започна 65-то издание на меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“Денеска во Струга започнува јубилејното 65-то издание на меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“, која и оваа година ќе ги обедини поетите и љубителите на пишаниот збор од целиот свет.Манифестацијата започнеа во 10 часот во паркот на поезијата со традиционалното садење дрвце и поетско читање во чест на добитничката на престижното признание „златен венец“ за 2026 година, холандската поетеса анеке брасинга.свеченото отворање на 65. Струшки вечери на поезијата е закажано за вечер 20 часот и 30минути во домот на поезијата „Браќа Миладиновци“, по што ќе следи меѓународното поетско читање „поетски меридијани“, кое ќе се одржи во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.Тагови: Струшки вечери на поезијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски: Политички обид без суштински аргументи, чија цел е да се закочи процесот на справување со криминалот и корупцијатаОва е трета интерпелација за министерот.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оценува дека интерпелацијата која денеска е на дневен ред на собранието поднесена од пратеничката група на Левица претставува, како што наведува, политички обид без суштински аргументи, чија цел е да се закочи процесот на справување со криминалот и корупцијата. Тошковски реагираше преку објава на социјалните мрежи, посочувајќи дека ова е трета интерпелација против него во период од две години и дека, според него, истата повторно е најавена преку политички настап, а не преку конкретни аргументи. Во интерпелацијата стои дека министерот Тошковски за креирање на „приватна партиска полиција заради владино прикривање и таргетиран политички реваншизам кон опозицијата“; командна одговорност за полициските пропусти кои доведоа до трагедијата во Кочани; непостапување на македонската полиција во случаи на семејно, врсничко и родово базирано насилство и говор на омраза. Меѓу другото, забележуваат и за, како што наведуваат, непрофесионални „двојни стандарди“ при постапувањето на полицијата со различно однесување за исти или слични случаи проследено со злоупотреба на овластувањата при употреба на сила. Ова е трета интерпелација за министерот. Кај нас интерпелациите се како телевизиски репризи – сите ги гледале, никој не очекува нов крај.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
МакедонијаIn memoriam: Почина Јован ПавловскиЈован Павловски е роден во Тетово, на 10 септември 1937 година.Денес, 24 јуни 2026, во Скопје почина Јован Павловски, македонски енциклопедист, поет, раскажувач, романописец, писател за најмладите, публицист, во три мандата претседател на Друштвото ан писателите на Македонија, долгогодишен уредник на повеќе рубрики во „Нова Македонија“, нејзин дописник од Париз и Москва. Јован Павловски е роден во Тетово, на 10 септември 1937 година. Од 1980 до 1986 г. е професор по теорија и практика на новинарството на Интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1962 год, во три мандати (1992-1994, 1994-1996, 2007-2008) негов претседател, член на Македонскиот ПЕН центар. Автор е на педесетина (прво издание) книги. Автор е на поетските збирки Август (1961), Медеја (1969), Идентитет (1974), Оксидирања (1983), Прераскажување на ентитетот (1985), Строгоста на живеењето (1988), Препознавање: Зрело доба (1993); Последните 48 часа на професорот по историја (1993), Стварна промена (1996), Одработен страв (1999), Кревкото тело на Кирил Пејчиновиќ ( 2000), Стравот на професорот (2001). Повлекување на стварноста (1997), Поезија (1998), Песни, многу важни песни (избор поезија за деца, (1998), како и ан романите Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко (1972, четири изданија на македонски, прва награда на конкурсот на ИК „Наша книга“ Скопје; Рациново признание; превод на српско-хрватски - Белград; на унгарски - Нови Сад; на руски - Минск), Сок од простата (шест изданија, награда за најчитана книга, 1991, превод на српски - Смедерево), Проверка на слободата (награда „Стале Попов“ на ДПМ, 1998) Град, години, луѓе (2014). Автор е на книгите за деца Мишо ишо шо о (1972, годишна награда на Радио Скопје за најдобра книга за млади), На сите свететски страни само Ани, само Ани (1980, годишна награда на Радио Скопје за најдобра книга за млади); Тевеѕирка (1994), Река-а- а! (1996). Автор е на редица други прозни и поетски изданија. Како публицист, Јован Павловски ги потпишува Бев со нив (прва книга интервјуа во македонското новинарство, 1977, награда „Мито Хаџивасилев - Јасмин“, две изданија), Гемиџиите (1977), седум изданија), Судењата како последен пораз (1978, четири изданија, награда за публицистика „Мито Хаџивасилев - Јасмин“), Огнено семејство (1987, пет изданија), Од првична идеја до држава (1993, соавтор: Мишел Павловски), Историскиот континуитет на името Македонија и Македонци (1993), Македонија (историски практикум, две изданија, соавтор: Мишел Павловски, 2000), Факти за Македонија (2005, заедно со Мишел Павловски), Facts about Macedonia (2005, на англиски, заедно со Мишел Павловски), Македонија, минато, историја, сегашност, (2005, заедно со Мишел Павловски, единаесет изданија за Македонија од неолитот до денес на македонски, англиски, руски, француски, германски, италијански, српски (латиница), бугарски, албански, турски, грчки, и редица други, главно поврзани со конструирањето на македонскиот