3ЛДП: Потпишувањето на договорите за третата фаза од железничкиот Коридор 8 е важен чекор во поврзувањето со Европа
ЗдравјеДосега извршени 25 обдукции на починати од ковид 19 Вкупно 25 обдукции кај починати со ковид се направени за време на пандемијата. Директорот на Институтот за судска медицина Станков објаснува дека во одредени ситуации како што се сообраќајни несреќи, самоубиства, луѓе кои биле најдени починати или починале на пат кон болница е задолжителна обдукција. Сликата е исклучителна лоша кај органите на починатио во краток стадиум од болеста. Станков вели дека мора внимавање и по прележувањето на ковидот, бидејќи последиците мора да се лекуваат и навреме да се преневираат. Има и случаи и со постковид компликации и смрт. Станков вели дека пред секоја обдкуција на починат се прави тестирање од ковид 19. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПопов: Покрај јавниот, намален и државниот долг за над 40 милиони евра кој сега е 51,7% од БДПОд економски пустош, осиромашени граѓани, опљачкани и уништени институции, со посветена работа, чесна намера и домаќинско работење, состојбите во државата почнуваат да се средуваат.Интензивната работа и економските владини политики, проектирани и имплементирани изминатите две години, ги даваат своите резултати, економијата се стабилизираше и веќе почна да се развива, долговите да се намалуваат. Покрај јавниот долг, кој во вториот, споредено со првиот квартал од годинава се намали на 58,8% од БДП, намалување има и кај државниот долг. На месечно ниво имаме намалување и на државниот долг од 0,2% од БДП. Заклучно со 30.06.2026 година државниот долг изнесува 9 милијарди и 432 милиони евра или 51,7% од БДП, што е намалување од 41 милион евра во споредба со претходниот месец. Ова ниво на државен долг, е еден од најниските до сега во подолг временски период и покажува дека во државата има власт која не ги трупа обврските, туку редовно и навремени ги сервисира. Ваквите економски параметри не се случајни, тие се резултат на економската раздвиженост во државата, домаќинско работење и политики насочени кон подобар живот на граѓаните. Од преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи македонската Влада, се санираше економскиот пустош, со вложување, инвестирање и реализација на капитални проекти. Како резултат на добро планираните мерки и активноси, веќе 7 квартали по ред БДП бележи позитивен раст од 3 или над 3%, а од друга страна, во време на светски ценовни шокови на енергенсите, инфлацијата се држи под контрола и е меѓу најниските од земјите во регионот со 3,4%. Во насока на дополнително стабилизирање на јавните финансии и развој на економијата, со крајна цел подобар животен стандард за македонските граѓани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи со интензивна работа и одговорни политики. Сергеј Попов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоциклВо сообраќајна несреќа на улица Радишанска загина возач на мотоцикл.-Денеска (07.08.2026) во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46) и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Н.М. (19) од скопско, при што возачот на мотоциклот починал на местото на настанот. Во тек е увид, информираат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: 40.000 навивачи на Трабзонспор го пречекаа Салах40.000 навивачи го пречекаа Салах во неговиот нов клуб .Египетскиот фудбалер Мохамед Салах (34) официјално е претставен како нов играч на турскиот клуб Трабзонспор. Досегашниот член на Ливерпул, беше пречекан на стадионот „Папара Парк“ од повеќе од 40.000 навивачи , кои му приредија спектакуларен пречек. Салах потпиша двегодишен договор со турскиот клуб, кој му гарантира плата од 17 милиони евра по сезона. Покрај фиксната плата, договорот вклучува и бонуси врз основа на учинокот, како и 20 проценти од приходите од продажбата на клупски производи со неговото име. Mohamed Salah, evimiz Papara Park’ta 👑🔥 pic.twitter.com/3PY16cgr29 — Trabzonspor (@Trabzonspor) August 6, 2026 Салах излезе на теренот носејќи бордо-син дрес со бројот 10. Тој ја поздрави публиката, која возврати со гласно навивање. На екраните низ стадионот беа прикажани пораки за добредојде на турски и на англиски јазик. Египетскиот напаѓач им се обрати на присутните, истакнувајќи дека му се приклучил на клубот со цел да освојува трофеи. Неговото доаѓање се смета за еден од најзначајните трансфери во историјата на турската Суперлига и ги нагласува високите амбиции на Трабзонспор да се натпреварува во самиот врв на турскиот фудбал. За Трабзонспор Трабзонспор се смета за четвртиот најголем турски клуб, покрај истанбулските гиганти Фенербахче, Галатасарај и Бешикташ. Тагови: Мохамед Салах Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter