2Драма во Грција: Албанец ѝ дал 1.000 евра на сопругата „за трошок“, па отишол да ја убие љубовницата
ЖивотДракче проговори за својата здравствена состојба и емисијата „Гответе со Дракче“: „Имаше некои шпекулации за моето здравје“Популарната водителка и кулинарка Драгица Стевковска – Дракче конечно реши да ја отвори душата и да зборува за своето здравје и за иднината на емисијата „Гответе со Дракче“. Нашите верни гледачи сигурно забележале дека веќе подолго време емисијата „Гответе со Дракче“ нема нови епизоди, а самата Драгица Стевковска Дракче реши да ни открие кој е причината за тоа, како и дали наскоро можеме повторно да ја очекуваме на малите екрани. Имено, неколку пати во јавноста се спомнуваше нејзината здравствена состојба, а потоа се почувствува и нејзиното отсуство од телевизијата, па таа реши да престане со молчење и да раскаже што се случило. - Jас еве се чувствувам среќна што можам повторно да застанам на нозе, да комуницирам со, прво моето семејство, а потоа и со сите други. Да, имаше многу шпекулации. За жал, во некои се најдов и во една непријатна ситуација, гледајќи ме по болничките ходници, но се случи хаварија на коскениот систем кај мене, што за жал е една болест која што бара подолго лекување. Што значи јас не сум тотално излечена, следуваат уште една, две, можеби три или четири оперативни зафати кои што ќе следуваат. Но јас храбро стојам на нозе. Не паднав во очај, што за мене е голема радост. Пак ќе речам ја имав поддршката од семејството, поддршката од мојот народ, енергијата од Бога и еве ме повторно здрава права, да речам пред оние искушенија кои што ме чекаат и во иднина - ни кажа Дракче . View this post on Instagram A post shared by Канал 5 Телевизија (@kanal5televizija) Дракче тврди дека за нејзиното здравје имало шпекулации, но дека сега се чувствува многу добро и дека со нетрпение очекува да се врати на снимање. - Многу се радувам, бидејќи со нетрпение се очекува третата сезона. Двете сезони го освоија срцето на гледачите и мене тоа многу ме израдува. Едвај ја чекам. Се спремаме за трета сезона во која што ќе ставиме новитети. Нај исклучителна ќе биде она што ќе имаме и по некои од народот, значи учесници кои што ќе ги црпиме од народот. Оние верни гледачи. Наши верни гледачи, кои што умеат да споделуваат со мене многу рецепти, но и умеат да ги прават нашите домаќинки и домаќини и луѓе готвачи, нели, луѓе кои што си ја имаат таа професија- најави Дракче. View this post on Instagram A post shared by Канал 5 Телевизија (@kanal5televizija) Тагови: Гответе со Дракче Емисија Канал 5 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
ХороскопДневен хороскоп за 25. август 2026 година Дневен хороскоп за вторник, 25. август 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Освен што и натаму не ви цветаат рози во љубовта, денешниот ден би можел да ви донесе и некои семејни нестабилности. Кариера Ќе бидете распнати меѓу желбите и можностите . Ваше е да најдете златна средина и да се прилагодите на позитивен начин. Здравје и совет Немир и незадоволство. Вага 24.9.-23.10 Љубов Можно е дека со саканата личност ќе разговарате за дестинација на која сакате да отпатувате. Сеуште нема да се договорите. Кариера Во вашата работа ќе се вклучат нови луѓе , со кои ќе мора да научите да комуницирате. Ќе има мали несогласувања. Здравје и совет Некој нема да ви се допадне . Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Усогласувањето на ставовите со саканата личност , веројатно ќе потрае и денеска. Ќе употребите хумор. Кариера Вашиот работен ден ќе биде доста шарен. Ќе работите се и сешто и ќе ве има на повеќе места. Динамичен ден. Здравје и совет Легнете да спиете на време. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе успеете да спитите пријатно со корисно. Саканата личност ќе ја поврзете со поширок круг луѓе со кои и деловно переговарате. Кариера Договорите ќе се одвиваат по системот,,тргни-застани” , но нема да ви претставува тешкотија. Ќе работите со желба и без застој. Здравје и совет И натаму сте одлично. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Би можело да има застој во односите , зашто зборовите ќе ви бидат премногу љубезни. Внимавајте да не ве прогласат за слаткоречив. Кариера Вашите деловни амбиции се големи , но такви се и можностите. Денеска внимавајте да не паднете во стапицата на самодопадливост. Здравје и совет Вежбајте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Оние кои сонуваат , мора да се симнат на земја. Саканата личност во тоа ќе им помогне , а тогаш ќе увидат дека тоа е здраво. Кариера Ќе дојде до израз нерационално трошење пари , а вие сето тоа ќе мора да го оправдате и да го решавате. Здравје и совет Бидете што е можно поразумни. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Партнерот ќе има свои желби и барања , кои во прв момент ќе ви изгледаат неразумни , но набргу ќес е снајдете. Кариера Ќе има преоден несклад со соработниците , зашто некои од нив ќе покажат нестабилност.Но , долгорочно се се одвива одлично. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Овен 21.3-20.4. Љубов Веројатно ќе покажете доза на несигурност , што малку ќе ја обесхрабри дугата страна.Потрудете се да верувате во она што го доживувате. Кариера Веројатен е трошок на кој не сте сметале ниту вие ниту вашите соработници. Ќе надоместувате за да се снајдете во моментот. Здравје и совет Штедете го грлото и гласните жици. Бик 21.4- 20.5. Љубов Кога ќе ви се пристори дека сте тргнале чекор напред , нешто ве враќа наназад. Така е тоа кога се брзате и работите површно. Бидете поискрени. Кариера Не се грижете поради трошоците , туку обидете се да работите напорно и без многу размислувања.Резултатите ќе дојдат подоцна. Здравје и совет Ви недостига трпение. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Во сексуалните прашања ќе имате мало двоумење околу стилот.Секој сака да ужива на свој начин. Кариера Некој би можел да ви пререче дека на работа трошите на неважни ситници. Ќе ги аргументирате своите издатоци. Здравје и совет Редовно опуштајте се. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе прифатите мало малтретирање од саканата личност , на која повторно ќе и кажете колку ви значи. Тоа ќе биде добар вовед во убава љубовна приказна. Кариера Ќе знаете како да ги насочите и оние соработници кои не се многу вредни. Со личен пример ќе ги мотивирате на работа. Здравје и совет Немате грижи. Лав 23.7-22.8. Љубов Се што ќе се случува денеска ќе ви носи само немир , фрустрации и нови прашања. Обидете се да останете мирни и трпеливи. Кариера Пред вас е ден полн со предизвици , во кој ќе мора да разграничите што сакаат шефовите , кои се целите , кој е пријател , а кој непријател. Здравје и совет Останете будни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЉупчо Пренџов вечерва во „Вести Плус“Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Љупчо ПренџовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
МагазинНова студија: Децата кои поседуваат мобилен телефон се помалку писменинова студија од UCLA покажува дека учениците од основно училиште кои поседуваат мобилен телефон имаат значително полоши резултати на тестовитеГенерацијата Z се профилира како една од генерациите со најниска писменост во модерната историја, а се предвидува дека генерацијата Алфа би можела да има уште полоши резултати. Со години резултатите од тестовите за читање се сè полоши, а способноста да сес разбере прочитаното е драстично во опаѓање. Согласно на ова, нова студија од UCLA покажува дека учениците од основно училиште кои поседуваат мобилен телефон имаат значително полоши резултати на тестовите за разбирање од нивните врсници без мобилен телефон. Наодите се објавени во списанието Behavioral Sciences. Треба да го одложите купувањето телефон до крајот на основното училиште Студијата, исто така, откри интересен детаљ. Не е пресудно дали мобилниот телефон бил присутен за време на тестот, туку самото поседување уред е поврзано со послабо читање. Влијанието на паметните телефони врз вештините за читање кај третоодделенците е толку негативно што научниците од UCLA им советуваат на родителите да почекаат со купувањето прв мобилен телефон додека нивното дете не заврши основно училиште. Проблем со писменоста и новите навики Овие наоди се совпаѓаат со предупредувањата од невролозите. Неврологот Џаред Куни Хорват претходно оваа година изјави дека генерацијата Z би можела да биде „прва генерација во модерната историја која на стандардизираните академски тестови има полоши резултати од претходната генерација“. Во овој контекст, не изненадува порастот на популарноста на читателските клубови, вклучувајќи ги и нивните луксузни верзии. Во ваквите клубови, возрасните плаќаат илјадници евра за заедничко читање книги, што во суштина е скап начин да се наметне лична дисциплина и одговорност. Извор:index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter