Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
ЗдравјеДознавте дека имате псоријаза? Воведете шест промени во начинот на живот и исхранатаПсоријазата е хронично воспалително заболување на кожата кое се карактеризира со црвенило и задебелување на кожата покриена со сребрено-бели и суви лушпи. Промените најчесто се јавуваат на лактите, колената и скалпот, но може да се појават и на кој било друг дел од телото. Не постои лек за псоријаза, но преземањето соодветни чекори навреме може значително да помогне да се контролираат симптомите и да се намали создавањето на лушпи на кожата. Во одредени случаи, неопходно е значително да се прилагодат животните промени и исхраната доколку имате псоријаза. Дерматолозите и диететичарите за „Eating Well“ идентификуваа кои промени во исхраната и во начинот на живот луѓето со псоријаза треба да ги земат во предвид. „Псоријазата не е само состојба на кожата. Тоа е болест со потенцијални внатрешни манифестации како што се артритис, метаболички синдром, депресија, па дури и зголемен ризик од рак. Терапијата треба да вклучува третман на воспалението на кожата, како и третман на внатрешната состојба“, објаснува дерматологот Гери Голденберг за „Eating Well“. Јадете урамнотежена исхрана Хроничното воспаление е клучно во псоријазата, а изборот на исхрана може да помогне да се намали или да се влоши тоа воспаление. Како што известува Eating Well, една студија од 2022 година објавена во списанието Nutrients сугерира дека исхраната богата со овошје, зеленчук, интегрални житарки и омега-3 масни киселини, истовремено избегнувајќи алкохол, црвено месо и преработена храна, може да помогне во справувањето со псоријазата. „Урамнотежената исхрана може да помогне да се намали воспалението во третманот на псоријазата, балансираната исхрана исто така го зајакнува имунолошкиот систем и го подобрува здравјето на кожата. Покрај тоа, индексот на телесна маса (БМИ) што укажува на прекумерна тежина или дебелина, е поврзан со потешките форми на псоријаза. Одржувањето на здрава тежина преку урамнотежена исхрана може значително да ја намали сериозноста на симптомите“, вели диететичарот Триста Бест. Линдзи Бордоне, асистент професор на Одделот за дерматологија на Универзитетот Колумбија, за порталот истакнала: „Кај пациентите кои развиваат псоријаза откако ќе се здебелат, губењето на тежината може значително да ги намали симптомите. Во некои случаи, губењето на тежината може да доведе до значително помала псоријаза или враќање на кожата во почетната состојба." Фокусирајте се на противвоспалителни намирници Вклучувањето на противвоспалителни намирници во секојдневна исхрана е клучно за справување со псоријазата. Овошјето, зеленчукот, мешунките, рибата и интегралните житарки, го намалуваат воспалението и обезбедуваат клучни хранливи материи за регенерација на кожата и поддршка на имунолошкиот систем. „Најдобро е да вклучите лиснат зеленчук, бобинки, домати и разнобоен зеленчук поради нивната содржина на антиоксиданси. Внесете масна риба во исхраната, како лосос, скуша и сардини или растителни извори на омега-3 масни киселини како ленено семе, чиа, ореви за да го намалите воспалението“. – тврди жената диететичар Триста Бест. Голденберг додава дека диетата без глутен може да им помогне на некои луѓе. „Студиите сугерираат дека диетата без глутен може да ги намали симптомите на псоријаза дури и кај луѓе кои немаат алергија на глутен. Водењето дневник за исхраната со цел да се идентификуваат предизвикувачите исто така може да биде корисно“, објаснува тој. Избегнувајте да јадете храна што ја влошува состојбата Одредени намирници може да го влошат воспалението и да предизвикаат избивање на псоријазата. Бордоне тврди дека „алкохолот и стресот се двата најголеми предизвикувачи на псоријаза. Иако стресот е тешко да се контролира, избегнувањето алкохол е едноставна, но и значајна промена што можете да ја направите“. Вообичаени предизвикувачи се преработената храна, шеќерот, црвеното месо и глутенот. „Следењето на внесената храна и симптомите може да ви помогне да разберете како одредена храна влијае на вашата состојба“, истакнува диететичарот Бест. Бидете физички активни со редовно вежбање Како што известува Eating Well, според прегледот од 2022 година, редовното вежбање има бројни придобивки за луѓето со псоријаза, тоа придонесува во одржувањето на здрава тежина, во намалувањето на стресот и подобрувањето на расположението. Имајте предвид барем 150 минути умерена физичка активност неделно или 75 минути интензивни физички вежби неделно. „Вежбањето е клучно во справувањето со стресот и во зајакнувањето на имунолошкиот систем. Стресот е познат предизвикувач на псоријаза, а редовната физичка активност може да помогне да се намали“, вели Бордоне. Ефикасно справување со стресот Голденберг истакнува дека „намалувањето на стресот е клучно. Едноставните практики како медитација, јога или длабоко дишење можат да помогнат во регулирањето на нивото на кортизол и намалување на воспалението“. Обезбедете доволно квалитетен сон Не е тајна дека квалитетниот сон е клучен за здрав имунолошки систем и поздрава кожа. „Спиењето е еден од најважните фактори во справувањето со автоимуните состојби како што е псоријазата“, истакнува Бордоне. Националниот институт за здравје препорачува спиење од седум до девет часа ноќе за оптимално здравје. Стратегиите за подобар сон вклучуваат доследно време на заспивање и будење, рутина пред спиењето, избегнување екрани пред да спиете и ограничување на консумацијата на алкохол во доцните часови, известува Eating Well.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
МакедонијаСо изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.Тагови: Основен суд Кочани Пулс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавкиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки.Спорната одредба се однесуваше на мандатите на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.Со предложените измени се овозможуваше нивно повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати. Досегашното законско решение предвидуваше мандат од пет години, со право на уште еден избор.Тоа значи дека членовите можеа да ја извршуваат функцијата најмногу десет години. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за прогласување на законот токму поради оваа одредба.Таа оцени дека новата формулација е правно непрецизна и остава простор за неограничен број реизбори.Амандманот за бришење на членот го поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачкото мнозинство образложија дека со ова се прифаќаатзабелешките на претседателката. Од СДСМ реагираа дека и тие претходно предложиле исто решение.Опозицијата побара законот да биде повлечен и да се организира јавна расправа за новите измени.За законските измени беа поднесени вкупно 2.158 амандмани.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно со повремени сончеви периодиВрмето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди.Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок силен повремено многу силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57