СветДраги: За подобра конкурентност на ЕУ потребна е поблиска соработка и интеграција меѓу земјите ЕУ треба да се фокусира на три клучни прашања.Одржувањето на европскиот начин на живот мора да се базира на подобрување на конкурентноста, за што е потребна поблиска соработка и интеграција меѓу европските земји, порача поранешниот италијански премиер и екс-претседател на Европската централна банка, Марио Драги при претставувањето пред европратениците на неговиот Извештај за иднината на европската конкурентност. - ЕУ треба да се фокусира на три клучни прашања: намалување на иновацискиот јаз со САД и Кина, развивање заеднички план за поврзување на целите за декарбонизација со зголемување на конкурентноста и зајакнување на безбедноста на Европа и намалување на нејзината зависност од странски економски сили, изјави Драги. Тој потенцира дека за спроведување на плановите за зајакнување на конкурентноста и реализација на конкретни проекти за остварување на поставените цели, годишно ќе бидат потребни меѓу 750 и 800 милијарди евра. - Дел од овие средства би можеле да дојдат од приватни извори, но дел, исто така, ќе треба да се обезбедат преку јавни инвестиции, вклучително и со нови заеднички задолжувања наменети специјално за финансирање на клучните заеднички проекти, рече Драги. Во дебатата по обраќањето на Драги, поголем број европратеници се согласија со оценките во неговиот извештај дека економијата на ЕУ мора итно да го промени својот курс. Според нив, ЕУ треба да се фокусира на зајакнување на конкуренцијата и зголемување на иновациите во клучните индустриски сектори, заедно со повеќе јавни и приватни инвестиции во социјалните, зелените и дигиталните трансформации. Во дискусиите беше посочено и дека треба да им се помогне на граѓаните да ги приспособат своите вештини на потребите на индустријата, за што се потребни иновативни технологии и социјални инвестиции кои ќе бидат компатибилни со поставените цели за економски раст. Од друга страна, некои европратеници се заложија на „поголем суверенитет“ на земјите членки и за „послободни пазари“, нагласувајќи дека мерките за справување со климатските промени „ја саботираат економијата на ЕУ“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНад сто илјади луѓе на вчерашните протести во Франција, регистрирани и инцидентиИлјадници граѓани излегоа на улиците низ Франција во текот на вчерашниот ден, барајќи подобри услови за живот, повисоки плати и поголеми инвестиции во образованието. Протестите на повеќе локации прераснаа во инциденти и судири со полицијата, а беа регистрирани и приведувања. Според податоците на полицијата, на демонстрациите учествувале повеќе од 100 илјади луѓе, од кои околу 24.000 во Париз. Синдикатот на младите, пак, изнесе повисока проценка, тврдејќи дека на протестите се приклучиле околу 200 илјади. Инциденти биле регистрирани во Париз, Лион, Бордо и Нант, каде што биле приведени над 120 луѓе. На демонстрациите биле ангажирани околу 70.000 полицајци, исто колку и за претходните три големи протести. Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Доста е со лажната загриженост на СДСБројките и фактите ги рушат лагите на СДС економијата се мери со резултати, не со партиски пароли.Фактите се најдобар одговор на политичките конструкции на Филипче и СДС. Граѓаните ги видоа резултатите од ''економските експерти'' од СДС кои ги оставија со празни џебови додека Филипче и кланот Заеви се богатеа. Кога СДС и Филипче се повикуваат на ММФ, тогаш треба да ги прочитаат и целосните извештаи, а не да извлекуваат само податоци што ним им одговараат. Колку тоа и да не и се допаѓа на СДС, Македонија бележи највисок економски раст во регионот, меѓународните извештаи ги потврдуваат позитивните економски движења. Македонија е една од земјите со најниските стапки на инфлација во Европа каде достигна 4,0 % на годишно ниво во октомри 2026 година. Во време на СДС и ДУИ инфлацијата беше двоцофрена а Филипче и Заев се грижеа само за раст на сопствените бизниси и инвестиции во авиокомпании, плантажи и висококатници во Дубаи додека народот го осиромашија и го оставија на раб на егзистенција. Денес владата предводена од ВМРО ДПМНЕ од длабок минус во наследство од владеењето на СДС и ДУИ ја стабилизира економијата и ја води кон раст. Денес индустрискиот промет во Македонија бележи раст од над 5,5 проценти во споредба со истиот период минатата година, што е охрабрувачки показател за економската активност. Имаме над 1,1 милион туристи и речиси три милиони ноќевања заклучно со септември. Кај туризмот во третиот квартал годинава, во споредба со истиот период минатата година, се регистрирани 35.000 туристи и 110.000 ноќевања повеќе, што претставува раст од над шест проценти кај двата показатели. Се градат автопати кои со децении тапкаа во место, се воведуваат нови авионски линии, Македонија се поврзува со регионот и светот, со цел да се олесни транспортот, да се привлечат странски инвестиции, да се развива туризмот и да се отворат нови економски можности. Се инвестира во инфраструктура, се работи на подобрување на условите за бизнис и се создаваат предуслови за економски развој. Никој не тврди дека економските проблеми се решени преку ноќ. Напротив, потребна е сериозна работа, инвестиции, продуктивност и подобар животен стандард што е приоритетна цел на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАкциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошциЗа сите констатирани прекршоци ќе следуваат соодветни санкции.На 14/15.11.2026 во периодот од 22:00 до 07:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар со Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола, при што се констатирани 18 прекршоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, 12 лица се лишени по член 215 од Кривичниот законик, едно лице е лишено за безобѕирно управување моторно возило, три лица се лишени по член 204 од Кривичниот законик, а пет лица се приведени по член 4 и член 6 од ЗППЈРМ. Исто така, за време на активноста бе аизвршени контроли во неколку угостителски објект, при што во еден од нив беа затекнати седум малолетници кои консумираат алкохол. Додека, пак, забележано е дека тобако продава алкохол на малолетници, по што заедно со ДПИ се преземени мерки за санкционирање. Во истиот период, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје спроведоа контрола на настна техно журка, одржана во подземен паркинг Кресненско востание, при што 65 лица се легитимирани, а извршен е преглед на 13 возила, а е едно лице е лишено по член 215 од Кривичниот законик. За сите констатирани прекршоци ќе следуваат соодветни санкции.Тагови: Акциски контроли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter