Штерјова: Савески да постапи по кривичните пријави од СДСМ - одговорност за труењето во Гостивар и тепањето млади
2Штерјова: Савески да постапи по кривичните пријави од СДСМ - одговорност за труењето во Гостивар и тепањето млади
3Јаревски: Историски договори за повисоки плати во здравство, образование, администрација, безбедност
3Хали Бери го прославува 60-тиот роденден со жешки фотографии: „Не ми е гајле што мислат другите луѓе“
БалканДоживотен паричен надомест ќе добива ранетата наставничка од училиштето во Белград Владата на Република Србија на денешната седница ја донесе Одлуката за посебно јавно признание за наставничката по историја во ОУ „Владислав Рибникар“ од Белград Татјана Стевановиќ.Владата на Република Србија на денешната седница ја донесе Одлуката за посебно јавно признание за наставничката по историја во ОУ „Владислав Рибникар“ од Белград Татјана Стевановиќ, како израз на поддршка и почит за нејзината лична храброст кога таа била повредена во масовното пукање на 3 мај 2023 година, објави српски Телеграф. Иницијативата за доделување вакво признание на наставничката Татјана Стевановиќ ја покрена група наставници и ученици од ОУ „Владислав Рибникар“, за што беа собрани повеќе од 13.000 потписи на граѓани за исклучителниот и единствен случај на доделување на јавно признание во форма на доживотен месечен надомест, и дека предложената мерка достигна размери кои имаат општо значење, Владата на Србија одлучила да ја прифати оваа иницијатива, која доаѓа од образовниот систем и е широко поддржана меѓу граѓаните. Од Владата објавија дека масовното пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ е случај кој продолжува да ја тресе јавноста, дека бара реакција од државата во повеќе правци, дека прифаќањето на поднесената иницијатива е начин за олеснување на материјалната состојба на ранетата наставничка, откако беше тешко ранета и со последици кои ќе ги трпи до крајот на животот, но и можност преку оваа мерка да се покаже солидарност и емпатија. Идејата дека ранетата наставничка по историја треба да добие некаков паричен надоместок, како додаток на месечните примања, кои би биле постојани, до крајот на животот, кој не е пренослив, но е редовен и кој би се исплаќал секој месец, а е во согласност со растот на трошоците, беше поддржан од Сојузот на независни синдикати на Белград.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВидео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
МакедонијаМОН: Пуштена во употреба нова спортска сала во ОУ „Круме Кепески“ во ПрипорСпортскиот објект со површина од 500 м², овозможува најсовремени услови за реализација на наставата по физичко образование и ќе придонесе за правилниот раст и развој на многу генерации.Во подрачниот објект на основното училиште „Круме Кепески“ во Припор, општина Кисела Вода, денес во употреба беше пуштена новоизградена спортска сала, за која преку повикот на Владата за реализација на капитални инфраструктурни проекти во општините, минатата година беа одвоени речиси 20 милиони денари. Спортскиот објект со површина од 500 м², овозможува најсовремени услови за реализација на наставата по физичко образование и ќе придонесе за правилниот раст и развој на многу генерации. На отворањето, во присуство на премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски и градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, честитајќи за успешно завршената инвестиција, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска рече дека Владата има стратегија за поквалитетно образование, а еден од приоритетите е забрзана модернизација на образовната инфраструктура. “Ќе потсетам дека за две години реализиравме инвестициски циклус од над 70 милиони евра во 90 инфраструктурни проекти во образованието. Овој проект е еден од нив, а дополнително тука во Кисела Вода во моментов градиме спортска сала во склоп на ОУ „Кузман Јосифовски – Питу“ и ги обновуваме спортските сали во рамки на централниот објект на „Круме Кепески“ и во рамки на ОУ „Кузман Шапкарев“ во Драчево“, рече Јаневска. Информираше дека наскоро започнува реализацијата на три нови проекти. „За да се воведе концептот на едносменска ефективна настава на целата територија на Кисела Вода, ќе го помогнеме проширувањето на капацитетите на три основни училишта. Едното е централниот објект на „Круме Кепески“, другото е „Кузман Шапкарев“ во Драчево и третото е „Рајко Жинзифов“ во Пинтија. Во сите три училишта ќе доградиме по 6 училници. Активностите во првото започнуваат кон крајот на оваа година, во другите две на пролет следната година“, додаде министерката. Упати пораката новата спортска сала да се користи интензивно, но и одговорно, за како што рече - да биде место за создавање спомени, спорт, постигнување успеси и за рекреација на сегашните, но и на многу нови генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВидео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
МакедонијаШтерјова: Савески да постапи по кривичните пријави од СДСМ - одговорност за труењето во Гостивар и тепањето младиПоминаа повеќе од пет недели од здравствената катастрофа во Гостивар а досега нема никој одговорен од власта.Цел град отруен од загадена вода, 5.000 граѓани завршија во болница, а одговорност сè уште нема. Функционери и политичари држат здравица, пијат вода пред камери а цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Срам и брука. А одговорност нула! Доколку јавниот обвинител Ненад Савески се врати од екскурзија прашуваме дали постапи по кривичните пријави поднесени од СДСМ? Дали утврди кој ќе одговара за здравствената катастрофа во Гостивар? Ги повика ли на распит Клековски, Андоновска, Мицкоски, Тошковски? Кој ќе одговара за изјавите дека водата е исправна да се користи како „техничка“ а потоа дека има многу различни бактерии? Зошто досега ниту еднаш не беше објавен јавен документ за анализата на водата во Гостивар? Повеќе од еден месец граѓаните слушаа различни и контрадикторни изјави од власта. Мицкоски велеше дека водата е исправна за техничка употреба, Ангелов и Клековски потврдија дека има бактерии, а Тошковски правеше хиперхлорирање. Официјален извештај и целосна анализа за водата пред јавноста немаше. За катастрофата во Гостивар мора да има политичка и кривична одоговорност. Исто и за нападот врз младите активисти во Ново Село. Поминаа денови од нападот, а јавноста сè уште нема одговор кој ќе одговара. Поднесените кривични пријави на СДСМ се за сериозни кривични дела. Не може Обвинителството да молчи. 5 тони дрога поминаа преку граница и за тоа никој не одговараше. Филмски заплени на 100 тони марихуана, најави и јавни обинувања и на крај ништо. Бараме итно Обвинителството да постапи по кривичните пријави кои ги поднесе СДСМ. Итна постапка од обвинителот Савевски, доколку се вратил од екскурзијата, да утврди кој и врз основа на кои анализи денеска потпишал дека водата е безбедна. СДСМ нема да дозволи овие случаи да бидат ставени во фиока. За труењето во Гостивар мора да има одговорност. За нападот врз младите мора да има одговорност. За злоупотребата на полициски документи мора да има одговорност. Граѓаните не бараат здравици бараат одговорност! Прес-конференција на СДСМ, Кети Штерјова СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈаревски: Историски договори за повисоки плати во здравство, образование, администрација, безбедностВладата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го унапредува социјалниот дијалог и да создава услови за повисоки примања преку институционални решенија и колективно договарање. За првпат се постигна договор со синдикатите УПОЗ и САДО за повисоки плати на административните службеници, а кон договорот се приклучија и други синдикални организации. Со тоа за првпат по долг период се обезбедува системско подобрување на статусот на вработените во администрацијата. Од превземањето на обврската владата да ја предводи ВМРО-ДПМНЕ досега, за 20% се зголемени платите на просветните работници и на сите вработени во образованието. Согласно колективниот договор, вработените во основното и средно образование ќе добијат од 46 до 60% повисоки плати во еден мандат, а за 14% се зголемија платите и на универзитетските професори. Со потпишувањето на анексот на колективниот договор значително се зголемија и платите на сите вработени во македонското здравство. Согласно договорот платите на здравствените работници се зголемија за 4815 денари нето, додека зголемувањето за медицинските сестри изнесува дури ,200 денари и до крајот на мандатот покачувањето на платите треба да достигне дури 50%. По долги години во соработка и дијалог со претставници на синдикалните организации, колективен договор добија и вработените во Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, кој предвидува зголемување на надоместоците за вработените и подобрување на нивниот работен статус. Исто така се зголемија и платите на вработените во безбедносните структури кои преку јасен план ќе продолжат и понатаму да се зголемуваат. Со владата на ВМРО-ДПМНЕ никој не е заборавен. Сите работници го добиваат заслуженото внимание, грижа и паричен надоместок за својот труд. Ќе продолжиме да работиме исклучиво во интерес на граѓаните преку дијалог, партнерство и политики што обезбедуваат раст на платите, сигурни работни места и стабилен економски развој. Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВидео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21