ДПА: Франција, Белгија и Нов Зеланд се подготвуваат денеска да ја признаат Палестина - Канал 5

ДПА: Франција, Белгија и Нов Зеланд се подготвуваат денеска да ја признаат Палестина

 За време на денешната Конференција на ОН во Њујорк неколку земји планираат формално да признаат палестинска држава, што се организира пред годишниот собир на светските лидери на Генералното собрание на Обединетите нации, јави ДПА.

ДПА: Франција, Белгија и Нов Зеланд се подготвуваат денеска да ја признаат Палестина

Францускиот претседател Емануел Макрон е домаќин на конференцијата на ОН заедно со Саудиска Арабија, која започнува во 15 часот (19 часот по Гринич), за да го промовира решението за две држави.

Покрај Франција, Белгија и Нов Зеланд објавија или посочија планови за признавање на Палестина и покрај жестокото противење на Израел, пренесува ДПА.

Велика Британија, Канада и Австралија овој чекор го направија вчера, станувајќи првите големи западни економии што ја признаа палестинската државност. На денешната конференција исто така свои говори ќе имаат и британскиот премиер Кир Стармер и канадскиот премиер Марк Карни, најавува германската агенција.

Земјите учеснички имаат за цел да ги одржат живи надежите за дипломатско решение што предвидува палестинска држава покрај Израел.

Критичарите предупредуваат дека притисокот врз Израел може дополнително да ги ескалира тензиите.

Израел и неговиот сојузник, САД, ја бојкотираат конференцијата. Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул ќе присуствува како поддржувач на решението за две држави, иако Берлин моментално се спротивставува на формалното признавање на Палестина.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас ќе учествува преку видео врска откако администрацијата на Трамп му одби виза, потсетува ДПА.

Годишната Генерална дебата на ОН започнува утре, на неа се очекува да присуствуваат околу 150 шефови на држави и влади.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Менаџерот на Винисиус е во Лондон, откриено колку Арсенал би платил за него

Менаџерот на бразилската фудбалска ѕвезда, Винисиус Жуниор објави фотографија пред неговиот лет за Лондон

Менаџерот на Винисиус е во Лондон, откриено колку Арсенал би платил за него

За Винисиус Жуниор во Реал Мадрид пристигна момент на одлука, пренесува „Ас“. Бразилецот треба да се сретне со Жозе Мурињо и со претставници на клубот за да разговараат за неговата иднина.

Доколку не се постигне договор за нов договор, станува сè поверојатно дека тој би можел да го напушти клубот ова лето.

Според овие информации, Реал Мадрид нема намера да ја подобри својата понуда за продолжување на договорот и очекува брза и јасна одлука од Винисиус. Во меѓувреме, Арсенал продолжува да ја следи ситуацијата и е подготвен да преземе чекори за ангажирање на бразилскиот напаѓач.

Колку би платил Арсенал за Винисиус?

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, ја презеде контролата врз „операцијата Винисиус“.

Шпанскиот весник „АС“ пренесува дека Арсенал е подготвен да плати 150 милиони евра за Винисиус.

Ова би бил најголемиот дојдовен трансфер во историјата на лондонскиот клуб. Рекордот моментално го држи Деклан Рајс, кого Арсенал го ангажираше за 116 милиони евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи национална идеологија да станат омразата и песимизмот

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи национална идеологија да станат омразата и песимизмот кои ги шират луѓе што секој викенд се на јахти и договараат нови предавства

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи национална идеологија да станат омразата и песимизмот

Во историјата една држава и народ, секоја генерација си има свои предизвици и борби, така и Македонците и македонската држава.

Додека претходните генерации се бореле слободна и самостојна држава, кога започна со славното Илинденско востание во 1903 година и првата република на Балканот, Крушевската Република, па продолжи со вториот Илинден и првото заседание на АСНОМ во 1944 година, новата генерација политичари имаат поинаква, но не помалку тешка обврска и задача.

Задачата на новата генерација е да ја зачува Македонија силна, да ја направи економски просперитетна, праведна и повторно да ја направи земја во која луѓето ќе веруваат дека вреди да се остане, да се работи, да се создава, да се основа семејство и да се гради иднината дома, во својата татковина.

И оваа битка е подеднакво тешка затоа што освен надвор, борбата треба да ја водиме и дома, затоа што во државата имаме политички гарнитури кои за власт се спремни да распродадат се што останало од националните обележја, тоа што нивните претходници не успеаја да распродадат.

И така, чекајќи некој да ги донесе на власт во замена за нови предавства, наместо натпревар со идеи, концепти и предлози, создаваат хистерија, шират лаги, омраза, дефетизам дека оваа држава нема да успее и дека единствениот излез за младите генерации е билет во еден правец.

Но, тоа што им порачуваме, ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да се откаже од борбата да ја направиме Македонија подобро место за живеење, заеднички дом за сите и иднина. Народот никогаш нема да биде разочаран и никогаш нема да биде прифатено однесувањето од минатото на отстапки од националните идентитетски прашањата на евроинтегративниот пат, по ниедна цена.

Затоа ги повикуваме граѓаните да не паѓаат во замката на талогот кој борците за власт со предавства, а не со победа на избори и натпревар од добри идеи и програми, го создаваат. На нив не може да им се верува, тие на секој државен успех гледаат со цинизам и омраза

Обврска на сите нас е да се избориме со овој општествен слој, заеднички да го вратиме достоинството на чесниот и родољубив човек, да ја врати вербата во институциите, да ја зачува душата и повторно да ја направи надежта најсилна движечка сила на нашето општество.

Денес не се води само економска борба за повеќе инвестиции и за подобри услови за живот, туку и против домашните предавници и злонамерници и отровот кој го шират една иста група луѓе кои секој викенд се на јахти, договараат и се нудат за нови отстапки, заеднички со напатениот народ ќе биде спречен.

Исто така, битката за иднината на младите е одлучувачка и затоа ќе се избориме да изградиме држава во која законите важат за сите, со одлучна борба против криминалот и земја каде трудот се цени, а младите не се принудени да заминуваат.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи омразата и песимизмот да станат национална идеологија, туку ќе се избориме и заедно со народот ќе останеме исправени, обединети и достоинствени.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Тимчо Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија

Не постои земја во светот во која министер за надворешни работи јавно кажува дека води разговори за судбината на државата - но тие се тајна.

СДСМ: Тимчо Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија

Како може иднината на Македонија да биде тајна за нејзините граѓани?

Муцунски вели дека за разлика од претходната влада „тие не се попустливи“.

Да потсетиме:

• Христијан Мицкоски го нарече Преспанскиот договор „ремек-дело на дипломатијата“.

• Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека националниот идентитет, јазикот и културата се целосно заштитени и апсолвирани.

• Истиот Тимчо Муцунски изјави дека НАТО е одлична работа - не само за безбедноста на граѓаните, туку и за странските инвеститори (кои ги избркаа - инвестициите паднаа за 60% откако ВМРО-ОКГ ја превзеде власта).

Значи сите тројца го потврдија успехот на претходната влада и ја пофалија нејзината дипломатија.

За какви „попуштања“ зборува Муцунски?

Нивните лаги повеќе не се ни креативни. Нема веќе материјал за креативност.

Граѓаните ги прочитаа.

И уште нешто важно: претходната влада на СДСМ, покрај дипломатските успеси (НАТО и почеток на преговорите со ЕУ), беше пред сѐ транспарентна.

Не работеше зад затворени врати и далеку од очите на јавноста.

Единствена „тајна“ беше лажната пропаганда на ВМРО и Латас - истата што продолжува и денес.

Прашањето до граѓаните на Македонија е едноставно:

После сите лаги со кои ВМРО дојде на власт, после сите лаги со кои Мицкоски и ВМРО-ОКГ владеат - Дали му верувате на Тимчо Муцунски и на неговите тајни разговори што ги води во име на граѓаните и нивната иднина?

Дали му верувате на Мицкоски?

Скопје, 03.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер