Дополнителниот заменик-министер Петровска во работна посета на СВР Битола

Покрај фактот за одличните професионални постигнувања на СВР Битола во изминатиот период, Петровска беше информирана и за актуелните подготовки на полициските службеници за непречано и мирно одржување на изборниот процес.

Актуелните состојби со криминалитетот на подрачјето на СВР Битола и на околните полициски организациски единици, како и подготовките на полициските службеници за претстојните парламентарни избори беа тема на разговор на денешната работна средба во Битола на дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска со раководството на СВР Битола и со раководствата на ОВР Демир Хисар и ОВР Ресен, на Полициското одделение Новаци и на ПС за ГН Меџитлија и ПС за ГН Стење.

Притоа, информираат од МВР, особено беше апострофирана ефикасноста во работењето на Секторот за внатрешни работи Битола, кој од 2017 година наваму, од година во година бележи значителни позитивни резултати и по однос на откривањето и расчистувањето на кривичните дела, но и по однос на нивното статистичко намалување, во речиси сите видови криминал.

Покрај фактот за одличните професионални постигнувања на СВР Битола во изминатиот период, Петровска беше информирана и за актуелните подготовки на полициските службеници за непречано и мирно одржување на изборниот процес. Притоа, како што нагласи, Петровска полицијата има една од клучните задачи во креирањето на мирна и демократска атмосфера во која граѓаните ќе можат непречено да го остварат своето право на слободен избор. /МИА

Последна претседателска дебата – вечерва по централните вести на Канал 5

Попладнево во Канал 5 се снимаше последната дебата на кандидатите за претседател.

Соочувањето ќе се емитува веднаш по централните вести во 18.30, а самата дебата е поделена на два дела.

Практично на само некоколку часови пред молкот, Канал 5 е местото каде што Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова ќе ги соочат аргументите и ќе ги испратат последните пораки до граѓаните.

Арсовска: Најголем дел од медиумите не ни дадоа можност да ја претставиме нашата програма

Носителката на листата на Нова Алтернатива за изборна единица 1 Данела Арсовска, денеска на прес конференција кажа дека нивната партија освен на две национални телевизии нема можност на друго место да ја презентира својата програма.

Како врз граѓаните влијаеше кампањата за претседателските и парламентарните избори?

Во фото-финишот на изборната кампања, колкаво влијание имаше таа врз одлуката на граѓаните за кого би го дале својот на 8ми мај и дали им се допадна начинот на кој што кандидатите ги презентираа своите програми пред нив? 

Ова е прашањето кое екипата на Канал 5 им го постави на граѓаните.

Дел од нив оценија дека кампањата била добро искористена, иако својата одлука за кого би гласале ја донеле уште пред нејзиниот почеток.

- Ми се допадна и многу беше фино и немаше никакви проблеми.Па треба да се направи промена, претседател да има за сите луѓе во државата, нема врска кој ќе биде само да биде како што треба за сите.

- Добро е искористена кампања како кампања има и позитивни и негативни страни. Воглавно е добро во однос на други некои збиднувања во светот овдека е сосема мирно. Па кампањата не влијае многу кај луѓето сите си се определени уште пред тоа.

- Сосема нормално. Дали ќе влијае врз вашиот глас? Не пошто знам за кого ќе гласам.

Сепак има и такви кои сметаат дека наместо за претставување на реални проекти, кампањата била користена за меѓусебни обвинувања и дека тоа нема да влијае врз нивната конечна одлука.

- Во ништо не верувам, што да ти се допадне од лошите доаѓаат уште полоши.

- Кампањата е досадна и сувишна не знам овие партиите што се замислуваат, јас мислам не влијае на никој тоа.

-По фаците или по програмите кои што ги немаат, по што?

- Не гласам и не сакам да гласам нема за кого да ви кажам искрено едните проверени, вториве и тие се мењаваат 30 години, што ќе гласам.

Инаку, на првиот круг на претседателските избори своето право на глас го искористија 905.958 граѓани, односно излезноста изнесуваше речиси половина.

притисни ентер