идентитет и борбата на Македонецот за сопствена држава Како енциклопедист, Јован Павловски е главен уредник на Личности од Македонија (Петар Карајанов, Христо Андоновски, Јован Павловски, соавтор и уредник, 2000, најдобро издание на Меѓународниот скопски саем), Сто македонски години (група автори, соавтор и уредник, 2003, најдобро издание на Меѓународниот скопски саем), „Ми-анова енциклопедија, општа и македонска“, во четири тома (група автори, соавтор и уредник, 2006, најдобро издание на Меѓународниот скопски саем), Кратка Ми-анова енциклопедија, ликовна уметност (2007, група автори, соавтор и уредник Јован Павловски), четири тома хронолошка енциклопедија за историјата на Македонија од неолитот до 2003 г., група автори, соавтор и уредник: Јован Павловски редник: Јован Павловски) и други Носител е на Рациново признание, „Стале Попов“, награда на КПЗ на Македонија за најчитан автор во 1991 г. , награда на Радио Скопје за најдобра годинашна книга за најмлади (трипати), „Мито Хаџивасилев - Јасмин“ за публицистика (двапати), „13 Ноември“ награда на град Скопје, Златна плакета на град Тетово, „19 Ноември“ награда на град Тетово, Поетско жезло, признание Духовен воин, „Крсте Мисирков“ за животно дело, награда на НИП „Нова Македонија“ за животно дело, прва награда „Крсте Мисирков“ на Здружението на новинарите на Македонија, годишна награда на неделникот „Пулс“ (двапати), Златно перо за превод на поезијата на Ајги, Гоцева повелба, Како и наградата „Климент Охридски“ за култура и уметност. Одликуван е со Орден на Републиката со сребрени зраци Шеесетгодишното присуство на Јован Павловски во македонската култура може да се појми преку трите негови доминантни области на создавање: литературата, во тие рамки прозата и поезијата, неговиот значаен ангажман како енциклопедист и неговата новинарска и публицистичка дејност. Во македонската проза Јован Павловски влегува агресивно - неговиот дебитантски роман „Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко“ (награда „Рациново признание“) е определен како првиот македонски политички роман, за кој академик Георги Старделов ќе рече: „По појавата на романот ‘Тоа Радиовце’, македонската проза никогаш повеќе нема да биде таква каква што беше!“ За „Радиовце“, веднаш по излегувањето на книгата, се јавува и академик Милан Ѓурчинов. Тој вели: „Исполнет со остар критичен набој, насочен кон бездушноста на општеството кон своите некогашни јунаци и градители, романот ‘Тоа Радиовце...’ се разликува од еднонасочните визури на т.н. политички роман“. Култниот роман на Јован Павловски „Сок од простата“, веднаш по појавувањето во 1990 година, ги разбранува литературните и културните води во Македонија. Во една од првите реакции на изданието, Миодраг Друговац за „Сок од простата“ напиша дека тоа е „едно од најоригиналните дела на македонската и југословенската литература, скапоцен алем-камен во мозаикот на нејзините вредности. Тоа е еротичко дело што фасцинира!“ Петар Т. Бошковски подвлекува дека „романот [„Сок од простата“] на рамниште на модерен жанр, на главна врата ја внесува еротиката во современата македонска литература, ја внесува со достоинство на комплетно остварување, кое ја има енергијата на неодоливата уметничка мотивираност и инспирација, и кое носи печат на авторска оригиналност“ Впрочем, на одобрувањето на критиката ѝ се придружија и читателите: „Сок од простата„ беше најчитана книга во времето на нејзиното објавување, беше прогласена за најчитана книга во Србија, а до денес има седум изданија на македонски јазик, како и редица преводи на други јазици. Реномираната „Хрватската енциклопедија“ на Лексикографскиот завод „Мирослав Крлежа“ од Загреб, „Сок од простата“ го определува како првиот македонски еротски постмодернистички роман: „Јован Павловски е тематски преокупиран со личното и колективното (национално) постоење, идентитетот и ентитетот во минатото, сегашноста и иднината, односот на животот и смртта, сексуалноста и еросот. Неговата контемплативна и самореференциска поезија се карактеризира со тематска иновација и организирани збирки. Во романите, тој е склон кон документарност, натуралистички описи, цитати и ликови на несубверзивни губитници. „Сок од простата“ е првиот македонски постмодернистички еротски роман.“. „Сок од простата“ не е само еротски роман. Како и во своите други дела, Павловски му остава на читателот да избере која наративна линија ќе ја следи. Бездруго, романот може да се појми како еротска проза, проза која со директноста на изразот и со неговата реалистичност се стреми да ги пробие елитизираните, закоравени ставови за пристојното/непристојното, да ја деконструира хипокризијата на „високата литература“. Но... Исто така, „Сок од простата“ е длабока лирска приказна за осаменоста и културниот шок, за страста и љубовта, за несигурноста во сопствените чувства и колебањето: која е разликата меѓу страста и љубовта. Секако, „Сок од простата“ носи во себе и сериозна социјална приказна за моќта и немоќта, за општеството кое жестоко делува на нас, за парите и очекувањата на Другиот за тоа како треба, мора или е „исправно“ да се однесуваме. Со еден збор, „Сок од простата“ е комплексен роман кој покренува редица прашања, универзално актуелни. Тоа е роман кој, на свој начин, нуди и можни одговори на тие прашања. Дали ќе ги прифатиме или не, зависи од нас.Тагови: Јован Павловски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41