ДПМ ќе го одбележи 70-годишниот јубилеј со свечен собир - Канал 5

ДПМ ќе го одбележи 70-годишниот јубилеј со свечен собир

Друштвото на писателите на Македонија денеска напладне ќе го прослави својот 70-ти роденден со свечен собир на кој ќе им бидат врачени наградите за најдобри книжевни остварувања на лауреатите за 2016 година.

ДПМ ќе го одбележи 70-годишниот јубилеј со свечен собир
Наградата „Ацо Шопов“ за поезија ја доби Гордана Михаилова-Бошнакоска, добитник на наградата за проза „Стале Попов“ е Лилјана Пандева, наградата „Димитар Митрев“ за критика и есеистика и се доделува на Кристина Николовска, а Александар Поповски е добитник на наградата за литература за деца „Ванчо Николески“.

Од 540 членови на Друштвото на писателите на Македонија, триесет членуваат повеќе од половина век. Тоа се писателите: Матеја Матевски, Цане Андреевски, Методија Фотев, Милан Ѓурчинов, Илхами Емин, Благоја Иванов, Влада Урошевиќ, Јован Павловски, Георги Сталев, Оливера Николова, Радован Павловски, Душко Родев, Георги Старделов, Божин Павловски, Михаил Ренџов, Јован Стрезовски, Видое Видически, Фахри Каја, Миле Неделкоски, Гордана Михаилова Бошнакоска, Владимир Костов, Луан Старова, Ристо Јачев, Иван Ивановски, Нусред Дишо, Трајан Петровски, Стојан Тарапуза, Иван Чаповски, Александар Поповски и Милан Терзовски.

ДПМ соопшти дека по повод својот роденден на посебна манифестација ќе изложи избор од десетиците книги на овие писатели затоа што нивните естетски дострели, како што посочува, претставуваат константа на богатиот и буен развој на современата македонска литература.

По повод 70-годишниот јубилеј од формирањето, ДПМ ќе им подари по илјада книги на библиотеките на основните училишта „Блаже Конески“ и „Ацо Шопов“ и на библиотеката на читалиштето „Славко Јаневски“ во Скопје, именувани по основоположниците на македонската писателска асоцијација.

ДПМ соопшти и дека на денешниот свечен собир ќе му додели Повелба на стопанственикот Трифун Костовски кој по повод 70 години од неговото формирање донирал 100.000 денари.

- По повод овој чин, ДПМ на Трифун Костовски, чија фондација при МАНУ со години е редок пример на вложувања во областа на науката и уметноста, му изразува јавна благодарност за неговата поддршка на културните и творечките процеси. Во знак на признателност, на Костовски ќе му биде предадена Повелба на ДПМ за осведочен поттикнувач на вредностите во културата и поклоник на големото дело на Блаже Конески, првиот претседател на македонската писателска асоцијација, информираше ДПМ.

На 13 февруари 1947 ДПМ е формирано како професионално здружение на писателите од Македонија од страна на: Васил Иљоски, Блаже Конески, Ристо Крле, Славко Јаневски, Владо Малески, Димитар Митрев, Иван Точко и Ацо Шопов. За прв претседател на ДПМ бил избран Блаже Конески.

Во изминатите седум децении во ДПМ членувале 540 писатели кои создале илјадници дела во областа на поезијата, романот, расказот, драмата, критиката, есеистиката и литературата за деца.

ДПМ го издава списанието „Стожер“ и ги доделува годишните награди „Ацо Шопов“, „Стале Попов“, „Димитар Митрев“ и „Ванчо Николески“, како и наградите „Книжевен жезол“ - за поетски опус со високи естетски вредности и „Книжевен мост“ - за дело објавено на некој од јазиците на националностите во Македонија. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Објавена е листа на 10-те најдобри европски дестинации за есен

Европа нуди долга и разновидна есен, со пејзажи кои се движат од планински долини и шуми до лозја, од кои сите добиваат препознатливи сезонски бои.

Објавена е листа на 10-те најдобри европски дестинации за есен

Европа може да биде навистина убава за време на есента, па затоа е објавена листа од десет европски дестинации во кои навистина може да се ужива по летото.

10 европски дестинации за посета за време на есента:

1. Езерото Блед, Словенија

2. Баварските Алпи, Германија

3. Езерскиот округ, Англија

4. Трансилванија, Романија

5. Пертшир, Шкотска

6. Доломити, Италија

7. Долина на Лоара, Франција

8. Лапонија, Финска

9. Долина Дуро, Португалија

10. Национален парк Плитвички Езера, Хрватска

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Брод нападнат во близина на оманскиот брег, морнар исчезнат

Индија соопшти дека 13 членови на екипажот се спасени, додека едно лице сè уште се води како исчезнато по нападот врз брод во близина на оманскиот брег во Ормузскиот теснец.

Брод нападнат во близина на оманскиот брег, морнар исчезнат

Осудувајќи го нападот врз трговскиот брод МТ Ел Гаја, индиското министерство за надворешни работи соопшти дека 14 индиски членови на екипажот биле на бродот во времето на нападот, а еден сè уште се води како исчезнат.

„Нашата амбасада во Оман внимателно ја следи ситуацијата и проактивно се координира со оманските власти во тековната операција за пребарување и спасување. Им благодариме на оманските власти за нивната поддршка во спасувањето на нашите државјани“, соопшти министерството.

Повикувајќи на „итна деескалација и дијалог и дипломатија за да се донесе мир во регионот“, Њу Делхи рече дека „таргетирањето на трговските бродови, морнарите, цивилите и цивилната инфраструктура во регионот е неприфатливо“.

Ситуацијата во теснецот не се смирува

„Исто така, повикуваме на итно враќање на слободната и безбедна пловидба и протокот на трговија преку меѓународните водни патишта во регионот“, соопшти министерството.

Британскиот орган за поморски трговски операции (UKMTO) соопшти рано во неделата дека брод што минувал низ Ормускиот теснец бил погоден од неидентификувана муниција.

Во соопштението објавено на интернет се вели дека нема достапни информации за состојбата на екипажот, обемот на штетата или потенцијалното влијание на бродот врз околната средина.

Поморскиот орган соопшти дека е во тек истрага и им советува на бродовите да продолжат да пловат со претпазливост и да пријавуваат каква било сомнителна активност.

Сообраќајот низ критичниот Ормуски теснец останува далеку под нивоата забележани пред почетокот на војната меѓу САД и Иран во февруари оваа година, поради тековните безбедносни ризици и нападите врз трговски бродови што минуваат низ регионалните води.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на општина Брвеница

Ноќеска на полноќ заврши рокот за поднесување кандидатски листи за предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, соопшти Државната изборна комисија.

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на општина Брвеница

Според ДИК, поднесени се вкупно шест кандидатски листи, од кои четири од коалиции и две од групи избирачи.

-За предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, поднесени се вкупно 6 листи на кандидати, од кои четири листи се поднесени од коалиција а две листи од група избирачи

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер