Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
КултураДраган Ѓорѓевиќ Сузуки на виолончело и Дино Имери на пијано вечерва на „Охридско лето“На понудата на музичката програма на „Охридско лето“ денеска е целовечерниот концерт на српскиот виолончелист Драган Ѓорѓевиќ Сузуки, во пијано придружба на нашиот пијанист Дино Имери.Професионалната критика го оценува Драган Ѓорѓевиќ како една од најоригиналните уметнички личности на неговата генерација. Именуван како еден вид српски амбасадор на виолончелото, Драган е основач на ансамблот „Вива Чело“ и на фестивалот „Раванелиус“, ко-основач e на квартетот „Рубикон“ и уметнички раководител на „Чело фест“ во Белград. Роден во Србија, на шестгодишна возраст започнува да изучува музика и виолина по методата Сузуки во Специјализираното музичко училиште за талентирани деца во неговиот роден град Ќуприја, а по само две години го менува инструментот и започнува да учи виолончело со проф. Реља Ќетковиќ. По студиите на ФМУ во Белград, го продолжува образованието на „Гилхол“ школата за музика во Лондон во класата на проф. Стефан Попов, а потоа и на Високата школа за музика во Есен (Германија) кај виолончелистот Јонг Чанг Чо од Кореја. На млада возраст е именуван за професор по виолончело на ФМУ во Белград, каде паралелно со педагошката кариера континуирано се усовршува со челисти и музичари како: Миша Мајски, Борис Пергаментчкиов, Давид Григориан, Тобиас Куне, Давид Такено, Станислав Аполин и со камерните ансамбли „Велингер“, „Такач“, „Мелос“ и квартетот „Албан Берг“. Лауреат и добитник на награди е на натпреварите за виолончелисти „Антонио Јанигро“, натпреварот на Музичка младина во Белград, како и на натпреварот „Орфеус“ и во Макрнеукирхен. Како солист и камерен музичар настапува во Европа, САД и Кина, на реномирани фестивали како Би-Би-Си Промс, фестивалот на градот Лондон, фестивалите „Енеску“, „Сион-Вале“, „Охридско лето“, „Чело фест“ и „Бемус“ во Беград, „Котор-Арт“ и др. Настапува со Белградската филхармонија, камерниот оркестар „Амаде“, Радио оркестарот на Романија, оркестарот на РТВ Словенија, камерниот оркестар во Бамберг, Македонската филхармонија, Црногорскиот симфониски оркестар со уметници како Џулијан Рахлин, Итамар Голан, Емил Табаков, Клеменс Шулдт, Ен Шао, Минчо Минчев, Алена Баева, Немања Радуловиќ, Роман Симовиќ, Франческа Дего, Џон Адамс, Лесли Хауард и многу други. Во 2011 година на покана од Валериј Гергиев, Драган Ѓорѓевиќ е гостин-водач на секцијата виолончела на оркестарот на театарот „Марински“, одржува рецитал во концертната сала на овој театар, ја освојува наградата на Загрепската концертна агенција, и со квартетот „Рубикон“ настапуваат на Фестивалот на градот Лондон. Посветен на педагошката кариера, Драган е редовен професор на ФМУ во Белград, а одржува мајсторски курсеви во Кина, Шведска, Бугарија, Романија, Словенија и другите балкански држави. Свири на инструмент изработен од Џејмс и Хенри Бенкс во 1797 година. Дино Имери или „волшебникот на пијаното” (според францускиот OPS Magazine) е еден од најреномираните македонски пијанисти и професори. Со огромен успех настапува на престижни сцени низ светот, а неговите уметнички креации не ја оставаат рамнодушна публиката и критиката. Прогласен е за Најдобар уметник на УКИМ (признание кое се добива еднаш во кариерата) и рангиран е во десетте најдобри европски пијанисти. Лондон, Рим, Кан, Стразбург, Бари, Љубљана, Загреб, Белград, Софија се само дел од градовите вклучени во богатата концертна агенда каде Имери го прикажал својот “рафиниран квалитет на звукот, беспрекорна техника, инструментална култура и неверојатна слобода со еден неверојатен интерпретациски квалитет” (Е. Дочева, Kultura.bg), а соработува редовно со еминентни оркестри, диригенти, инструменталисти, пејачи, мултимедијални артисти и други. Со преку петнаесет години блескава концертна дејност позади себе, Дино Имери го пренесува своето знаење и искуство на младите како вонреден професор на Факултетот за музичка уметност – Скопје при УКИМ. Членува во бројни стручни меѓународни комисии и жирија, а за својата хуманитарна дејност се здобил со признанието “Св. Мајка Тереза”. “Името на Дино Имери е запишано со златни букви” (В. Костоска Пенева, музиколог) во современата македонска и светска пијанистичка историја. Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот. На програмата се дела на Бетовен, Шнитке, Шуман и Рахмањинов. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитриевски од Неготино: Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за резултатите на ЗНАМ!Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со средбите со граѓаните низ државата, на кои се презентираат резултатите од изминатите две години работа и придонесот на избраните и именувани функционери од редовите на Движењето. Во рамки на панел-дискусијата под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, која се одржа во Неготино, се обратија претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, координаторот на пратеничката група на ЗНАМ и член на Извршниот одбор, Бобан Карапејовски, директорот на Агенцијата за планирање на просторот, Александар Гелевски, како и државниот секретар во Министерството за земјоделство, сточарство и водостопанство, Надица Џерковска. Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека Извештајот на Европската комисија за 2026 година е доказ за напредокот и предизвиците во клучните области од работењето на институциите, посочувајќи дека во областите во кои ЗНАМ има свои функционери е нотиран значаен напредок. „Резултатите не се мерат според тоа колку гласно зборувате за нив, туку според тоа што навистина сте го направиле. Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за оценување на институционалниот напредок, а ЗНАМ преземените одговорности ги преточи во конкретни промени и подобри институции.“ истакна Димитриевски. Во таа насока, тој се осврна на резултатите во областите на правосудството, јавната администрација и дигиталната трансформација. Извештајот на Европската комисија нотира напредок во повеќе сегменти, меѓу кои усвојувањето на новиот Закон за Судскиот совет, надградбата на Информациониот систем за за управување со човечките ресурси и проширувањето на понудата на електронски услуги за граѓаните. Димитриевски посочи дека ЗНАМ е единствената партија која ги презентира резултатите од работата на своите функционери пред граѓаните, нагласувајќи ја важноста на отчетноста како принцип на политичкото и институционалното дејствување. „Отчетноста значи да застанете пред граѓаните, да кажете што сте ветиле, што сте реализирале и што останува да се направи. Тоа е суштината на јавната одговорност. Нашите средби не се само осврт на изминатиот период, туку и можност отворено да се разговара за следните чекори и за обврските што ги преземаме“ нагласи претседателот на ЗНАМ. Димитриевски нагласи и дека активно се спроведуваат активностите предвидени со Акцискиот план за 2026 година на Движењето ЗНАМ, со посебен акцент на организациското јакнење. По формирањето на Клубот на млади, во наредниот период следува и формирањето на Клубот на жени, како дел од планираните активности за развој на партиската структура. Движење ЗНАМ останува посветено на политиката на отчетност, одговорност и исполнување на преземените обврски, затоа што довербата на граѓаните не се бара со зборови, таа се гради со работа и се оправдува со резултати. Центар за комуникации и аналитика ЗНАМТагови: ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСудир на танкер и крузер во Њу Орлеанс: Најмалку 32 повредени (ВИДЕО)Нафтен танкер се судри со речен крузер во пристаништето во Њу Орлеанс во американската сојузна држава Луизијана.Во несреќата се повредени најмалку 32 лица, кои се пренесени в болница. Американските медиуми пренесуваат дека крузерот „Американ Херитиџ“, кој пловел по реката Мисисипи, пристигнал во пристаништето во Њу Орлеанс и патниците почнале да се симнуваат од него, кога од засега не познати прични во бродот танкер за нафта. По сударот, крузерот, на кој имало 129 патници и околу 20 членови на екипажот, се превртел. Спасувачките екипи успеале да ги извлечат сите патници. Хелена Морено, градоначалничка на Њу Орлеанс, на прес-конференција изјави дека сите се спасени. „Од нив, 32 лица се пренесени во болница, но никој од нема критични повреди“, изјави Морено, нарекувајќи го настанот „чудото на Мисисипи“. Крајбрежната стража на САД соопшти дека дел од реката е затворен за секаков вид пловен сообраќај. Не е познато како дошло до несреќата. Гувернерот на Луизијана, Џеф Лендри, изјави дека е во тек „активна истрага“ за судирот. „Сакаме да се осигураме дека оваа истрага ќе биде спроведена темелно и дека точно ќе дознаеме што се случило, за да можеме да ги решиме проблемите и да гарантираме дека Мисисипи ќе остане многу безбедно место“, истакна Лендри.Тагови: крузер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаСДСМ: Уште неколку членови од ЗНАМ 2.0 официјално се приклучија на организираната криминална група!Здружението ЗНАМ веќе не постои, тоа го покажуваат и анкетите на нивниот шеф Мицкоски. Партиските редови на СДСМ денес се почисти за неколку лица кои ровареле по партијата. Кога ги откривме сите оние кои за пари се обидуваат да ја спречат борбата против мафијата, неколкумина брзо-брзо преминаа во ЗНАМ - здружението на Максо Димитриевски, спонзорирано од Мицкоски. Здружението ЗНАМ веќе не постои, тоа го покажуваат и анкетите на нивниот шеф Мицкоски. Откако се дозна дека сè е договорено и под контрола на Мицкоски, пратеник, советници и цели групи луѓе го напуштија ЗНАМ. Денес, преминувањето во ЗНАМ е исто како некој во 1945 година да преминал кај четниците. За жал, на таквите не им е до Македонија, туку до ситни пари, не сфаќајќи дека самите се етикетирале за целиот живот. Соединетите Американски Држави, нашиот стратешки партнер, вчера во своето соопштение наведоа дека во Србија ќе ѝ помогнат на новата влада која го собори Вучиќ и дека ќе помогнат во расветлувањето на транснационалната криминална мрежа на Западен Балкан, која претставува опасност за Америка, но и за целиот регион. Кај нас овие деновите се расветлуваат случајот со Алта банка и перењето пари од дрога, криминал и корупција, а токму Максим Димитриевски учествуваше во носењето на таа банка, заедно со Мицкоски и директорот на БИА од Србија. Додека се работи на случајот со петте тони дрога, истата оваа група преминува во ЗНАМ, кај тој истиот Максо, познат по тендерот во Пошта, во време кога вработените немаа пари за плати, или по продажбата на плацот на компанијата Лидл и стекнувањето стотици илјади евра преку ноќ. Таквите повеќе не можат да бидат во нашите редови и подобро е што сега го покажуваат своето вистинско лице, отколку и понатаму да роварат против нас одвнатре. Додека граѓаните и поединци застануваат на страната на СДСМ и Фронтот за вистина и правда во борбата против бандата на власт предводена од Мицкоски, ЗНАМ се фали со своите нови платеници. ЗНАМ е сателит. И ЗНАМ 2.0 е алатка на Мицкоски. Максо го наплати предавството на партијата и гласачите. Сега ја извршува последната задача – да го собере она што им останало од нивната екипа во нашите редови. Сега сите се на исто место. Им благодариме. Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter