Мицкоски: Со изградбата на интерконекторите со Грција и Србија, државата добива целосна вертикална енергетска поврзаност
Министерството за економија и труд: 7 милиони денари поддршка за компаниите од преработувачката индустрија преку два нови јавни повици
1Мицкоски: Со изградбата на интерконекторите со Грција и Србија, државата добива целосна вертикална енергетска поврзаност
2Министерството за економија и труд: 7 милиони денари поддршка за компаниите од преработувачката индустрија преку два нови јавни повици
Се појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на Фенербахче
2Се појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на Фенербахче
БалканДрама кај Лесковац: Жена со часови била заглавена во наноси од снег, сопругот едвај ја спасил По неколкучасовни обиди да ги пробие снежните наноси и да стигне до својот дом во Голема Њива кај Лесковац, Каја Стојановиќ (55), жителка на тоа село, ноќеска долго време била заробена во возилото чекајќи помош од сопругот.Таа вели дека неколку часа пред полноќ се вратиле од Лесковац дома, го поминала селото Дрќевац, но дека проблемот настанал на почетокот на угорницата, пренесе Телеграф. -Попатно со голи раце отстранувавме дрвја од коловозот за да можеме да поминеме, но времето овде е лошо веќе три дена. Силен снег со невреме, па дожд, денеска беше малку подобро, па повторно снег со невреме. Се замрзнав во колата. Се грижам и за сопругот - се пожалила жената сè уште заглавена во автомобилот. Нејзиниот сопруг пеш тргнал низ длабокиот снег за да донесе трактор за да го извлече автомобилот. Од местото каде што го чекала сопругата до куќата имало повеќе од еден километар во еден правец. - Пишувате дека патиштата се чистат, а ова е пример дека не е точно. Никој не дојде овде да го расчисти патот - рече таа во разговор со новинарите на ЈуГмедиа. Во Голема Њива, тврди, останале најмногу десетина постари жители, а најмладата жителка е педесет и петгодишната Каја. - Не дај Боже на некој овде да му е тешко. Не би имало кој да му помогне, како мене и мојот сопруг сега - вели жената која залудно се обидувала да испрати јасни фотографии од местото на настанот, бидејќи ѝ замрзнал и мобилниот телефон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Со изградбата на интерконекторите со Грција и Србија, државата добива целосна вертикална енергетска поврзаност Сите технички параметри за проектот веќе се кажани, и инвестициска вредност и дијаметар на цевка и како ќе проаѓа таа цевка, низ кои делови од Македонија ќе проаѓа таа цевка.Обраќање на Премиерот Христијан Мицкоски. Сите технички параметри за проектот веќе се кажани, и инвестициска вредност и дијаметар на цевка и како ќе проаѓа таа цевка, низ кои делови од Македонија ќе проаѓа таа цевка, јас би сакал три работи да кажам кои што се мислам значајни за овој проект од стратешко значење. Првото е што по завршувањето на овој проект и комплетирањето на интерконекторот, односно цевководот што ќе не поврзе со нашиот јужен сосед, со Грција, очекувам дека би требало тој проект да се заврши некаде првата половина на следната година, иако втората половина, еве крајот на 2028-та се заврши овој интерконектор со нашиот северен сосед, ќе добиеме целосно вертикална поврзаност којашто е дел од коридорот 10 и геостратешката позиција на државата станува драматично позначајна откако овие проекти ќе бидат реализирани, споредно со тоа што беше во минатото. Да бидам попрецизен, споредено со тоа што сме денес. Ние сме држава којашто не излегува на море и со вакви проекти, кога се поврзуваме со пристаништа, во случајов како што е терминалот Александрополи, кога се поврзувавме со солунското пристаниште, со продуктоводот и нашата рафинерија „ОКТА“, кога градиме интерконектори во делот на снабдувањето со електрична енергија и поврзување со нашите соседи, ние на тој начин ја подобруваме и нашата геостратешка положба како држава. Така што, овие проекти имаат огромно регионално, па и би рекол пошироко геостратешко значење, и јас низ таа оптика го гледам и