Драма на аеродромот во Њу Џерси: Авион се запали при полетување, веднаш слета (ВИДЕО) - Канал 5

Драма на аеродромот во Њу Џерси: Авион се запали при полетување, веднаш слета (ВИДЕО)

Авион на FedEx принудно слетал на аеродром во Њу Џерси откако, според снимките, еден од неговите мотори се запалил.

Драма на аеродромот во Њу Џерси: Авион се запали при полетување, веднаш слета (ВИДЕО)

Шокантни слики и видео од пожар на авионот на FedEx станаа вирални на социјалните мрежи денеска наутро по локално време, додека преплашените гледачи ја снимале сцената.

Според податоците на FlightAware, авионот полетал од меѓународниот аеродром Њуарк Либерти во Њу Џерси.

Полетал во 7:58 часот по источно време и слетал во Њуарк во 8:07 часот, иако планираната дестинација била Индијанаполис.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца мртви, вклучувајќи го и вооружениот напаѓач, во пукотница во училиште во Тајланд

Во пукотница во училиште во Тајланд двајца се убиени, вклучувајќи го и вооружениот напаѓач,, соопштија официјални лица.

Двајца мртви, вклучувајќи го и вооружениот напаѓач, во пукотница во училиште во Тајланд

Еден наставник е убиен, а најмалку четири други лица се повредени од ученик кој отворил оган во училиштето пред да се самоубие, соопштија властите.

Полицијата ги потврди жртвите и рече дека осомничениот вооружен напаѓач извршил самоубиство. Меѓу повредените има еден наставник и четворица ученици, рече тој.инцидентот се случил северно од бангкок. Во февруари во слично вакво пукање еден наставник почина, а еден ученик беше повреден во јужен тајланд, откако вооружен човек отвори оган во училиште .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов најскап трансфер во историјата на Реал Мадрид, Јан Диоманде станува „Крал“

Реал Мадрид го потврди трансферот на Јан Диоманде од РБ Лајпциг, со што е финализиран договор што би можел да стане најскапиот во историјата на клубот.

Нов најскап трансфер во историјата на Реал Мадрид, Јан Диоманде станува „Крал“

Преодниот рок влегува во својата завршна фаза, а на фудбалскиот пазар секојдневно се склучуваат интересни зделки. Реал Мадрид го потврди трансферот на Јан Диоманде од РБ Лајпциг, со што е финализиран договор што би можел да стане најскапиот во историјата на клубот.

Реал Мадрид и РБ Лајпциг постигнаа договор за трансферот на Јан Диоманде. Клубот во официјално соопштение потврди дека 19-годишното крило потпишало договор со важност до јуни 2033 година. Фабрицио Романо претходно објави фотографија од Диоманде како патува за Мадрид со своите агенти, а вкупната вредност на трансферот, вклучувајќи ги и бонусите, се проценува на 140 милиони евра.

Доколку се потврдат овие бројки, Диоманде ќе стане најскапиот играч во историјата на Реал, надминувајќи ги Џуд Белингем (127 милиони евра) и Еден Азар (120,8 милиони евра).

Минатата сезона, фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска забележа 36 настапи, 13 гола и 10 асистенции за Лајпциг, а „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 90 милиони евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња

Годинава ќе има околу 3.000 помалку првачиња од лани, соопшти Јаневска

Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња

Во новата учебна година ќе има над 3.000 првачиња помалку во однос на лани, што е намалување за околу 20 проценти.

Овие шокантни податоци ги соопшти министерската за образование Весна Јаневска на прес-конференцијата за резултатите од полагањето на државната матура...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер