Дополнителни испитувања на мостот на Вардар кај Башино Село

Стручњаци од Градежниот  факултет со дополнителни испитувања на мостот на Вардар кај Башино Село.

Стручњаци од Градежниот факултет при УКИМ од Скопје, предводени од деканот проф д-р Горан Марковски денеска извршија наменско испитување на мостовската конструкција на мостот на реката Вардар кај Башино Село, кој поради влошената состојба на носечките столбови од 4 јануари годинава е затворен за сообраќај.

Целта на ова испитување е да ги потврдат постапките кои од нив се превземени при изработка на техничко решение за санација на мостот. Како што изјави за МИА, деканот проф д-р Марковски по сумирање на овие неопходни податоци, оваа недела ќе биде целосно готово соодветното техничко решение за санација на мостот, а ќе значи и старт за негова санација и времено оспособување.

- Она што денеска можам да го ветам е дека како стручњаци ќе превземеме се’ за да го намалиме ризикот во однос на безбедноста на неговите корисници, потенцира проф д-р Марковски.

Според неговите првични проценки очекува мостот да биде саниран за месец и половина и потоа времено приспособен за сообраќај.

Воедно појасни дека тој и неговите колеги денеска извршиле пробно товарење на мостот со камиони од 40 тони, статичко и динамичко на горниот строј на мостот на носачите, за да видат во каква состојба се и од тој аспект да можат да донесат конечно решение што понатаму со мостот.

- Нашата основна цел е да го оспособиме мостот да може времено да се користи за сообраќај, а со што градот ќе се растерети од сообраќај, појасни проф д-р Марковски.

Тој потенцира дека една од целите на техничкото решение е што побрзо да се оспособи мостот на Вардар кај Башино Село.

- Рокот за кој ќе се санира мостот зависи од неговата оштетеност, што по денешното снимање на мостот, резултати ќе ги утврдиме за некој ден. Јас очекувам за месец и половина мостот да биде пуштен на повторно користење, појасни деканот проф д-р Марковски.

Најави дека размислуваат на мостот на Вардар кај Башино Село да постават и постојан мониторинг, а со цел да бидат сигурни како мостот ќе се однесува кога ќе се пушти во сообраќај.

На новинарско прашање за каков вид на сообраќај понатаму ќе биде овој мост, проф д-р Марковски појаснува дека сега е прерано да се говори за тоа.

- Ќе видиме до кој степен сега ќе се изврши санација,а од тоа потоа ќе зависи и како понатаму ќе се користи овој мост. Инаку техничкото решение од Градежиот факутет е при крај,и во нередните неколку дена како и што ветивме ќе го предадеме на Јавното претпријатие за државни патишта, а по што тие треба да одберат изведувач кој ќе ја изврши санацијата на мостот,појасни деканот проф д-р Марковски.

Инаку, како трајно решение при минатонеделната посета на мостот, премиерот Христијан Мицкоски најави по завршување на сите админстративни процедури да се изгради нов мост на Вардар кај Велес на 50 -тина метри подолу од постоечкиот, а неговата изградба да започне кон средината на идната година.

На вонредна седница Советот на Општина Велес донесе едногласна одлука за времен сообраќај на тешките возила низ центарот на градот само ноќе.

Фото: Ријана во секси долна облека, објавата има над 2 милиони лајкови

Светската музичка ѕвезда Ријана повторно воодушеви со фотки во секси долна облека.

Популарната пејачка Ријана објави неколку провокативни фотографии за да ја претстави најновата колекција на нејзиниот бренд „Savage X Fenty“.

36 годишната Рири која е и успешна бизнисменка позираше во сензуална долна облека и ги воодушеви следбениците на социјалните мрежи.

Бујната пејачка носи црно,чипкано боди со извезени рози кои ја истакнаа нејзината фигура, а комбинацијата ја комплетираше со црни потпетици и оглавици.

Објавата има над 2 милиони лајкови на Инстаграм.

Македонија поразена од Франција во последниот меч на СП 2025

Со пораз од 32-25 (18-14) од фаворитот за медал Франција , најдодобрата репрезентација на Македонија го заврши настапот на 29 Светски шампионат. 

Вечерва во последниот меч од втората фаза црвено жолтите беа достоен противник на големата Франција иако на крајот беше запишан вториот пораз во шестиот мундијалски напревар.

Црвено-жолтите по шесте средби на СП 2025 година и остварениот скор од две победи, две реми и исто толку порази може да се каже дека одиграа едно квалитетно првенство во кое ја прекинаа лошата низа од последните четири големи натпреварувања во кое не успевавме да обезбедиме пласман во втората рунда.

И вечерва наш најдобар стрелец беше првиот мундијалски снајпер Филип Кузамановски со 8 погодици, а признанието најдобара поединец на мечот заслужено заврши во рацете на младиот плејмејкер Марко Митев.

По вечерашниот пораз од Франција, македонскиот национален тим дуелите во Главната фаза ги заврши на 4 место со 4 поени исто колку што имаше и селекцијата на Австрија. На првите три позиции се Франција, Унгарија и Холандија.

И покрај поразот, честитки за борбената,мотивирана и квалитетна игра заслужува целиот македонски тим од најсиксуниот голманот Митревски,преку капитенот Кузмановски до најмладите Атанасијевиќ, Галевски, Митев...

Нашата најдобра селекција Светскиот шампионат на крајот ќе го заврши на позиција од 13- до 16 место , најверојатно како 15 репрезентација на Светот, што секако е одличен пласман за овој наш подмладен тим.

Македонија според игрите во Вараждин и покажаниот квалитет, бевме рамновравен ривал на сите противници и на оние од врвот на европскиот и светски ракомет, може да се каже дека доби тим за долг период . Шесте мундиајлски средби сигурно ќе значат многу во иднина за нашите млади репрезнативци, Митев, Ѓоргиев, Џоновс, браќата Атанасијевиќ, Галевски и останатите.

Фото: Нивес ужива во Дубаи

Најпознатата хрватска старлета, која воедно е и писателка и водителка Нивес Целзиус покажа како ужива во монденскиот Дубаи.

Провокативната Нивес откако неодамна го објави своето патување, откри дека нејзината крајна дестинација бил Дубаи.

На социјалните мрежи хрватската старелета на радост на фановите објави фотки од одморот на кој таа позира во секси бикини а во преден план се нејзините бујни облини .

Нивес во Дубаи заминала со својата ќерка Таиша и една блиска пријателка.

притисни ентер