овој проект, оваа цевка којашто треба да ја поврзе Македонија со Србија. Исто како што цевката треба да ја поврзе Македонија со Грција. Посебно што е двонасочен овој цевковод, и сето тоа му додава вредност на самиот проект. Второ што за мене е многу значајно, а го кажав и вчера на еден друг стратешки проект, а тоа е автопатот Блаце-Скопје, е што македонска компанија ќе ги изведува работите, и тоа е многу важно за македонската економија. Така беше и вчера, така е и денес и тоа е наш приоритет како Влада, македонски компании да изведуваат вакви стратешки проекти, се разбира во рамките на капацитетот којшто ние го имаме како држава и како градежна оператива. Сигурен сум дека со искуството кое што го има компанијата изведувач ќе го искористи максимално во реализацијата на овој проект и ќе ги почитува роковите кои што се зададени во самиот договор. И трето кое што мислам дека е исто така значајно да се каже е фактот дека ова е уште една инвестиција кон реализирање на нашата стратешка цел како Влада, а тоа е да бидеме раскрсница на два паневропски коридори, коридорот 8 и 10, која што раскрсница ќе се темели на три столба, а тоа е инфраструктурно поврзување во рамките на патната инфраструктура. односно автопатите и експресните патишта. Сакам да им се заблагодарам на Недим и на сите членови во раководството на НОМАГАС, на вработените кои што би рекол еве работеа макотрпно за овој проект да стане реалност. Ќе биде исто добро и онаа отсечка за која што зборувавме до другиот наш северен сосед до Косово, ако можеме да ја направиме. Јас вчера зборував и со премиерот на Косово дека и покрај тоа што они имаат доволно количини на јаглен, но имајќи предвид новите регулативи во рамките на Европската Унија итн., оваа физибилити студија можеби ќе ни даде одговор за потребите, па можеби во иднина, иако они сега велат дека не им треба ваква врска, мислам дека треба да се оствари можност за во иднина и тоа да се сработи. Така што, да се заблагодарам и на колегите од Владата, се разбира без нивната поддршка овие проекти не можат да станат реалност. На медиумите што не следат цело време. Ние ќе продолжиме да ја реализираме програмата на Владата, ова се приоритетите во рамките на таа програма. Честитам уште еднаш и посакувам проектот да се реализира во рамките на тоа што е договорено, истакна Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерството за економија и труд: 7 милиони денари поддршка за компаниите од преработувачката индустрија преку два нови јавни повициМинистерството за економија и труд објави два нови јавни повици со вкупна финансиска поддршка од 7 милиони денари, наменети за унапредување на конкурентноста на домашните компании од преработувачката индустрија.Со јавните повици се обезбедува конкретна поддршка во две значајни области – зајакнување на соработката меѓу компаниите и универзитетите преку заеднички проекти, како и воведување, имплементација и сертификација на стандарди и развој на практики на општествена одговорност. „Нашата определба е јавната поддршка да ја насочуваме кон мерки кои создаваат долгорочна вредност за компаниите и економијата. Со овие два јавни повици обезбедуваме вкупно 7 милиони денари за преработувачката индустрија, со фокус на иновациите, знаењето, новите технологии, стандардите и поголемата конкурентност. Сакаме домашните компании да бидат посилни, помодерни и подобро подготвени за настап на европските и светските пазари“, изјави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Првиот јавен повик, со вкупен буџет од 5 милиони денари, е наменет за зајакнување на соработката помеѓу деловните субјекти од преработувачката индустрија и универзитетите преку реализација на заеднички проекти. Преку оваа мерка се поддржуваат нови иницијативи во областа на истражувањето, развојот, иновациите, трансферот на знаење и технологии, интернационализацијата и паметната специјализација. Проектите може да опфаќаат и користење на универзитетски лаборатории за испитување и истражување, подобрување на технолошките процеси и производи, воведување на циркуларна економија, зелена и дигитална трансформација, стручни анализи, консултации и специјализирани обуки. Министерството обезбедува 70 проценти од докажаните трошоци, но најмногу до 500.000 денари по барател. Право на учество имаат деловни субјекти од преработувачката индустрија согласно НКД Рев. 2.1, кои имаат најмалку пет вработени на неопределено полно работно време пред објавувањето на јавниот повик. Вториот јавен повик е со вкупен буџет од 2 милиони денари и е наменет за надоместување на дел од трошоците на компаниите за набавка, имплементација и сертификација на хоризонтални и други стандарди, стандардизациски документи и извештаи потребни за развивање и примена на социјално прифатливи практики, интернационализација и поголема конкурентност. И по овој повик Министерството покрива 70 проценти од докажаните трошоци, но до 200.000 денари по барател. Поддршката опфаќа и изработка на извештаи поврзани со SA 8000, BSCI, SMETA, GOTS и STEP, како и извештаи за ESG – Environmental, Social and Governance стандарди и практики и извештаи согласно ESRS стандардот. Ќе се признаваат докажаните трошоци настанати во 2025 и 2026 година. „Со вториот повик сакаме да им помогнеме на компаниите да ги подигнат своите стандарди и да ги исполнат современите барања на пазарите. Денес конкурентноста не значи само да произведувате и да продавате, туку и да работите според стандарди кои отвораат можности за интернационализација и соработка со странски партнери. Затоа поддржуваме и сертификација, ESG и ESRS практики и други стандарди кои се важни за идниот развој на компаниите“, потенцираше Дурмиши. Апликациите по двата јавни повици можат да се достават најдоцна до 15 септември 2026 година, во затворен плик до Архивата на Министерството за економија и труд, ул. „Јуриј Гагарин“ бр. 15, Скопје, или по препорачана пошта. Потребните обрасци и дополнителни информации се достапни на веб-страницата на Министерството за економија и труд, а за дополнителни информации компаниите можат да се обратат на телефоните 02/3093-475 и 02/3093-403. Министерството за економија и трудТагови: Министерството за економија и труд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
СветИзраел ги протерува британските функционери?Британските медиуми објавија дека британскиот премиер Енди Бернам се подготвува да објави целосна забрана за трговија со стоки од израелските населби на Западниот Брег како одговор на планот Е1. Израел размислува да ги протера британските функционери од Меѓународниот центар за поддршка на Газа, мултинационалното седиште под американско раководство кое го следи примирјето меѓу Израел и Хамас, објавува „Фајненшл тајмс“ (FT), повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање. Според весникот, израелската влада во последните недели размислува за отстранување на Велика Британија од центарот, а Ерусалим би можел да преземе слични мерки против функционери од други европски земји. Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Сар, вчера објави дека холандските претставници ќе бидат протерани од центарот по серијата, како што ги нарече „антиизраелски мерки“ преземени од Холандија. Британскиот министер за надворешни работи, Ед Милибанд, го нарече планот „неприфатлив и деструктивен“ и рече дека неговата канцеларија подготвува „сеопфатен сет мерки“ како одговор, вклучително и санкции против оние вклучени во, како што го нарече, нелегалното проширување на населбите. Британските медиуми претходно објавија дека британскиот премиер Енди Бернам се подготвува да објави целосна забрана за трговија со стоки од израелските населби на Западниот Брег како одговор на планот Е1. Саар ја нарече изјавата на Милибанд „покровителска“ и ја обвини британската влада дека придонесува за „масовен бран антисемитска омраза и напади врз британската еврејска заедница“ и дека ги нарушува односите меѓу Велика Британија и Израел, објави „Тајмс оф Израел“. Извор: Б92Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook