ДПМ ги соопшти делата во потесен круг за неговите годишни награди - Канал 5

ДПМ ги соопшти делата во потесен круг за неговите годишни награди

ДПМ ги соопшти делата во потесен круг за неговите годишни награди, свеченото доделување ќе биде на 18 септември.

ДПМ ги соопшти делата во потесен круг за неговите годишни награди

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) соопшти дека на конкурсот за годишните награди за 2023 година се пријавиле вкупно 35 дела и ги соопшти тие што влегле во тесен избор за награда, а изборот ќе го направат жири-комисиите за секоја од наградите.

ДПМ наведува дека во согласност со Деловникот за работа на жири-комисиите за доделување на годишните награди, секој од членовите на жиријата доставува бодовник, со кој од еден до пет бода поддржува пет наслови. Верификациската комисија од Управниот одбор на ДПМ на крајот го пресметува збирот на бодови.

За наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело се пријавиле четиринаесет дела, а во полуфиналниот круг влегле седум наслови:. „Не кажувам“ - роман од Петар Андоновски („Полица“); „Мина“ - роман од Игор Анѓелков („Или-или“); „Во трка за животот“ - роман од Петре Димовски („Дијалог“); „Ако се родат некакви чувства“, - роман од Блаже Миневски („Матица“); „Заборав“ - роман од Томислав Османли („ВиГ Зеница“); „Сè уште можам нешто да сторам“ - роман од Фросина Пармаковска („Или-или“) и „Вонземјанки“ - збирка раскази од Влада Урошевиќ („Или-или“).

За наградата „Ацо Шопов“ за најдобра книга поезија пријавени се седум дела, а во полуфиналниот круг, поради израмнет број бодови кај некои од конкурентите, влегле шест наслови: „Коњски житија“ од Зоран Анчевски („Арс ламина“); „Ден-година“ од Тихомир Јанчовски (самиздат); „Умоверзум“ од Фима Клетникова („Макавеј“); „За сите времиња“ од Братислав Ташковски („ПНВ публикации“); „На врв на јазикот“ од Катица Ќулавкова („Арс ламина“) и „Поинаков сон“ од Ивица Челиковиќ („Караманови средби“).

За наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади биле пријавени шест дела. ДПМ посочува дека поради малиот број конкуренти, вториот круг за оваа награда е воедно и финален, а во него влегуваат три наслови: „На крилјата на самовилското коњче“ од Александра Велинова („Едука Мак“); „Рокчето“ од Никола Маџиров („Арс Ламина“) и „Земјата на заборавените сказни“ од Билјана Црвенковска („Чудна шума“).

За наградата „Димитар Митрев“ за најдобра книга критика и есеистика пријавени се осум дела. Во вториот, полуфинален круг, влегле пет наслови: „Просто и строго – Конески“ од Иван Антоновски („Матица“); „Птици во аквариум“ од Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ („Полица“); „Тажен и прекрасен свет“ од Дејан Трајковски („Прозарт“); „Живот во ролни“ од Горан Тренчовски (самиздат) и „Два опита (Конески и Старделов)“ од Ивица Џепароски (Филозофски факултет).

-Засега се познати финалистите само за наградата „Ванчо Николески“. Финалистите за трите други награди се планира да бидат објавени на 10 септември, по вториот круг гласање на жири-комисиите. Во однос на наградата „Мост“ за најдобро дело објавено на некој од јазиците на националностите во Република Северна Македонија, рокот за достава на книги и на преводи до ДПМ е продолжен до 1 септември (недела), информира писателската асоцијација.

Годишните награди на ДПМ за 2023 година се доделуваат вонредно, со задоцнување и надвор од вообичаениот термин во февруари. Како што соопшшти ДПМ, свеченото врачување ќе биде на 18 септември 2024 во неговите простории.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саем на домашна храна „вкуси ја традицијата“ денеска во Градски парк кај Школка

Во Градскиот парк, кај Школка, денеска се одржува саемот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“. 

Саем на домашна храна „вкуси ја традицијата“ денеска во Градски парк кај Школка

Посетителите имаат можност да дегустираат и органски производи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации

141.891 лице со дијабетес има во Македонија. Во 2025 година  биле евидентирани нови 6.614 новодијагностицирани случаи, покажуваат податоците од националниот регистар на Институтот за јавно здравје. 

Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации

По повод 14 ноември, Светскиот ден на дијабетесот годинава се одбележува под мотото „рано дејствување против дијабетесот“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус, од сега очекувам само раст

Индустриското производство бележи позитивни движења.

Мицкоски: Дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус, од сега очекувам само раст

Прометот во индустријата е зголемен за над 5,5 отсто во споредба со третиот квартал минатата година, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер