Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
ЖивотДосега непозната слика од Рембрант откриена од „Рајкс-музејот“ во ХоландијаИсторичари на уметност во „Рајкс-музејот“ во Амстердам, Холандија, открија досега непозната слика од холандскиот мајстор на сликарството, Рембрант, објави германски „Ди цајт“ и други медиуми.Музејот денеска соопшти дека, благодарение на најсовремената технологија за скенирање и стилската анализа, истражувачите успеале да ја потврдат автентичноста на сликата од 1633 година. Испитувањата траеле две години. Истражувачите притоа откриле дека такви бои биле користени и во други дела на Рембрант од овој период. Техниката на сликање и структурата на слоевите на бојата, според наводите, се споредливи и со другите рани дела на овој уметник. Делото наречено „Визија на Захарија во храмот“ неодамна му беше подарено на музејот од приватна колекција, заради проучување. Се очекува делото да биде изложено за јавноста од 4 март оваа година. „Проучувањето на материјалите, стилските и тематските сличности, промените направени од Рембрант и целокупниот квалитет на сликата го поткрепуваат заклучокот дека оваа слика е автентично дело од Рембрант ван Рајн“, соопшти музејот. Делото прикажува библиска сцена во којашто архангелот Гавриел го посетува свештеникот Захарија за да објави дека ќе има син, идниот Јован Крстител. Самиот архангел не е прикажан на многу темната слика, но светлината од горниот десен агол на сликата укажува на неговото пристигнување и ги истакнува контурите на свештеникот и златната облека. Изненадениот израз на неговото лице ја покажува недовербата на Захарија, се наведува. До 1960 година, сликата не му се припишувала на Рембрант - се верувало дека е дело на друг сликар близок на познатиот уметник. Во 1961., платното било купено од приватно лице, а потоа и оставено на заборавот. Сегашниот сопственик го открил потписот на Рембрант, контактирал со музејот и им дозволил на компетентните лица да ја испитаат сликата. - Следствено, подробното проучување на делото, коешто вклучувало и макро-рентгенски флуоресцентни скенирања и споредби со други дела од уметникот, потврдила дека Рембрант е авторот, изјави Џонатан Бикер, кустос и стручњак за холандски слики од 17. век. Рембрант Хармензон ван Рајн (1606 - 1669) е еден од најпознатите холандски уметници. Тој се смета за дел од барокот и златното доба на холандското сликарство, а стилот на сликање на Рембрант продолжува да влијае врз уметноста до ден денешен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter