Досега 30 репрезентации изборија учество на СП 2026 - Канал 5

Досега 30 репрезентации изборија учество на СП 2026

Хрватска синоќа ги победи Фарските Острови со 3:1 и се квалификуваше за Светското фудбалско првенство 2026.

Досега 30 репрезентации изборија учество на СП 2026

Хрватите станаа 30. учесник на Мундијалот идната година.

Досега пласман на СП 2026 обезбедија: САД, Мексико, Канада, Австралија, Иран, Јапонија, Јордан, Јужна Кореја, Узбекистан, Аргентина, Бразил, Еквадор, Нов Зеланд, Уругвај, Колумбија, Парагвај, Мароко, Тунис, Египет, Алжир, Гана, Зелено'ртските Острови, Јужна Африка, Катар, Англија, Саудиска Арабија, Брегот на Слоновата Коска, Сенегал, Франција и Хрватска.

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во Канада, САД и Мексико. За прв пат на турнирот ќе играат четириесет и осум репрезентации. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Наместо луксузни апартмани, на запленетата парцела во ДУП-от Барутана е планиран дом за стари лица

Нацрт планот не отвора нова урбанизација, туку коригира постојно решение во насока што е покорисна за граѓаните и поблиска до нивните реални потреби.

Герасимовски: Наместо луксузни апартмани, на запленетата парцела во ДУП-от Барутана е планиран дом за стари лица

„На местото на конфискувана парцела, која била наменета за резиденцијално домување, предвидуваме пренамена и изградба на дом за стари лица. Плацовите на Водно конечно ќе добијат намена за обичните граѓани, а не за луксузни апартмани“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на продолжението на 9. Седница, образложувајќи го нацрт планот за Градска четврт Ј 05-Барутана.

Со ова, како што посочува Герасимовски, нацрт планот не отвора нова урбанизација, туку коригира постојно решение во насока што е покорисна за граѓаните и поблиска до нивните реални потреби.

„Со овој план ја исполнуваме нашата предизборна заложба кон повозрасните сограѓани. Наместо елитни апартмани, на оваа локација ќе имаме дом за стари лица, нешто што навистина му е потребно на Центар“, порача Герасимовски.

Урбанистите на Општина Центар појаснија дека новиот нацрт план не го зголемува, туку значително го намалува обемот на градење. Наместо 43.429 квадратни метри, колку што биле дозволени со стариот план, сега се предвидени 29.459 квадратни метри, односно 33% помалку. Дополнително, наместо поткровје, дозволена е градба П+2, а изградбата е ограничена на 40%.

Поради безбедноста на теренот и околните објекти, предвидено е само едно подземно ниво, а зелените површини се зголемени на 40%, што е двојно повеќе од законскиот минимум.

„Не станува збор за ново подрачје што првпат се урбанизира, туку за простор кој со години бил дел од урбанистичко планирање, а сега конечно добива план што е поодговорен, побезбеден и поблиску до потребите на граѓаните“, појаснија урбанистите на Општина Центар.

Предлог одлуката за утврдување на Нацрт детален урбанистички план за Градска четврт Ј 05-Барутана, беше изгласана на денешната седница на Советот на Општина Центар со 13 гласа за и 9 против.

Општина Центар-Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. 

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност

Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено топло ќе биде во петок и за време на викендот кога температурите секаде ќе бидат над 32 степена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Apple“ ја менува долгогодишната традиција: Новиот „iPhone“ добива промена што никој не ја сака

„Apple“ со години избегнуваше да се натпреварува со конкурентите на „Android“ во капацитетот на батеријата, но со доаѓањето на серијата „iPhone 18“, работите драстично се менуваат.

„Apple“ ја менува долгогодишната традиција: Новиот „iPhone“ добива промена што никој не ја сака

Иако неколку месеци не делат од официјалната премиера на новата генерација телефони на „Apple“, веќе циркулираат инсајдерски информации. Според податоците од кинеската регулаторна база на податоци „3C“, објавени од познатиот типстер „Digital Chat Station“, „iPhone 18 Pro Max“ ќе има значително поголема батерија, но затоа ќе биде значително подебел и потежок.

Поради зголемените барања за вештачка интелигенција (Apple Intelligence), компанијата е принудена да ја промени својата филозофија за тенок дизајн. Новиот „iPhone 18 Pro Max“ наводно доаѓа со масивна батерија со капацитет од дури 5.567 mAh (во eSIM верзијата). За споредба, претходниот „iPhone 17 Pro Max“ имаше батерија од 5.088 mAh. Помалиот „iPhone 18 Pro“ исто така ќе добие сериозно подобрување, чиј капацитет се зголемува на 4.288 mAh.

Отстранувањето на слотот за физичка SIM картичка ослободува вреден простор во куќиштето за дополнителни милиампер-часови. Кога овој хардверски скок ќе се комбинира со новата генерација енергетски ефикасни чипови „A20 Pro“ (направени на 2nm процес), аналитичарите предвидуваат дека „iPhone 18 Pro Max“ би можел да понуди најдобра автономија во историјата на паметните телефони, што би можело да им конкурира на „Android“ телефоните со батерии од дури 7.000 mAh.

Фото: ВИ

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер