МакедонијаДополнетиот Предлог-буџет на пленарна седницаПредлог-буџетот за 2026 година е еден од стратешките економски документи што се усвојува при крајот на годината, а со кој се трасира патот на економијата во следната година. Предлог-буџетот за 2026 година, дополнет со усвоените амандмани, денеска е на дневен ред на 73. седница на Собранието. Во текот на амандманската расправа во матичната Комисија за финансирање и буџет, беа прифатени 20-тина амандмани од вкупно поднесените околу 200 амандмани. Предлог-буџетот за 2026 година е еден од стратешките економски документи што се усвојува при крајот на годината, а со кој се трасира патот на економијата во следната година. - Овој буџет не е само документ со бројки и табели – тој е економска порака за раст, инвестиции и сигурност за граѓаните, компаниите и институциите, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на 14 ноември пред членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Со предложениот буџетот, како што посочи министерката, се продолжува стратегијата за рационално и дисциплинирано користење на јавните средства со цел одржлив економски развој и подобрување на животниот стандард. - Буџетот за 2026 година е доказ дека можеме да управуваме паметно, дисциплинирано и визионерски дури и во време на глобални предизвици. Со овој документ, Владата ја зајакнува довербата во институциите, ја поддржува улогата на приватниот сектор како двигател на економскиот раст и создава услови за интензивирање на домашните и странските инвестиции, истакна Димитриеска-Кочоска. Проекциите во Предлог-буџетот се реален раст на БДП од 3,8 проценти, инфлација од околу 2,5 проценти во услови на стабилни цени на меѓународните пазари, раст на приватната потрошувачка на 2,6 проценти и на јавната потрошувачка од 1,4 проценти. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 39,2 милијарди денари или на ниво од 3,5% од планираниот БДП. Вкупните приходи се планирани на ниво од 374,9 милијарди денари, а расходите на ниво од 414,2 милијарди денари. Расходите за исплата на плати изнесуваат 52,6 милијарди денари, што е за околу три милијарди денари повеќе од 2025 година, а расходите за стоки и услуги се планирани на 27,9 милијарди денари. За исплата на пензии обезбедени се 116,8 милијарди денари, а 12 милјарди денари за исплата на надоместоци за социјална заштита. Предлог-буџетот е седма точка на дневен ред на седницата. Во рамки на седницата треба да бидат разгледани и Предлог-законот за извршување на буџетот за 2026 година, Предлог-финансискиот план на Регулаторната комисија за 2026 година, Предлог-одлуката за утврдување на процентот за зафаќање од вкупниот годишен приход за финансирање на работењето на РКЕ, финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансиско пензиско осигурување за 2026 година, како и Извештајот на Европската комисија за 2025 година. Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Додека Мицкоски со државен авион оди на екскурзија, народот со часови е блокиран на границаДодека Христијан Мицкоски со државниот авион (што веќе го гледа како приватен) оди на своите екскурзии, граѓаните со часови чекаат на граница, поради неговата политика на изолација на државата.И кај Стар Дојран е метеж, колоната е до „Св. Илија“. Ова е реалната слика на политиката што ја спроведува организираната криминална група ВМРО-ОКГ и Мицкоски. Половина од Владата има бугарски пасоши. Нивните семејства имаат бугарски пасоши. Имаат фирми во Бугарија. Имаат европски пасоши и посебен премин на граница. Тие си обезбедија Европа. На граѓаните им обезбедија блокада, изолација и часови чекање под сонце. Додека тие летаат, народот стои во колона. Ова е нивна политика. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
СветФнидек во вонредна состојба по мигрантската кризаПо масовниот наплив на мигранти кон шпанската енклава Сеута, состојбата во соседниот марокански град Фнидек останува крајно напната. Властите воведоа засилени безбедносни мерки, додека стотици луѓе и натаму се обидуваат да стигнат до Европа. Плажите во Фнидек се обезбедени со жичени огради и засилено полициско и воено присуство, со цел да се спречат нови обиди за нелегално преминување на границата со Сеута. Мигрантите кои се вратија од шпанската енклава сведочат за тешки услови, недостиг на храна и насилство, додека многумина и понатаму не се откажуваат од обидите да стигнат до Европа. Експертите оценуваат дека мигрантскиот бран е последица на влошените односи меѓу шпанија и мароко, поврзани со спорот за западна Сахара. Според проценките, во обидот за влез во сеута учествувале повеќе од 50 илјади луѓе. Во меѓувреме, Европската унија подготвува итен состанок на министрите за внатрешни работи, на кој ќе се разгледуваат натамошните чекори за справување со мигрантската криза и зајакнување на соработката со Мароко.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВо Грција и натаму беснее опасна огнената стихијаВо Грција и натаму беснее опасна огнената стихија. Пожарникарските служби водат тешка битка со десетици шумски пожари, а најкритична останува состојбата во регионот Атика.Во Грција и натаму беснее опасна огнената стихија. Пожарникарските служби водат тешка битка со десетици шумски пожари, а најкритична останува состојбата во регионот Атика, каде еден од пожарите се доближи на само неколку километри од градот Мегара, кој е лоциран околу 50 километри западно од Атина. Градоначалникот ја оцени состојбата како хаотична, додека жителите на повеќе населени места добија предупредувачки пораки за евакуација. Во гаснењето на пожарите се ангажирани стотици припадници на службите за итни интервенции, меѓу кои и пожарникари од Романија и Франција. Само во областа Порто Гермено се распоредени речиси 500 пожарникари, а дополнителни околу 100 интервенираат на северот од Пелопонез. Според грчката противпожарна служба, низ земјата се регистрирани 73 шумски пожари, од кои 51 избувнале во еден ден. -Не знам. Пожарите се активни многу денови. Овде има црква, а изутринава видов на телевизија дека областа ја зафатила пожар. Пожарите се на 1 км далечина од овде. Фрустриран сум. Ми изгореа маслиновите дрва овде, а пожарот се уште е активен,- Тасос Ѕемпеликос - Локалец. Првичните проценки покажуваат дека од почетокот на пожарите во Грција изгореле повеќе од 10 илјади хектари шума, како и куќи, штали и земјоделски површини. Како можна причина за големиот пожар кај Мегара се посочуваат небрижност на локалното население а во врска со случајот приведени се две лица. -Пожарот е активен од вчера доцна вечерта. Очигледно е дека не може сегде да има пожарникари. Ние како локално население правиме се што можеме да помогнеме. Се мобилизиравме и на своите поседи го чиниме истото, да видиме дали е изгорено. Дали нешто е потребно да направиме до еден км од овде,- -Манолис Далас - Жител од регионот на Атика. Трагедијата дополнително ја засени операцијата за гаснење откако кај Псата, западно од Атина, се судрија два противпожарни хеликоптери од типот „Бел“. Во несреќата загинаа дански пилот и грчки координатор, додека британскиот пилот и неговиот грчки колега беа повредени. По налог на обвинителството, полицијата спроведува истрага за причините за судирот. Со ова, бројот на жртви поврзани со пожарите во Грција се искачи на пет, откако претходно животот го загубија и тројца пожарникари. Со големи пожари деновиве се соочува и поширокиот регион на јужна Европа. Високите температури, долготрајната суша и силните ветрови ја отежнуваат работата на пожарникарите во Франција и Шпанија, каде службите остануваат во состојба на висока подготвеност поради зголемениот ризик од нови огнени жаришта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09