Во Порта Македонија изложба посветени на историските и културни врски во периодот меѓу двете светски војни
2Во Порта Македонија изложба посветени на историските и културни врски во периодот меѓу двете светски војни
3Скандалозната изјава на првиот човек на ФИФА: Џани Инфантино ја шокираше планетата пред почетокот на Светското првенство!
МакедонијаДоживуваме ли нов голем Ковид-19 пик? Неофицијално Канал 5 дозна дека нови заразени во Македонија се околу 160, а во Скопје околу 100Нашиот извор кој сака да остане анонимен а е од здравствениот систем вели дека и самите работници се вчудоневидени од растот на бројките на заразени особено во Скопје.Сепак, уште еднаш потврдуваме дека бројките се неофицијални и дека треба да се земат со резерва. Канал 5 ги замолува сите граѓани на нашата Македонија независно на која етничка верска заедница припаѓаат ,сериозно и венаш а ги применуваат сите препораки за заштита од овој опасен и смртоносен вирус: Маска задолжително да се носи во секој затворен простор, помалите маркетите да не дозволуваат да влегуваат муштерии без маски, зелените пазари да постават редари за да не дозволуваат и меѓу тезгите да пазаруваат муштерии без маски Очекуваме во текот на денот да ги добиеме точните информации за бројот на новозаболенитеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Зголемена поддршка за младите со Оперативниот план за вработување за 2026 годинаВладата предводена од ВМРО-ДПМНЕ активно работи на зајакнување на економијата и унапредување на пазарот на труд. Акцентот е ставен на отворање нови работни места и намалување на невработеноста.Преку мерката Самовработување-претприемништво се очекува отворање на над 2.000 нови работни места, a со мерката Поддршка за креирање нови работни места ќе се поддржи вработувањето на над 1.500 лица. Со овие две мерки се предвидува поддршка за повеќе од 3.500 лица. Чекорите што ги презема Владата се насочени со посебен фокус кон младите. Оперативниот план за 2026 година има за цел да создаде долгорочни ефекти преку програми за самовработување, практикантство, обуки и мерки за зголемување на конкурентноста и вештините на работната сила. Предвидено е стимулација за вработување на млади во производни капацитети, со што околу 3.500 млади лица до 23-годишна возраст ќе добиваат младински додаток во износ од 3.000 денари. Во 2025 година за првпат беа воведени мерки што директно ги таргетираат младите, а тоа е важен чекор во справувањето со невработеноста. Резултатите од Програмата за самовработување, преку која беа отворени околу 2.200 нови деловни субјекти, покажуваат дека ваквиот пристап има конкретен ефект во поттикнувањето на претприемништвото. Оперативниот план за 2026 година опфаќа над 10.000 лица и предвидува буџет од речиси 40 милиони евра, при што значителен дел од средствата е насочен директно кон мерки за вработување. Фокусот на младите останува конзистентен, со предвидено вклучување на 6.000 млади лица до 29 годишна возраст. Политиките на Владата во оваа област се насочени кон создавање поактивен и поинклузивен пазар на труд, со зголемена поддршка за младите, јасна ориентација кон економска стабилност и создавање услови за нивно задржување во земјата. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотСупер Ел Нињо се движи кон ЕвропаОгромна маса топла вода широка стотици милји се појави во Тихиот Океан, а експертите предупредуваат дека тоа е јасен знак за претстојниот климатски феномен познат како Супер Ел Нињо.Според официјалните податоци објавени од НАСА, сателитите ја регистрирале оваа аномалија во близина на брегот на Јужна Америка. „Брановите со покачени и потопли нивоа на водата се движат кон исток преку Тихиот Океан неколку месеци пред официјално да се манифестира Ел Нињо. Неколку такви бранови веќе се забележани во сателитските податоци од 2026 година“, соопшти НАСА. Овие алармантни податоци доаѓаат од сателитот „Михаел Фрајлих Сентинел-6“, кој НАСА го лансираше во 2020 година. На секои десет дена, ова вселенско летало детално ја мери и мапира висината на океанот. Во случај на развој на Ел Нињо, неговата примарна задача е рано откривање и следење на таканаречените топли Калвинови бранови. The 2026 El Nino is here, formally declared by NOAA. It's development is seen here in the sea surface temperature anomalies from December 2025 to June 2026. Uses images from NASA Worldview #ELNino #ElNino2026 pic.twitter.com/3PY1GF8mAi — YouStorm (@YouStormorg) June 11, 2026 Како што објаснуваат експертите, Ел Нињо се развива кога се формираат неколку последователни Калвинови бранови во текот на неколку месеци, како резултат на тоа што топла вода се акумулира по должината на бреговите на Колумбија, Еквадор и Перу. Кон средината на мај, нивото на морето покрај брегот на Перу беше за повеќе од 15 сантиметри повисоко од вообичаениот просек, што е доказ за огромната енергија што се акумулира во океанот. „Иако феноменот оваа година започна малку подоцна во споредба со големите бранови на Ел Нињо од 2015 и 1997 година, тој веќе почнува да го достигнува заостанувањето. Ќе видиме колку е навистина силен во наредниот период“, додаде Џош Вилис од Лабораторијата за млазен погон (JPL) во НАСА. Во исто време, Светската метеоролошка организација предупредува дека со доаѓањето на Ел Нињо се очекуваат температури над просекот во речиси сите делови од светот. Најизразени топлотни бранови се прогнозираат за Европа, Северна Африка, голем дел од Азија, Централна Америка и Карибите.Тагови: Ел Нињо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
КултураВо Порта Македонија изложба посветени на историските и културни врски во периодот меѓу двете светски војниАмбасадата на Италија во Македонија, во соработка со НУ Музеј на македонската борба за самостојност, на 15 јуни 2026 година во 17:00 часот во Порта Македонија во Скопје организира предавање и изложба посветени на историските и културни врски</.Амбасадата на Италија во Македонија, во соработка со НУ Музеј на македонската борба за самостојност, на 15 јуни 2026 година во 17:00 часот во Порта Македонија во Скопје организира предавање и изложба посветени на историските и културни врски во периодот меѓу двете светски војни во периодот меѓу двете светски војни, во координација на м-р Даниела Николова. Во рамките на програмата, историчарот проф. Фабио Котифава ќе одржи предавање на тема „Италијанската експедиција на Македонскиот фронт во Големата војна: човечката димензија на конфликтот“. Предавањето ќе понуди нови согледувања за улогата на италијанските сили на Македонскиот фронт и за човечките судбини обликувани од воениот конфликт. По предавањето ќе биде отворена изложбата „Од другата страна на фронтот“, чии автори се м-р Даниела Николова, кустос советник, и Даниела Митевска, кустос од НУ Музеј на македонската борба за самостојност. Изложбата претставува избор на репродукции од делата на италијанскиот сликар Алфонсо Коради (1869–1957), кој престојувал во земјата за време на Првата светска војна. Преку неговите цртежи, слики и поштенски картички се документирани македонските предели, населби и секојдневниот живот во годините на воениот конфликт, оставајќи драгоцено визуелно сведоштво за еден значаен период од историјата на земјата и заедничко историско наследство што ги поврзува Италија и Македонија. Настанот е дел од заложбите за продлабочување на културната соработка меѓу Италија и Македонија и за промоција на историските и културните врски меѓу двата народа. Влезот е слободен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook