Драма на бензинска пумпа во САД: Изгоре Lamborghini од 300.000 долари (видео) - Канал 5

Драма на бензинска пумпа во САД: Изгоре Lamborghini од 300.000 долари (видео)

Иако во последните години имаше повеќе случаи на самозапалување на Lamborgini, овој пат за пожарот е виновен некој друг.

Драма на бензинска пумпа во САД: Изгоре Lamborghini од 300.000 долари (видео)

Lamborghini Huracan Performante се запали на една бензинска пумпа во САД, додека неговиот сопственик плаќал за горивото.

На минувачите кои забележале дека на возилото одеднаш избил пожар можеби им изгледало дека дошло до самозапалување – што не би било необично за едно Lamborghini, бидејќи такви случаи имаше веќе ширум светот. Меѓутоа, видеото кое го сними еден љубител на суперспортски автомобили ја откри вистината.

Имено, сопственикот на едно мини комбе кој ставал гориво покрај паркираниот Huracan заборавил да го извади цревото од резервоарот на своето возило кога тргнал од пумпата. Цревото се откинало од апаратот и го испрскало со бензин задниот дел на суперспортскиот автомобил, каде што се наоѓа моторот кој веќе бил загреан од возење, за потоа да избувне пожар.

Пожарникарите кои пристигнале брзо го угасиле пожарот и спречиле поголема трагедија, но за синиот Lamborghini било предоцна – автомобилот целосно изгорел. Во пожарот, за среќа никој не е повреден.

Yes, that was myself and my friend with the two Lamborghinis at the gas station last night. We were out driving for a bit and I needed to go get gas. The blue Lamborghini pulled up right behind me. He decided to go in to get us waters and while I was trying to pay for my gas at the pump there was a card error, so I also went inside. As soon as we walked in, we saw a massive fireball out the window. We all ran out of the gas station to the other side of the road. At this point, we had no idea what happened or who’s car(s) were on fire. We dialed 911 and when the fire was out you could see that his car was completely burned down, ours just covered in ash. While talking to police and firefighters a man ran up and said he saw what happened. He was recording the cars to show his friends and caught a guy driving off with a gas pump still in his car. The pump sprayed fuel directly into the Huracan’s engine bay and it instantly ignited. Police found the guy that did it and everything will be taken care of. Just thankful we all got away safe and it didn’t escalate into a bigger fire. Video of the van - swipe left

A post shared by Parker Gelber (@parker.exotics) on

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево

 Активни пожари има во општина Струга меѓу селата Буринец, Локов, Селце и Елевци, во општина Македонски Брод кај селото Белица и кај местото викано Рамно кај селото Брест во општина Чучер-Сандево.

Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и  Чучер-Сандево

Изминатото деноноќие регистрирани се 31 пожар на отворен простор, покажуваат последните информации од центарот за управување со кризи. Од нив, три се сè уште активни, четири се ставени под контрола, додека останатите се целосно изгаснати.

Надлежните служби успеале да ги стават под контрола пожарите кај селото Бенче во општина Македонски Брод, селото Тајмиште во општина Кичево, селото Грачани кај општина Ѓорче Петров, како и пожарот во Делчево каде што е зафатена градската депонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела „Зења“ – останатите ги смета за „талог“

Сите коишто се противат на криминалната власт се „талог“.

СДСМ: Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела „Зења“ – останатите ги смета за „талог“

Секој што е за Европа, демократија, слобода на говор и подобар стандард – за Мицкоски е талог.

Фашистички методи на Ванчо Михајлов во 21 век. Сè е копи-пејст од менторот Вучиќ.

Сега, кога својата ВМРО-Орбан мрежа од 40 % од медиумите ја засили со „Ало групата“ и лиценцата за „Euronews“ од Вучиќ, ќе го преземе најголемиот дел од медиумското небо во Македонија.

Целта им е да го убедат народот дека тие се елита.

Исто како елитата на СНС.

Надменоста и ароганцијата се одлики на оваа „елита“.

Нема одговори на прашања – има само навреди. Се однесуваат како државата да е нивна приватна сопственост.

Оваа криминална ВМРО-елита, по углед на елитата од криминалната организација на Вучиќ, Балканскиот картел, чии членови се луѓето од групата на Мицкоски, ги прави истите работи.

Елита што ќе ужива во луксуз, полнејќи ги своите џебови со народни пари.

Тендер-патриоти со бугарски државјанства и фирми. Дури и промоцијата им ја работи бугарска фирма.

Повеќе ниту се кријат.

За поголема минимална плата – ниту збор.

За мерки што ќе им помогнат на граѓаните поради скапотијата – ниту збор.

За законот за двојно државјанство на државните функционери – ниту збор.

За реформи – ниту збор.

Истата оваа криминална екипа дојде на власт со лаги и ветувања пласирани преку своите медиуми – исто како што ги учел менторот Вучиќ.

Ја изолираа земјата од Европа за да ограбуваат непречено. Знаат дека Европа носи независно судство и европско обвинителство.

Го слават Младиќ, осуден воен злосторник за геноцид, во земја што има меѓуетничка кохезија.

Уште само на Мицкоски да му стигне новиот авион – за целосно да биде „вистинска елита“.

Ова е отворено презирање на сопствениот народ.

Кампања на поделби и омраза според најмрачните модели.

Граѓаните не се талог.

Граѓаните се сопственици на оваа држава.

А „елитата“ со часовници од 60.000 евра, скапи одела и апетити за авиони – местото ѝ е да одговара пред народот и пред правдата. На таа елита местото ѝ е во Шутка и во Идризово.

Ќе победи народот.

Граѓаните на Македонија ќе ја вратат власта во свои раце, а потоа оваа елита ќе одговара.

Еден побегна. Овие нема да побегнат.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

РАБОТИ НА ПАТ:

ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално.

Во периодот од 17.08.2026 до 01.10.2026 година, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип (кај наплатна станица Преод)“, ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод

Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата.

Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности.

Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности.

Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт.

Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај.

На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна).

Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер