1Идниот месец раст на пензиите според законската формула, висината на зголемувањето сè уште непозната
БалканДрама на Јадран: Патник паднал од крузер, во тек е пребарување на моретоВо тек е потрага по патник кој паднал од крстаречкиот брод „Explorer Of The Seas“ во морето кај островот Јабука кај Дубровник во Хрватска.На морето има бројни бродови, кои веројатно помагаат во потрагата. Пред неколку дена бродот за крстарење бил во Дубровник, а напладне требало да заплови во Задар, објави Дубровнички.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИдниот месец раст на пензиите според законската формула, висината на зголемувањето сè уште непознатаПо двете линерани покачувања од 1000 денари во септември лани и март годинава – пензиите идниот месец ќе се усогласт процентуално согласно важечкиот закон, вели во изјава за Канал 5 министерот за социјална политика, демографија и млади.По двете линерани покачувања од 1000 денари во септември лани и март годинава – пензиите идниот месец ќе се усогласт процентуално согласно важечкиот закон, вели во изјава за Канал 5 министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски. Колку ќе изнесува покачувањето засега остнаува непознато. Ресорниот министер вели пресемтката ќе се прави по позната формула утврдена со закон и тоа 50 проценти од трошоците за живот и 50 проценти од порастот на просечната исплатена плата во земјава. „Ќе се исплати оној процентуалниот износ на пензиите односно 50 % трошоци за живот и 50 % од порастот на просечната исплатена плата во земјава на сите вработени тој ќе се применува бидејќи е важчки закон и немаме промена во тој член 37... “ - Ѓоко Велковски – министер за социјална политика, демографија и млади. Откако во јавноста се отвори прашањето за евентуално укинување на вториот пензиски столб, ресорниот министер вели во моментов во државава има важечки закон, но се прават анализи кои генерално се насочени кан тоа како функционира целиот пензиски систем во земјава и откако ќе завршат ќе се знае дали и во која насока би имало промени во системот. „Ние во овој момент како што спомнав ги праиме анализите кои ги прават ММФ и Светска банка. Кога ќе се комплетира целата анализа ќе даде и она дали вториот пензиски систем како што е поставен пред 20 години треба да претрпи измени или не. Така да ќе ги почекмае аналзиите за да може и ова прашање да го разрешиме....“ - Ѓоко Велковски – министер за социјална политика, демографија и млади. Инаку во Македонија во моментов има околу 348.000 корисници на пензија... пред неколку дена на брифинг со новинарите од асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови посочија дека во моемнтов е рано да се почувствуваат придобивките од вториот столб, но според нив национализација на средствата не е решение кое на долг рок ќе има ефект. Доколку евентуално велат се случи такво нешто штетата ќе биде огромна,а решениерот според нив ќе биде краткорочно... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
ЗдравјеРодилка не може да оди по царски рез во Штип, надлежните најавија инспекциски надзорДеветнаесетгодишна родилка не може да оди откако се породила со царски рез во Болница Штип, семејството се сомнева на лекарска грешка и бара да и се помогне, но и одговорност за постапувањата....Свекорот на родилката Вилибран Стојанов преку социјалните мрежи вчера попладнето јавно побара помош лично од министерот за здравство бидејќи неговата 19-годишна снаа Станка Михајлова од село Bаница, по вториот царски рез кој ѝ бил изведен во штипската општа болница пред еден месец не ги чувствува нозете, а била испишана во општа состојба. Семејството тврди дека еден месец одела од болница во болница, а била и хоспитализирана на неврологија, но дури сега лекар и кажал дека е парализирана, и никогаш нема да прооди... Од Министерството за здравство велат дека случајот се следи, а наложено е здравствениот инспекторат да изврши вонреден надзор во сите три болници каде што родилката се лекувала.. Семејството бара помош, бидејќи како што велат денес ни се случи на нас, утре може да е било кој друг.... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
ЗдравјеТројца нови пациенти со сомнеж за западно нилска трескаДодека тројца се борат за живот, нови тројца скопјани со воспаление на мозокот се примени на Инфективна клиника и се суспектни дека се заразени со „западен нил“ откако биле каснати од домашен комарец. Ниту еден од новохоспитализираните не патувал надвор од Македонија, па се смета дека се заразени дома. За нив иако постои голем сомнеж дека се заразени, се уште се чека лабораториска потврда. Тие се во стабилна здравствена состојба и сите имаат коморбидитети, или хронични состојби, потврдува за Канал 5 Директорот на Инфективната клиника д-р Фадил Цана. Досега поголем дел од случаите се од Драчево, но има и од Аеродром, Гази Баба, Илинден и Сопиште поради што надлежните спроведуваат и поединечни мерки со прскање од терен и на живеалиштата на потврдените случаи во радиус од 200 метри. Сите дијагностицирани годинава се над 60 годишна возраст и имаат по неколку хронични заболувања што е ризик фактор за да ја имаат тешката форма на западно нилска треска и затоа лекарите за овие групи апелираат на зголемена претпазливост и заштита од убоди. Според податоците на надлежните, годинава досега има околу 20 пациенти со болести што ги пренесуваат заразени комарци – најмногу 13 - се со западно нилска треска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook