Досега 28 осомничени–25 се задржани или во притвор, тројца се во болница - Канал 5

Досега 28 осомничени–25 се задржани или во притвор, тројца се во болница

28 лица, од кои тројца се хоспитализирани– синот на сопственикот на дискотеката и двајца членови на бендот ДНК,  досега се опфатени во обвинителската предистрага за пожарот кој избувна во дискотеката Пулс во Кочани. 

Кочани

Првите петмина се уапсени неколку часа по трагедијата, последните вчера, но списокот останува отворен, тврдат надлежните. Обвинителството во Кочани, засега со краткотраен притвор обезбеди вкупно 19 лица.

- 28 лица досега опфатени со предистрагата

Сопственикот на дискотеката Пулс, управилот на фирмата, организатори на настанот, членови на обезбедувањето;

Поранешен директор на ДЗС - Беким Максути и тројца вработени,

Поранешен Министер за економија – Крешник Бектеши, екс државна секратерка и неколку службеници во министерството,

Потписник на проектот дека дискотеката „Пулс“ ги исполнува условите за лиценца

Трудов инспектор и Пазарен инспектор,

Двајца членови на бендот ДНК и синот на сопственикот – во болница.

Меѓу нив се сопственикот на дискотеката, сопственикот на фирмата која стопанисувала со неа и организаторот на концертот. Во притвор се високи раководители од Министерството за економија како и екс министерот Крешник Бектеши, потоа екс директорот на ДЗС Беким Максути и тројца други вработени.

Приведени се и други лица од Министерството за економија, трудов и пазарен инспектор но и лица од обезбедувањето во дискотеката и продавач на билети. Со оглед на тоа што вторите притвори веќе истекуваат утре, обвинителството се очекува да отвори и формална истрага со што ќе се знае колку вкупно ќе бидат осомничени и конкретно за кои кривични дела. Најголем дел од нив се приведени под сомнение за кривично дело тешки дела против општата сигурност.

Државниот обвинител Љупчо Коцевски во интервју за белградска Политика најави дека ќе се анализира секој кривично правен аспект на трагедијата.

Како посебен се води предметот со уапсените седумте началници, командири и други полициски службеници од Штип и Кочани. За нив е отворена и официјална истрага од ОЈОГОКК како надлежно за постапување за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања.

-Седум полициски службеници осомничени за Тешки дела против општата сигурност

Главен инспектор за сообраќајни работи во Одделението за полиција при СВР Штип

Самостоен инспектор за планирање резервен состав, превенција и справување со кризни состојби

Началник на Одделението за полиција во СВР Штип

Началник на СВР Штип

Документарист во ПСО на Кочани

Заменик командир во ПСО на Кочани

Началник на Одделение за внатрешни работи Кочани

Тие од синоќа веќе се во 30-дневен притвор, како осомничени дека дозволиле дискотеката да добие лиценца во 2023 година иако не ги исполнува законските услови.

Со оглед на тоа дека засега се водат како два одвоени предмети, извесно е дека ќе има две обвиненија, едно пред кочанскиот а друго пред скопскиот кривичен суд. Но не е исклучена и можноста двата предмети да се спојан во еден од областа на организираниот криминал.

Во меѓувреме, претсрес имаше и во општина Кочани, но засега никој од таму не е меѓу уапсените. Тошковски, сепак, рече дека списокот не е затворен и можно е во следните денови да има нови приведувања.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека адвокатот и актуелен пратеник за Белорусија, Џон Коул, ќе биде негов специјален претседателски пратеник за прашања поврзани со затвореници.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатиот месец помилува 15 затвореници по разговорите со Коул, кој повеќе од една година преговара со Минск.

„Во текот на изминатата година, Џон веќе обезбеди враќање на повеќе од 65 Американци и државјани на сојузнички земји од Белорусија и договори ослободување на повеќе од 800 политички затвореници од неколку источноевропски земји“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Коул ќе го замени Адам Болер, за кого Трамп рече дека вратил 196 заложници.

Болер, кој во август помогна да се обезбеди ослободување на поранешен американски маринец од Русија, ќе продолжи да помага околу други прашања како виш советник, додаде Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сериозно е засегнато за решавање на проблемите во делот на пласманот, производството и цената на оризот, порачал ресорниот министер Борче Серафимовски.

Серафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемите

Тој денеска во Горни Подлог присуствувал на традиционалното зажетнување со срп на 35. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Измамникoт од Tinder“ лансира апликација – се бара од „Apple“ и „Google“ да ја блокираат

Шимон Хајут, попознат како „Измамникот од Tinder“ – по документарниот филм за измамите што ги вршел – сака да лансира сопствена апликација за запознавање.

„Измамникoт од Tinder“ лансира апликација – се бара од „Apple“ и „Google“ да ја блокираат

Идејата на Хајут е да го искористи своето искуство со измами за да развие платформа наречена „Safe Love“, дизајнирана да ги штити корисниците од луѓе како него.

Хајут тврди дека неговото познавање на методите на лажење, манипулација и измама му овозможува да создаде систем што може подобро да ги спречи таквите активности. Сепак, неговата идеја веќе предизвика реакција во индустријата за онлајн запознавање.

Организацијата „Online Dating and Discovery Association (ODDA)“ испрати писмо до „Apple“ и „Google“, повикувајќи ги да не дозволат апликацијата поврзана со Хајут да се појави во нивните продавници за апликации. Организацијата наведува дека неговата вклученост во апликацијата би претставувала сериозен ризик за корисниците, особено за жените.

Деталите за тоа како „Safe Love“ всушност треба да ги штити корисниците остануваат непознати. Хајут спомна верификација на корисници, модерација и системи за заштита од измами, но не објасни како би функционирале овие системи или точно кога апликацијата би станала достапна.

Во исто време, ваквата апликација покренува дополнителни прашања во врска со довербата. Современите платформи за запознавање сè повеќе користат верификација на идентитетот и други безбедносни механизми, барајќи од корисниците да споделуваат лични податоци. Со апликација основана од некој што е озлогласен по романтични измами, довербата во начинот на кој се чуваат тие податоци ќе биде од особено значење.

Засега не е познато дали „Apple“ и „Google“ ќе го прифатат барањето на „ODDA“. „Safe Love“ сè уште не е објавена како широко достапна апликација, а нејзиното евентуално појавување во продавниците за апликации ќе зависи од усогласеноста со нивните политики и регулаторни барања.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер