Доставени три кандидатури за претседател на СДСМ, рокот истекува денеска во 16 часот - Канал 5

Доставени три кандидатури за претседател на СДСМ, рокот истекува денеска во 16 часот

 Димитар Ковачевски, Фросина Ременски и Властимир Алексовски засега се тројцата официјални кандидати за претседател на СДСМ.

Доставени три кандидатури за претседател на СДСМ, рокот истекува денеска во 16 часот

Рокот за поднесување кандидатури истекува попладнево во 16 часот. Дотогаш се очекува Јован Деспотовски да соопшти дали ќе биде четвртиот кандидат за партиски лидер, а можност за влез во изборната трка најави и Миле Зечевиќ.

-Сериозно размислувам за тоа. Член сум на партијата 25 години и сум поминал различни нивоа од почетното најниско, до член на највисоките раководни структури на партијата. Сметам дека имам реални резултати во мојот професионален ангажман така што сметам дека можам да понудам и нов концепт околу кој ќе се обединат не само партијата, туку и општеството. Одлуката не е лесна. Предизвикот е голем, времето е доста комплицирано и одговорноста е голема. Одлуката ќе ја соопштам утре, бидејќи сакам денеска да го искористам денот да се исконсултирам дополнително со моите најблиски и со моето семејство зашто и нив ги вовлекувам исто така во целата приказна, рече вчера Деспотовски.

Според него, добро е што има повеќе кандидатури зашто тоа, според него, го покажува демократскиот капацитет на партијата, но покажува и дека има луѓе што се подготвени во комплицирано време да понесат одговорност и да се справат со предизвиците.

– Мене само ме радува што има поголем број кандидати за лидерското место во партијата, но не мислам дека дискусијата треба да се води за тоа кој, туку за тоа каков човек треба да биде и како да им се излезе во пресрет на луѓето, а не на партијата, потенцира Деспотовски.

Ковачевски и Ременски кандидатурите за претседател на СДСМ ги поднесоа во средата, а Алексовски вчера.

Ковачевски ја достави и програмата „Заедно, одговорно и посветено" по што на својот фејсбук профил напиша дека „во време на предизвици со кои се соочува македонското општество одговорно е да се преземе чекор, да се делува".

-Да ја направиме СДСДМ ефикасна, организирана и посветена на решавање на проблемите. Заедно, одговорно и посветено. -Граѓаните бараат работа, решенија и многу одговорност. Tреба да извлечеме поуки и да направиме сериозни промени за да ја вратиме довербата, да го обединиме членството и брзо да се вратиме на победничка патека. За ова да го постигнеме мора да поставиме стручни и посветени луѓе на сите позиции кои ќе донесат вистинска промена и ќе работат одговорно. Верувам дека само вака ќе ја вратиме довербата на граѓаните во институциите, но и дека ние како држава можеме и умееме сами. Мој приоритет ќе биде домашната политика, ефикасно работење и реализација како и подобрување на економскиот стандард на граѓаните, наведе Ковачевски.

Ременски, пак, очекува натпревар на умови и идеи.

-Драго ми е што оваа прва кандидатура внесе силна и решителна женска енергија во деновите на женскиот активизам кога сите ние се бориме против секаков вид на насилство, говор на омраза и дискриминација на жените воопшто, па и во политиката. Ќе покажам дека СДСМ може да победува со женска енергија и дека политиката не е само машка работа. Таа е повеќе од уметност на менаџирање со ставови и храбри идеи во кои жените се вистински мајстори и пионери. Очекувам натпревар на умови и идеи со цел која мора да ги надмине нашите партиски граници и ќе значи тежнеење кон доброто на државата и на граѓаните – единство и слобода помеѓу сите граѓани без разлика на нивната партиска, етничка, верска и било каква друга припадност, напиша Ременски на својот фејсбук профил, образложувајќи ја кандидатурата.

Алексовски е член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово, а како што соопшти СДСМ, по анализирање на поднесената документација и утврдување дали апликацијата на Алексовски е согласно Правилникот и дали ги исполнува пропишаните услови, Централната изборна комисија ќе соопшти дали ја верификувала.

Согласно Статутот, СДСМ го избира претседателот на партијата на непосредни, вонредни внатрепартиски избори. Со Одлука на Извршниот одбор од 26 ноември 2021 година вонредните избори се распишани и ќе се одржат на 12 декември 2021 година (недела). Постапката за кандидирање почна на 27 ноември 2021 и ќе трае седум дена. Право на кандидатура имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите согласно Статутот на СДСМ. За претседател на СДСМ може да се кандидира лице кое има најмалку пет години членство во партијата и кое најмалку еднаш било избран од Конгресот за член на некој од партиските органи.

Изборите на локално ниво ќе ги спроведат 80 општински изборни комисии и одбори на избирачки места.

Фото: Елегантната Северина ужива во Франција

Балканската музичка ѕвезда Северина воодушеви со стил на Француската ривиера.

Фото: Елегантната Северина ужива во Франција

Хрватската пејачка Северина се огласи од својот одмор во Франција, поточно од Кан, каде што ужива во убавината на ривиерата.

Северина, како и секогаш, блеска во беспрекорни модни комбинации – од долг црн фустан со тенки прерамки и златен дезен што зрачи со романтика, до бел миди фустан што ги комбинира елеганцијата и женственоста.


„Облечи се..ти, сакам сè. Секогаш убава, со стил. Овој црн фустан е топ за мене. Овој црн фустан е сè, прекрасен. Колку добро ти стои таа Франција. Секогаш облечена со вкус и стил. Уживајте, стилизирајќи се како и секогаш врвно“, напишаа нејзините следбеници под објавата.

Македонските одбојкари поразени од Грција

Македонската одбојкарска репрезентација денес во Летонија, загуби од Грција со 0:3 (22:25, 21:25, 20:25) од Грција во четвртиот натпревар од годинешното издание на Европската Златна лига.

Македонските одбојкари поразени од Грција

Ова беше трет пораз за „црвено-жолтите“.

По вчерашната победа во пет сета над Летонија селекторот Јошко Миленковски денес комбинираше со составот и им даде повеќе простор за игра на помладите играчи, кои во иднина ќе бидат носители на играта во репрезентацијата.

Никола Ѓоргиев, Александар Љафтов и Филип Савовски со по осум поени беа најефикасни во македонскиот состав.

Македонија последниот турнир, следниот викенд 20-22 јуни го игра пред својата публика во Струмица.

Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД

Во повеќе градови низ Соединетите Американски Држави се подготвуваат демонстрации против претседателот Доналд Трамп, додека тој утре ќе присуствува на парада во Вашингтон по повод 250-годишнината од формирањето на американската војска.

Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД

Најголемиот собир и протестна поворка се најавени во Филаделфија, Пенсилванија, додека во Вашингтон, каде што ќе биде Трамп, не е планиран таков настан.

Протестите добиваат дополнителна поддршка поради незадоволството од рациите на федералните имиграциски власти, кои започнаа минатата недела, како и од наредбата на Трамп за испраќање војска и маринци во Лос Анџелес, Калифорнија, каде демонстрантите блокираа автопат, палеа автомобили, а полицијата користеше солзавец, гумени куршуми и светлосни гранати.

Гувернерите и градските власти ветија дека ќе го заштитат правото на протест, но нема да толерираат насилство. Републиканските гувернери на Вирџинија, Тексас, Небраска и Мисури мобилизираа војска за поддршка на полицијата во справувањето со протестите.

Организаторите на протестите во Флорида планираат марш до одморалиштето на Трамп „Мар-а-Лаго“, но републиканскиот гувернер Рон ДеСантис ги предупреди демонстрантите да не ја преминуваат „јасната граница“.

Главниот обвинител на Филаделфија, Лери Краснер, изјави дека секој што ќе го прекрши законот во градот, вклучително и имиграциските агенти што ги надминуваат овластувањата, ќе биде уапсен. Тој го посочи Мартин Лутер Кинг Помладиот како пример за демонстрантите, велејќи: „Ако постапувате како што би постапил Мартин Лутер Кинг Помладиот, ќе бидете во ред“.

Протестите, наречени „Без кралеви“, се организирани од движењето „50501“ за поддршка на демократијата и спротивставување на, како што велат, авторитарните постапки на администрацијата на Трамп. Демонстрантите на претходните протести бараа Трамп да биде „симнат од тронот“, споредувајќи ги неговите постапки со оние на крал, а не на демократски избран претседател.

Организаторите планираат мирни протести на речиси 2.000 локации низ САД, очекувајќи дека овие акции ќе бидат најголемиот еднодневен повик за граѓанска непослушност откако Трамп се врати на власт.

притисни ентер