ЗабаваДознајте кој е вашиот порок според ѕвездитеОд што е зависен секој хороскопски знак?Овен Овенот е голем индивидуалец и владетел на огнот, па често во искушение го доведуваат алкохолот и цигарите. Штом еднаш овенот се навлече, навистина му е тешко да се откаже, бидејќи е тврдоглав. Овните сметаат дека со пушењето цигари или со антидепресивите се ослободуваат од стресот, а ги сакаат цигарите бидејќи сметаат дека со нив изгледаат гламурозно. Бик Бикот е многу стабилен знак, но не е премногу свесен за себе и за своите постапки кога се во прашање храната и пијалаците. Тие сакаат да ги задоволуваат сите свои сетила, па неретко претеруваат во тоа. Доколку се сексуално фрустрирани, тие знаат да пијат премногу или да се однесуваат агресивно, а доколку чувствуваат вина стануваат воркохолици. Близнаци Овој знак често го менува своето расположение и се обидува да го ублажи своето патење со различни пороци. Близнаците се најпознати по тоа што обожаваат да пушат цигари, но и многу лесно знаат да се навлечат на адреналински спортови. Неретко, тие се и сексуални зависници. Сепак, својата хиперактивност знаат да ја преточат и во креативно работење, па често се зависни и од работа и од интернет. Рак Раковите се водени од Месечината, па многу често го менуваат своето расположение. Воопшто не е необично за овој знак, да му се препушти на алкохолот кога е во лошо расположение. Кога е лут, бесот знае да го потисне со храна, а цигари пуши за да биде послаб. Лав Бидејќи лавовите сметаат дека се бесмртни, тие во текот на животот знаат да внесат од сите пороци по малку. Па така, знаат да бидат коцкари, неверници, да пушат, пијат и слично. Кога е во прашање неверноста, лавовите ѝ се препуштат кога чувствуваат емотивна нестабилност. Девица Напнатата девица е најголем зависник од работа, од сите знаци во зодијакот. Претставниците на овој знак често се опсесивно-компулсивни и можат да бидат многу вознемирени ако работите не се движат онака како што планирале. Во таквите ситуации, најчесто се осврнуваат на апчињата за смирување и на алкохолот. Многу од нив пушат цигари за да ја задржат својата идеална тежина. Вага Вагата е знак кој идеализира сè, а кога работите ќе тргнат во неочекуван правец, тие ќе се оддалечат од лошата реалност и ќе се препуштат на алкохолот и на другите пороци. Вагите се чувствуваат непријатно во моментите на посветеност, па често знаат да изневерат, сакајќи да го избегнат тоа. Тие исто така знаат да се навлечат на вежбање, па дури некогаш и да претераат. Скорпија Најголемиот секс-зависник во зодијакот обожава да води љубов, пиејќи алкохол и да троши многу пари на облека и скапи ресторани за да го импресионира спротивниот пол. Не сака луѓе кои не се модерни, а често пуши цигари за да ја зачува идеалната тежина и за да изгледа гламурозно. Стрелец Стрелците се љубопитни индивидуалисти кои знаат да западнат во финансиска криза поради својата потреба од патувања, која не можат да си ја дозволат. Бидејќи по природа се немирни, неверноста и сексуалната зависност, често им претставува проблем. Ова е еден од оние знаци кои веруваат дека се бесмртни, затоа не е необично да пијат, пушат и да се занимаваат со други пороци. Јарец Крутиот јарец е најмалку склон на пороци. Јарците се многу грижливи околу своето тело, па знаат да бидат зависни од вежбање. Бидејќи сакаат да изгледаат многу слабо, кај нив постои голем ризик од булимија или анорексија. Единствен порок кој го сакаат се цигарите. Водолија Овој знак обожава да истражува нови начини на размислување и сака да испробува различни перцепции. Луѓето родени во овој знак неретко се вегетаријанци. Знаат да одат од крајност во крајност, па нивната зависност може да ги излудува сите во нивната околина и да трае долго. Сепак, по некое време повторно почнуваат да се грижат за своето здравје. Риби Рибите се зависни од романтика. Тие сакаат да пијат за да ја заборават болката која ја чувствуваат во реалноста, бидејќи се многу чувствителен знак кого знае да го заболи срцето од многу причини. Лековите за смирување, исто така можат да створат зависност кај рибите. Бидејќи се имагинативни, во моментите на психичка слабост треба да внимаваат да не се препуштат на опијатиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Сидни Свини никогаш по провокативна Жежок спектакл со една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание. Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција. Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд. Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време. „Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници. Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови. На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето. Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги. Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира. Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаВселенско летало по осум години стигна до Меркур Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност. Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка. Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време. По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата. Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата. Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08