ЗабаваДознајте први: Овие пет фризури ќе бидат вистински есенски хит!(фото)Новата сезона носи бројни едноставни но и ефектни трендови во коса.На есен може да се решите за промена на фризурата, а секако би било добро да го посетите фризерот по летото, затоа што сонцето и морето може да ги оштетат влакната, па е потребно да се скратат испуканите врвови. Доколку не сте сигурни каква фризура би требале да имате за да во претстојната сезона бидете „ин“ во продолжение ви преставуваме пет хит трендови за есен. I'm so happy for the launch of the new A/W collection Alaniz @Tiendas_paris campaign, they have the most amazing zipper trend! Check out the new collection here @alaniz.cl A post shared by Georgia May Jagger (@georgiamayjagger) on Mar 10, 2017 at 6:57am PST A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid) on Jun 4, 2018 at 7:47pm PDT La Ferrari ... to Jamba Juice 🥤 A post shared by Kylie (@kyliejenner) on Aug 14, 2018 at 7:53pm PDT A post shared by Ciara (@ciara) on May 21, 2018 at 3:57pm PDT On my way ..... A post shared by irinashayk (@irinashayk) on Jun 17, 2018 at 11:29am PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПронајдено тело на 38-годишен маж во близина на Смилковско езеро со прострелна рана на ногатаТело на 38-годишен маж утрово е пронајдено на скопската обиколница „Мајка Тереза“, во близина на селото Смилковци. Според официјалните информации од МВР станува збор за лицето Е.Ш. од селото Љубин. Покрај телото во близина бил пронајден и „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кој го управувал починатиот. При прегледот била забележана прострелна повреда во пределот на ногата а на лице место екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт. Од МВР информираат дека случајот бил пријавен утрово во 6 часот и 15 минути. Полициски екипи извршиле увид на местото, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција. Засега нема информации како настанала прострелната повреда ниту дали станува збор за убиство. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Полицијата и обвинителството работат на расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои починал 38-годишникот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара Со марш од градскиот плоштад, па до полицијата, охриѓани излегоа на мирен протест против фемицидот и насилството врз жени, поттикнати од последниот случај токму во Охрид кога 26-годишната Сара Ѓорѓиеска .Со марш од градскиот плоштад, па до полицијата, охриѓани излегоа на мирен протест против фемицидот и насилството врз жени, поттикнати од последниот случај токму во Охрид кога 26-годишната Сара Ѓорѓиеска на 15 ноември беше брутално претепана од својот 31-годишен партнер Кристијан Корабоски и фрлена од автомобил на улица. На протестот се појави и нејзиниот татко, Љупчо Ѓорѓиески кој покажа фотографии од неговата ќерка со модрици на лицето. – Ова е ќерка ми Сара, сакам ниту еден родител да не го види ова повеќе, да не го доживее, само толку можам,-изјави Љупчо Ѓорѓиески, татко на Сара Ѓорѓиеска, жртва на насилство. Со транспарент „Охрид Не молчит“ и ниту една повеќе, поголем број на граѓани преку минута молк им оддадоа почит на сите жртви од фемицид, а до институциите испратија барање за сериозно третирање на пријавите за насислтво врз жени. Револтот кај охриѓани, но и кај целата македонска јавност ескалираше откако на Корабоски, кој на Ѓорѓиеска во својот автомобил под дејство на алкохол и нанел тешки телесни повреди, првично му беа одредени само мерки за претпазливост. По притисокот од јавноста, Корабоски беше повторно повикан на распит, а против него е определен 30-дневен притвор и доби кривични пријави за три дела – Нанесување тешка телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста. Судењето против Корабоски ќе започне на 27 ноември во Основниот суд во Охрид. Токму со пораки против родово-базираното насислтво и фемицидот граѓанската организација „ниту една повеќе“ и платформата за родова еднаквост, вчера го блокираа булеварот Илинденска пред влада и побараа конкретни мерки за заштита на жените кои се жртви на насилство. Министрите за внатрешни работи и социјална политика Тошковски и Велковски пак, вчера на состанок со обвинителот Савески, договорија побрз институционален одговор и посилна меѓусебна координација при пријавите за семејно насилство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
СветМаск му зададе удар на Трамп: „Јас не сум MAGA“ Американскиот милијардер, најбогатиот човек на светот, Илон Маск изјави дека не припаѓа на движењето MAGA на претседателот Доналд Трамп, иако со години јавно го поддржуваше.Маск зборуваше за својот однос со движењето на Трамп во средата на самитот „Дилбук“ (DealBook Summit), организиран од „Њујорк тајмс“. „Не сум сигурен што воопшто значи MAGA, но ако тоа подразбира некаква слепа лојалност кон политиката на Републиканската партија, тогаш тоа секако не е нешто што ме опишува мене“, рече Маск, објаснувајќи го својот однос со движењето на Трамп. За време на претседателската кампања во 2024 година, Маск отворено го поддржа Трамп, учествуваше на неговите предизборни собири и носеше капи со натпис MAGA, што е кратенка за слоганот на Трамп: „Да ја направиме Америка повторно голема“ (Make America Great Again). На еден од предизборните собири на Трамп, тој изјави: „Јас не сум само MAGA, јас сум ’темен MAGA‘!“ Трамп му одговори Американскиот претседател Доналд Трамп ги коментираше изјавите на Маск во интервју за NBC News. Тој рече дека постојат различни толкувања на движењето MAGA, но исто така предупреди на последиците од отстапувањето од неговите принципи. „Постојат многу дефиниции“, рече Трамп за значењето на движењето MAGA. Тој додаде дека ова политичко движење има многу конкретно значење за него и дека оние што отстапуваат од неговите принципи не поминуваат добро.Тагови: Доналд Трамп Илон Маск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter