Досега 22 случаи на голема кашлица, здравствените власти апелираат децата да се вакцинираат - Канал 5

Досега 22 случаи на голема кашлица, здравствените власти апелираат децата да се вакцинираат

Во Македонија досега се евидентирани 22 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје.

Досега 22 случаи на голема кашлица, здравствените власти апелираат децата да се вакцинираат

Од Министерството за труд вчера најавија дека инспекциски служби ќе проверуваат во градинките во Скопје дали децата се вакцинирани со вакцината ДТП за заштита од големата кашлица.

Здравствените власти периодов апелираат до граѓаните да се вакцинираат и себеси и најмладите, со цел да се заштитат од пертусис, попознат во јавноста како голема или магарешка кашлица. Како што нагласуваат, вакцината која се прима на 2,4,6,18 месеци и на 7 години е клучна за да се спречи понатамошно ширење на болеста.

Комисијата за заразни болести во средата препорача прогласување епидемија во Скопје.

- Од Комисијата за заразни болести има заклучоци и истите треба да бидат одобрени на владина седница. И во закон стои дека секое дете, кое што нема примено одредена вакцина, не ќе може да биде дел од системот на детска заштита. Ќе ги провериме градинките и нашите инспекциски служби ќе видат каде треба да интервенираме, за тоа да биде пракса и за да го спречиме ширењето на оваа епидемија, барем во Скопје, како жариште во овој момент, изјави вчера министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски.

Министерот за здравство во техничката Влада, Фатмир Меџити вчера рече дека препораката од Комисијата за заразни болести за забрана за прием на невакцинирани деца во градинките треба да се сфати во позитивен контекст.

- Ова не е дека е некоја забрана или сакаме некого да казниме. Ова е тоа што сакаме да ги стимулираме, сакаме нивните деца да бидат здрави и живи, да имаме подобра иднина како држава. Апелирам до сите родители, ве молам, вакцините заштитуваат живот, подвлече Меџити, кажувајќи дека ќе го потпише документот за прогласување епидемија.

Во државава има хоспитализирани деца, но и возрасни со пертусис. Надлежните сепак велат оти кај нас состојбата е стабилна и за разлика од други држави во регионот, немаме смртни случаи.

Според претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, незадоволително е нивото со опфатот на вакцинација против оваа болест.

Меѓу заразените, има и вакцинирани лица. Како што појасни Петличковски, постои опаѓање на имунитетот после 10 години во просек, така што, разгледани се и сите опции за освежување на имунитетот кај критично болните и лицата над 65-годишна возраст.

Според Светската здравствена организација, пертусисот се пренесува лесно од човек на човек, главно преку капки од кашлање или кивање. Болеста е најопасна за доенчињата и е значајна причина за болест и смрт на оваа возрасна група.

Првите симптоми вообичаено се јавуваат од 7 до 10 дена по инфекцијата. Тие вклучуваат блага температура, течење од носот и кашлица. Пневмонија е прилично честа компликација, а напади и болест на мозокот се случуваат, но поретко.

Луѓето со пертусис се најзаразни до третата недела откако ќе започне кашлањето.

Од оваа болест, најмногу заболуваат бебиња до една година и деца и млади од 10 до 20 години, но, не е исклучено да заболат и возрасни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Порно ѕвездата, Миа Калифа стана заштитно лице на познат бренд (ВИДЕО)

Миа Калифа, поранешна актерка за филмови за возрасни, инфлуенсерка и претприемачка, е новото лице на палестинскиот моден бренд Trashy Clothing, кој ја ангажираше за својата кампања есен/зима 2026. 

Порно ѕвездата, Миа Калифа стана заштитно лице на познат бренд (ВИДЕО)

Кампањата, насловена како „In Divine Trust“, го следи шоуто на брендот во Париз, каде што Калифа исто така прошета по пистата во нивните креации, објавува Hypebae.

Бренд познат по својот неконвенционален пристап кон луксузот

Trashy Clothing е основан од Омар Браика и Шукри Лоренс, а нивниот бренд е познат по својот ироничен пристап кон луксузната мода. Во своите креации, тие комбинираат традиционални техники на занаетчиство, сатира, кич и мотиви од арапската поп-култура, создавајќи облека што не се вклопува во вообичаената модна рамка.

Колекција инспирирана од филмот „Divine Intervention“

Дизајнерското дуо пронашло инспирација за својата нова колекција во филмот „Divine Intervention“ од режисерот Елија Сулејман, кој се занимава со апсурдност и конфликт. Слични теми се провлекуваат низ кампањата снимена од фотографот Пабло Мас.

Во срцето на кампањата е прашањето како моќните луѓе создаваат слика за себе и што се случува кога нивните симболи на моќ повеќе не ги предизвикуваат очекуваните реакции. Оваа идеја продолжува преку соработката со брендот за накит Sheytan, зад кој стои Миа Калифа. Колекцијата накит си игра со разликата помеѓу она што изгледа моќно и авторитативно и вистинското значење што го имаат таквите симболи.

Со новата колекција, Trashy Clothing продолжува да ја користи модата како алатка за преиспитување на воспоставените идеи за идентитетот, моќта и отпорот, со допир на иронија по која брендот е препознатлив.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен бран одвлече девојче во морето, додека се шетало на позната плажа (ВИДЕО)

Силен бран изненади девојче и ја одвлекол во морето, а сето тоа се случило на позната плажа во американската држава Орегон.

Силен бран одвлече девојче во морето, додека се шетало на позната плажа (ВИДЕО)

Драматичниот момент е снимен на камера, детето завршило во немирната вода, додека нејзините родители веднаш истрчале да ја извлечат на безбедно, објавува Дејли Меил.

„Не треба да му вртиш грб на морето“

Инцидентот се случил за време на викендот на плажата Канон, кога ненадеен, невообичаено силен бран го зафатил брегот и го соборил девојчето. Видеото го снимила Карин Келси Мадсен, која во тој момент шетала по плажата со својот сопруг.

Видеото покажува како бранот прво го соборува детето, а потоа го одвлекува од нејзината мајка. Бела пена и вода покриваат дел од брегот, додека таткото трча кон девојчето за да го извлече.

„Токму затоа не треба да му вртиш грб на морето“, може да се слушне како вели Карин.

Мајката исто така паднала во водата, и штом станала, истрчала кон девојчето. Во меѓувреме, нејзиниот татко ја достигнал, ја зграбил за рака и ја кренал. Потоа семејството заедно се упатило кон брегот.

Во тој момент, сопругот на Карин Келси Мадсен истрчал кон нив за да провери дали им е потребна помош.

„Во ред е“, одговорила нејзината мајка.

Што се ненадејни бранови?

Авторката на видеото објаснила дека плажата во времето на инцидентот била полна со семејства и деца и дека била особено изненадена од фактот што многумина ги игнорирале предупредувањата на властите да не се приближуваат до водата тој ден.

„Цел ден ги гледавме брановите како носат големи дрвја, додека доаѓаше плимата“, се присетила таа.

Видеото навистина покажува големи парчиња дрво како водата ги влече во морето, на сличен начин како што девојчето било однесено претходно.

Што се ненадејни бранови и зошто се опасни? Тие се силни бранови кои се појавуваат неочекувано и продираат многу подалеку по плажата отколку што би се очекувало врз основа на претходните бранови.

Поради ова, може да ги изненади луѓето на брегот, соборувајќи ги и влечејќи ги во морето, заедно со песок, камења и парчиња дрво.

Овие бранови не се невообичаени на плажата Канон, особено во есенските и зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во тоалет на авион била пронајдена порака за киднапирање- драма на аеродромот во Калкута

Авион на „Ер Индија“ од Калкута до Мумбаи е испратен на детална безбедносна проверка откако во тоалетот на авионот била пронајдена заканувачка порака во врска со киднапирање, објавија медиумите.

Во тоалет на авион била пронајдена порака за киднапирање- драма на аеродромот во Калкута

Белешката е откриена на огледалото во тоалетот утрово додека авионот се подготвувал за полетување од Меѓународниот аеродром „Нетаџи Субхас Чандра Босе“ во Калкута, објави NDTV.

Пилотот веднаш ја известил контролата на воздушниот сообраќај.

Потоа авионот беше преместен во зона за изолација, каде што персоналот на Централните индустриски безбедносни сили (CISF) и персоналот за безбедност на аеродромот започнаа темелна потрага по авионот за сомнителни предмети.

Полицијата и безбедносните агенции започнаа истрага за да утврдат кој ја напишал пораката и кој би можел да стои зад заканата.

Снимките од безбедносните камери од аеродромот и авионот се прегледуваат како дел од истрагата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер