Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
2Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
КултураДПМ ги објави полуфиналистите за петте годишни награди за 2025Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) соопшти дека членовите на анонимните жири-комисии кои решаваат за добитниците на петте традиционални годишни награди од пристигнатите дела на конкурсот.Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) соопшти дека членовите на анонимните жири-комисии кои решаваат за добитниците на петте традиционални годишни награди од пристигнатите дела на конкурсот, ги избрале насловите што влегуваат во полуфиналниот круг. Од 17 дела во трка за наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело објавено во 2025 година, избрани се осум наслови: „Ќе помине и моќта“ од Ирена Јурчева („Три“); „Каде леташ, Јулија?“ од Хана Корнети („Или-или“); „Единаесет проверени начини како да ја заебеш љубовта“ од Драгана Лукан Николоски („Чудна шума“); „Зара Зарина“ од Лилјана Пандева („ПНВ публикации“); „Кривата Дијана“ од Фросина Пармаковска („Арс Ламина“); „Арагон“ од Михајло Свидерски („Антолог“); „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска („Арс Ламина“) и „Повратник со две лица“ од Ивица Челиковиќ („Три“). Од 16 кандидати за наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска збирка објавена минатата година, во полуфиналниот круг влегуваат осум наслови: „Царски рез на небото“ од Даниела Андоновска-Трајковска („Матица“); „Скршена тишина“ од Елизабета Бандиловска („Бата прес милениум“); „Со една четка два зајака“ од Владимир Мартиновски („Арс Ламина“); „Часови без часовник“ од Владимир Мартиновски („Арс Ламина“); „Видение на седумте реки: сенки и морници“ од Зоран Пејковски („ПНВ публикации“); „Чувари на малите нешта“ од Ана Пејчинова („Или-или“); „Записи на идниот старец“ од Братислав Ташковски („Макавеј“) и „Вообразби (лирски етиди од некој друг свет)“ од Бранко Цветкоски („Макавеј“). Од вкупно 13 дела пријавени за наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади објавена во 2025 година, во полуфиналниот круг влегуваат следните седум наслови:„Тринаесеттиот“ – Лидија Димковска („Три“); „Мали приказни за големи сонувачи“ од Владо Димовски („Поинтер“); „Илина и тајните на Бабин заб“ од Хана Корнети („Или-или“); „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски („Арс Ламина“); „Стапка по стапка, од Дојран до Попова Шапка“ од Васил Мукаетов („Панили“); „Додо, вонземјанинот и мачорот“ од Фросина Пармаковска (самиздат) и „Орден и значки“ од Стојан Тарапуза („Панили“). За наградата „Димитар Митрев“ за најдобра книга есеи во 2025 година конкурираат четири дела и тие воедно се сметаат за финалисти: „Филмско око“ од Игор Анѓелков („Или-или“); „Час по незадолжителна лектира“ од Весна Мојсова-Чепишевска („Матица“); „Враќањето на Орфеј“ од Сузана В. Спасовска („Полица“) и „Книжевни созвучја и огледала“ од Елизабета Шелева („Сивејан“). За наградата „Мост“ која Друштвото на писателите на Македонија ја доделува за книга објавена на некој од јазиците што ги зборуваат заедниците во Македонија, пријавени се три дела: „Embsuame Paskajore” („Инфинитивна поука“) од Ахмет Селмани („Академска мисла“); „Pronicanje tišine” („Проникнување на тишината“) од Љерка Тот Наумова („Академска мисла“) и „Аtdheu: burrë pa grua” („Татковината: маж без жена“) од Каљош Челику (Сојуз на писатели Албанци на Македонија). ДПМ информира дека во наредните денови членовите на жири-комисиите ќе гласаат за делата што ќе влезат во најтесен избор. Финалистите за наградите „Стале Попов“, „Ацо Шопов“ и „Ванчо Николески“ ќе бидат познати на 3 февруари, додека добитниците на сите пет награди ќе бидат соопштени на прес-конференција на 10 февруари. Наградите ќе бидат врачени на 13 февруари 2026, кога ДПМ ќе одбележи 79 години постоење. Тагови: ДПМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МетеоУтре променливо облачно со температура дури до 25 степени, заладување од сабота Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 12 Попова Шапка, 14 Зајчев Рид, Тетово, Крушево, 15 Лазарополе, 16 Струмица, Претор, 17 Велес, Скопје Петровец, Демир Капија, Гевгелија, 18 Охрид, Кавадарци, 19 Штип, 20 Виница, Берово, Прилеп, 21 Крива Паланка, Битола. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше променливо облачно со слаб до умерен, наместа повремено засилен, ветер од јужен правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизРазбојници упаднеле на имотот на Крис Хемсворт и му украле три автомобили (ФОТО)Вооружени крадци провалиле во имотот на актерот Крис Хемсворт и неговата сопруга Елса Патаки во Австралија и украле три автомобили. Провалувањето се случило во раните утрински часови во среда на имотот вреден 75 милиони долари во Брокен Хед, јужно од Бајрон Беј, каде што парот живее со своите три деца, објавува Дејли Меил. Елса Патаки ја разбудило лаење на кучињата Полицијата потврди дека добила пријава за провалата околу 7:30 часот во среда. Според извор близок до парот, Елса Патаки ја разбудило лаење на кучиња околу два часот наутро, но не се посомневала дека нешто се случува, па продолжила да спие. Дури подоцна тоа утро, откако ги прегледала снимките од надзорните камери, открила што се случило. Видеата прикажуваат четири мажи со фантоми на главите, од кои двајца се вооружени со ножеви. View this post on Instagram A post shared by Elsa Pataky (@elsapataky) Крадците скокнале преку оградата и влегле во гаражата, каде што имало автомобили каде што биле оставени клучевите. Тие украле три возила, едно BYD, едно Ram и едно Ford Raptor. Оттогаш се пронајдени две возила, едното во Кораки, на околу еден час возење од имотот, а другото во Табулам, на повеќе од два часа возење. Третото возило сè уште се бара. Имотот познат како „Тврдина Хемсворт“ Хемсворт и Патаки го купиле земјиштето во 2014 година за седум милиони долари, а потоа на него изградиле луксузен комплекс, кој меѓу локалното население добил прекар „Тврдина Хемсворт“. Имотот се простира на 4,2 хектари покрај брегот, опкружен со шума и скриен од јавноста. View this post on Instagram A post shared by Elsa Pataky (@elsapataky) Главната куќа има шест спални соби, базен од 50 метри, спа центар, приватно кино, теретана и сала за боулинг со две ленти. Имотот има и стотици соларни панели и систем за видео надзор. Двојката неодамна инвестираше речиси 150.000 долари во изградба на професионално тениско игралиште, а имотот вклучува и патека за мотокрос. Според експертите за недвижности, вредноста на имотот денес би можела значително да надмине 75 милиони долари. Полицијата ја истражува кражбата Полицијата на Нов Јужен Велс потврди дека истрагата е во тек. „Полицијата го обезбеди местото на настанот и започна истрага за околностите на инцидентот“, рече портпаролот. Досега никој не е обвинет за кражбата, а полицијата ги повика сите што имаат информации за случајот да контактираат со „Крајм Стоперс“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Уплашена власт – со ситни игранки не дозволи опозициски пратенички прашања во СобраниетоКолку многу е уплашена власта на Мицкоски се виде денеска и во македонското Собрание.Со ситни игранки, барање пауза и од нивниот сателит ЗНАМ и со прекршување на деловникот не дозволија опозициски пратенички прашања. Претседателот на Собранието Африм Гаши паузите ги пресмета во времето од два часа за седницата и со тоа пропаднаа пратеничките прашања. Не беше поставено ниту едно прашање. Мицкоски и неговата организирана криминална група се плашат од вистината. Паниката е огромна. Откако Мицкоски вчера беше фатен жив како лаже на надзорната расправа за Алта банка, откако на сите им е кристално јасно дека тој и Трајко Славески се главни виновници кои ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ во Македонија. Никако да им стане јасно дека бегање од вистината нема и таа ќе исплива на површна. А потоа следува и одговорност, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20