ДПМ одбележува 67 години од основањето - Канал 5

ДПМ одбележува 67 години од основањето

Во Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) денеска ќе се одржи собир по повод 67-годишнината од основањето на македонската писателска асоцијација.

ДПМ одбележува 67 години од основањето
За местото и улогата на Друштвото на писатели во изминатиот период ќе говори претседателот на ДПМ Раде Силјан и ќе бидат врачени наградите за најуспешни книжевни остварувања во 2013 година.

Добитници на високите признанија се: Братислав Ташковски со награда „Ацо Шопов“ за поезија, Венко Андоновски - награда „Стале Попов“ за проза, Владимир Мартиновски - наградата „Димитар Митрев“ за критика, Александар Кујунџиски - наградата „Ванчо Николески“ за книга за деца и Делвина Крлуку со награда „Книжевен мост“ за книга објавена на јазиците на националните заедници во Македонија.

Друштвото на писателите на Македонија е основано во 1947 година. Досега во македонската писателска асоцијација членувале околу 450 писатели од сите генерации.



Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски е спремен да се сретне со Путин во Турција, сака Ердоган да посредува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот лидер Владимир Путин во Турција.

Зеленски е спремен да се сретне со Путин во Турција, сака Ердоган да посредува

–Знам дека претседателот Ердоган има свои врски со Путин. Затоа го поддржуваме одржувањето на средбата во Турција – изјави Зеленски.

Според него, меѓу главните теми на евентуалната средба треба да бидат прекинот на огнот долж линијата на фронтот и воспоставувањето механизам за следење на почитувањето на постигнатите договори. Тој додаде дека лидерите треба да разговараат и за безбедносните гаранции, обновата на Украина и за статусот на окупираните територии.

Сепак, Зеленски ја отфрли можноста да ги прифати барањата на Путин Украина да го предаде Донбас или да го признае крим како руска територија, нагласувајќи дека таквите отстапки би биле спротивни на украинскиот устав.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Охридските нуркачи го чистеа дното на Охридското Езеро (ВИДЕО)

Нова акција за чистење на дното на Охридското Езеро.

Охридските нуркачи го чистеа дното на Охридското Езеро (ВИДЕО)

На видео објавено од нуркачкиот центар „Акватек“ се гледа како нуркачи собираат пластика, конзерви, стаклени шишиња и различен друг цврст отпад.

Акцијата се спровела на потегот од кампот „Градиште“ до „Вели Даб“, а проектот е финансиран од секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Државата планира современо лекување за паркинсон и алцхајмер во Македонија

Наместо електроди во мозокот да им се вградуваат во Турција, пациентите со Паркинсонова болест наскоро би можеле ваквите операции да ги прават и во Македонија.

Државата планира современо лекување за паркинсон и алцхајмер во Македонија

Државата планира да ја воведе длабоката мозочна стимулација, современа неврохируршка метода за контрола на нарушувањата во движењето, но и нови биолошки терапии за пациенти со Алцхајмерова болест. Методата на мозочна стимулација во светот се применува со децении, но кај нас допрва ќе се обучуваат тимови за нејзино спроведување.

Обуката на македонските лекари ќе ја спроведуваат експерти од Клиниката за неврологија во Љубљана. Оттаму сметаат дека воспоставувањето на методата во Македонија нема да биде тежок процес, а за дел од пациентите таа може да значи значително подобар квалитет на живот.

Според проценките, во Македонија има околу 24.000 лица со Алцхајмерова болест и други форми на деменција, додека бројот на пациенти со Паркинсонова болест, според министерот за здравство, е околу 5.000. Очекувањата се двете новини во лекувањето да станат достапни во земјава во текот на 2027 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер