Досега регистрирани повеќе од 81.000 случаи на заболени од коронавирус во 40 земји во светот - Канал 5

Досега регистрирани повеќе од 81.000 случаи на заболени од коронавирус во 40 земји во светот

Регистрирани се повеќе од 81.000 заболени  од  новиот коронавирус во 40 земји во светот.

Досега регистрирани повеќе од 81.000 случаи на заболени од коронавирус во 40 земји во светот

Според дневниот извештај на Светската здравствена организација , Кина објавила 412 нови случаи, со 459 пријавени надвор од Кина.

Повеќе од половина од новите случаи надвор од Кина се пријавени во Јужна Кореја – 284 случаи.

Италија, со околу 447 заразени лица, побара меѓународна помош во напорите за спречување на епидемијата на вирусот корона во државата.

Откриени се седум нови случаи на корона вирусот во Бахреин, што го зголеми бројот на заразени во земјата на 33, соопшти министерството за здравство. Летовите до и од Меѓународниот аеродром во Дубаи се прекинати за следните 48 часа, соопшти Националната агенција за авијација цивилно воздухопловство.

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Иран нема планови за карантин „градовите и окрузите“ како одговор на епидемијата во земјата, во која досега животот го загубија 19 лица додека 139 се заразени.

Во Норвешка, Грузија, Естонија , Романија и Пакистан се потврдени и првите случаи на коронавирус. Во Франција, бројот на заразени лица се искачи на 18.

Пријавени се уште пет случаи на заразени во Германија, со што бројот на заразени е околу 20, што значи дека болеста се пренесува во нова фаза, изјави министерот за здравство Јенс Шпан.

Тој предупреди дека Германија е на почетокот на епидемијата на коронавирус.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер