3Кузеска: Една недела нема одговор од Савески за Алта банка и кривичната –им купува време на Мицкоски и Славески?
Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената
1Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената
3Ен Хатавеј го роди своето трето дете: Беше обвинета дека ја лажира бременоста, сега е видена со бебето во Њујорк
КултураДостапноста до книгите за лицата со оштетен вид води до подобро образование и социјалната интеграција Јавна расправа за Договорот од Маракеш, со кој се олеснува пристапот до објавени дела за лицата кои се слепи, имаат оштетен вид или на друг начин се оневозможени да користат печатени материјали.Расправата се одржа во организација на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост при Владата и Министерството за култура. Во фокусот на дискусијата, како што информира денеска владината прес-служба, беше значењето на Договорот од Маракеш за слепите лица и за лицата со оштетен вид, бидејќи преку овозможување достапност до книгите, списанијата и до едукативни материјали во соодветен формат ќе се унапреди образованието, нивниот професионален развој, ќе се подобри и нивната социјална интеграција и културно учество. На настанот на кој беа присутни претставници од издавачките куќи, од Здружението за заштита на авторски музички права, од библиотеките, како и слепи лица и членови на Националниот сојуз на слепи лица, се обратија Спасе Додевски, претседавач со Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Валмир Азири, државен секретар во министерството за култура, Фризим Даути, директор на НУБ „Св. Климент Охридски"- Скопје, Афет Јашари, од министерството за култура и Стерја Димов, генерален секретар во Националниот сојуз на слепи лица. На јавната расправа се дискутираше и за предлог измените и дополнувањата на Законот за авторското право и сродните права, кој треба да се хармонизира согласно одредбите во Договорот од Маракеш. На 27 јуни 2013 година, на Дипломатската конференција во Маракеш, од земјите-членки на Светската организација за интелектуална сопственост, беше усвоен Договорот од Маракеш за олеснување на пристапот до објавени дела за лицата кои се слепи, имаат оштетен вид или на друг начин оневозможени да користат печатени материјали („Договорот од Маракеш"). Договорот од Маракеш бара од договорните страни да се обезбеди ограничување или исклучок од авторско право, со цел да им се овозможи на „корисниците" или „овластените субјекти" изработка на примерок на дело во достапен формат (во електронска верзија, аудио верзија или на Брајово писмо) за лицата со потешкотии при пристап до печатените дела и да се олесни прекуграничната размена на оние достапни примероци создадени во согласност со ограничувањата и исклучоците на Договорот од Маракеш, односно во согласност со законот. Затоа, од секоја земја што го ратификува Договорот од Маракеш се бара да воведе едно или повеќе ограничувања или исклучоци за авторско право. Според податоците со кои располага Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO) во светот има околу 300 милиони слепи и лица со оштетен вид. Организациите на слепите проценуваат дека во развиените земји само околу 7 отсто од сите објавени книги се произведени во формати достапни за лицата кои се слепи, имаат оштетен вид или на друг начин оневозможени да користат печатени материјали. Во земјите во развој, ситуацијата е уште полоша бидејќи проценетиот број книги во достапен формат е само околу 1 отсто. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДЕМАНТ од САНТЕ ПЛУС ГРУП СкопјеСанте Плус Груп Скопје побараа да објавиме демант на веста поврзана со одреден финансиски криминалПЗУ „Санте Плус Груп“ Скопје реагираше до нашата интернет редакција за неоснованото и неточно поврзување со деветтемина осомничени и со предметната истрага за финансиски криминал. Грешката настана поради ненамерна пермутација на називите на здравствените установи. Недвосмислено појаснуваме дека ПЗУ „Санте Плус Груп“ Скопје не е установата на која се однесуваат објавените наводи и дека во неа не се вршат операции на очи. Исто така наводите за двојна наплата на здравствени услуги, противправна материјална корист од речиси 4,5 милиони евра и штета на Буџетот од 1,7 милиони евра не се однесуваат на оваа установа. Јавно ги повлекуваме и се извинуваме за ненамерните невистинити констатации во нашата вест како и за неточните поврзувања на оваа установа со лицата опфатени со истрагата. Во духот на професионалните новинарски вредности, посочената сторија ќе биде симната од нашата интернет страна. Канал 5 ТВ ИнтернетКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
СветВидео: Трамп, Путин и Си на свечена вечера во КинаПретседателот на САД, Доналд Трамп, пристигна во Шенжен, Кина, каде што на аеродромот лично го пречека кинескиот претседател Си Џинпинг, што претставува отстапување од вообичаениот протокол. Претходно, Си се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, а за утре е предвидена трилатерална средба меѓу тројцата лидери во рамките на самитот на АПЕК. Се очекува нуклеарното разоружување да биде една од главните теми. Putin, Trump and Xi Jinping shake hands and briefly exchange remarks. https://t.co/0epxbYNJJm — Clash Report (@clashreport) November 18, 2026 Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин пристигнаа на свечена вечера, чиј домаќин е кинескиот претседател Си Џинпинг, во рамките на самитот на АПЕК. Trump arrives at APEC Economic Leaders' Meeting accompanied by live music from Chinese performers https://t.co/4RMZygITCZ — RTBreaking (@RT_Breaking_) November 18, 2026 Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
ЗабаваТамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сценатаНа 7. декември, со почеток во 20 часот, во Т-Арена, спортскиот центар „Борис Трајковски“, македонската музичка ѕвезда Тамара Тодевска ќе го одржи својот голем солистички концерт „25 години љубов“, со кој одбележува четврт век музичка кариера.Публиката ја очекува вечер исполнета со музика, емоции и спомени, со песните што одбележаа повеќе генерации, но и со новиот музички материјал од „Кукла жива“ – првиот македонски визуелен албум. На сцената ќе настапат повеќе од 40 музичари и хор, а целокупната музичка изведба ќе биде под водство на реномираниот диригент и музичар Емин Џијан. Во тек се интензивните подготовки и проби за концертот, за кој се подготвува посебен музички и сценски концепт, со цел публиката да доживее нешто поинакво од досегашните концертни настапи на Тамара. „Искрено, многу сум возбудена. Последниве недели речиси целото мое секојдневие е посветено на подготовките за концертот. Заедно со Емин и целиот тим работиме на секој детаљ, затоа што сакам на публиката да ѝ понудиме едно поинакво музичко и сценско искуство. Ќе пееме песни со кои сме растеле заедно, песни што нè потсетуваат на убави моменти, но и нови песни од „Кукла жива“, кои едвај чекам да ги изведам во живо. Ова за мене не е само концерт, туку прослава на сите овие 25 години љубов што ги делам со публиката. Голема благодарност до Канал 5 ТВ која е медиумски партнер на овој настан и даваа поддршка на македонската музика“, вели Тамара. Концертот „25 години љубов“ ќе биде музичко патување низ различните периоди од кариерата на Тамара Тодевска, со нови аранжмани, богата музичка продукција и бројни изненадувања. Генерален спонзор на овој музички настан е А1. Билетите се достапни преку karti.com.mkТагови: концерт Тамара Тодевска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter