Доскорешниот претседател на Авганистан: Не бегав со милионите, избегнав крвопролевање

Соборениот авганистански претседател Ашраф Гани тврди дека не ја напуштил земјата.

Гани, само неколку часа откако е потврдено дека се засолнил во Обединетите Арапски Емирати, во живо обраќање на Фејсбук повтори дека морал да го напушти Авганистан за да спречи крвопролевање и да избегне „голема катастрофа“.

Тој рече дека бил во контакт со службениците за да продолжат со напорите за постигнување правда за Авганистанците. Тој подетално не ја објасни својата изјава.

„Не сакав крвопролевање во Кабул да започне како во Сирија и Јемен, па решив да заминам, да го напуштам Кабул“, рече Гани.

"Да останев претседател на Авганистан, се што се случи пред 25 години ќе се повтореше. Ќе бев обесен пред очите на Авганистанците и ова ќе беше страшна катастрофа во нашата историја", додаде тој.

"Не се плашам од чесна смрт, и обесчестувањето на Авганистан не ми беше прифатливо, но морав. Бев изнесен од Авганистан за да избегнам крвопролевање и уништување на Авганистан", рече тој.

Тој, исто така, ги отфрли гласините дека зел голема сума пари од земјата со себе.

Тој, исто така, рече дека ги поддржува преговорите меѓу талибанците, кои ја презедоа власта во Кабул, и поранешните високи авганистански функционери, додавајќи дека тој „преговара за враќање во својата земја“, од која избегал.

"Ја поддржувам иницијативата на Владата за преговори со (поранешниот потпретседател) Абдула Абдула и поранешниот претседател Хамид Карзаи. Посакувам овој процес да биде успешен", рече тој во видео пораката.

Тој додаде дека владини претставници го советувале да си замине.

Гани избега со хеликоптер од Авганистан во Таџикистан на денот кога Талибанците влегоа во Кабул.

Авганистанскиот амбасадор во Таџикистан тврди дека зел 169 милиони долари со себе. Тој го нарече бегството на Гани „предавство на татковината и народот“, пренесува Би -Би -Си.

Претходно, Емирати соопштија дека Гани и неговото семејство биле примени од хуманитарни причини.

„Министерството може да потврди дека го примило претседателот Гани и неговото семејство од хуманитарни причини“, се вели во соопштението.

Минесота му го нанесе најтешкиот пораз на Денвер во историјата на франшизата

Серијата помеѓу Денвер Нагетс и Минесота Тимбервулвс досега имаше се што можевме да замислиме кога е во прашање кошарката, а сега ќе го гледаме седмиот натпревар во серија .

Серијата помеѓу Денвер Нагетс и Минесота Тимбервулвс досега имаше се што можевме да замислиме кога е во прашање кошарката, а сега ќе го гледаме седмиот натпревар во серија бидејќи „волците“ го совладаа противникот со 115:70 и со тоа изборија „мајсторка“.

Нагетс во последната четвртина влегоа со -25, но Минесота повторно ја стегна одбраната и со серија од 24:0 отиде на +50!

До крајот на натпреварот шанса добија некои момци кои вообичаено немаат минутажа во плеј-офот и успеаја малку да го ублажат поразот.

Ова е најтешкиот пораз во историјата на франшизата од Колорадо кога е во прашање НБА плеј-офот.

Никола Јокиќ беше најефикасен со 22 поени и не доби вистинска поддршка од остатокот од тимот. Арон Гордон додаде 12 поени, а единствен со двоцифрен број поени беше Џамал ​​Мареј со 10.

Од другата страна, Ентони Едвардс ја предводеше Минесота со 27 поени, Џејден МекДаниелс додаде 21, Мајк Конли 13, додека Карл-Ентони Таунс и Наз Рид постигнаа по 10.

Министерство за одбрана на Русија: Неутрализирани повеќе од 100 украински дронови

Министерство за одбрана на Русија: Неутрализирани повеќе од 100 украински беспилотни летала при ноќни напади.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека повеќе од 100 украински беспилотни летала се уништени или пресретнати ноќеска во напади на југозапад на руската територија и на полуостровот Крим.

Министерството соопшти дека армијата неутрализирала 51 дрон над Крим, 44 над регионот Краснодар, шест над регионот Белгород и еден над регионот Курск.

Во текот на ноќта, поморската противвоздушна одбрана и патролни бродови на Црноморската флота уништија шест поморски беспилотни летала во водите на Црното Море.

Руската армија редовно објавува дека одбила ноќни напади на украински беспилотни летала, но ретко се наведува толкава бројка, јавија западни медиуми.

Гувернерот на Белгородската област, која граничи со Украина, претходно денеска објави дека мајка и четиригодишно дете загинале при напад со беспилотно летало врз селото Октјабарски.

Во САД марихуаната ќе биде класифицирана како помалку опасна дрога

Американската Влада одлучи да ја категоризира марихуаната како помалку опасна дрога, што значи дека луѓето кои користат или ја поседуваат веројатно нема да одат во затвор во иднина.

- Премногу животи се превртени наопаку од нашиот неуспешен пристап кон марихуаната. Министерството за правда го прави следниот чекор за прекласификација на марихуаната од категорија еден во категорија три според федералниот закон, напиша американскиот претседател Џо Бајден на социјалната мрежа Икс.

Во САД наркотиците се класифицирани во пет различни категории. Досега марихуаната или канабисот беа во првата, а со тоа и најстрогата категорија, која вклучува хероин и ЛСД. Американската Влада сега побара марихуаната да биде вклучена во третата категорија. Како резултат на тоа, марихуаната ќе биде на исто ниво со стероиди или парацетамол.

Американските медиуми ја означија таа прекласификација како историска. Со прекласификацијата се признава медицинската употреба на канабисот, но целосна легализација низ државата за приватна употреба не е планирана. Марихуаната е веќе легална за рекреативни и медицински цели во повеќе од 20 американски држави, а само за медицински цели во повеќе од десетина други држави.

притисни ентер