Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега - Канал 5

Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат да откриваат нови, изненадувачки детали за тоа како функционира. 

Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Со години, преовладуваше мислењето дека допаминот, откако ќе се ослободи, полека се шири низ мозокот, како хемиски мегафон кој испраќа пораки до голем број клетки, пишува Science Alert.

Сепак, најновите истражувања ја разбиваат оваа класична слика. Се чини дека допаминот е способен и за нешто сосема спротивно - кратки, остри „шепотења“ кои се прецизно насочени кон соседните клетки за само неколку милисекунди. Ако научниците се во право, овој локализиран сигнал би можел да биде темелен, но досега занемарен, градежен блок на целиот допамински систем.

Двете лица на допаминот

Важно е да се разликува допаминот во мозокот од оној во остатокот од телото. Додека допаминот во крвта помага да се регулира функцијата на органите и имунолошкиот систем, во мозокот делува како клучен медијатор во широк спектар на однесувања - од движење и расположение, преку спиење и меморија, до чувства за награда и мотивација.

Познато е дека невроните ослободуваат допамин во различни шеми, но досега не беше јасно какви пораки носат овие специфични сигнали. Способноста за испраќање на брзи и бавни сигнали може да биде клучна во разбирањето како допаминскиот систем успева толку прецизно да контролира толку многу различни функции.

Што покажал експериментот?

Користејќи напреден микроскоп за снимање на живи ткива, научниците од Универзитетот Колорадо и Универзитетот Аугуста во САД поттикнале локално ослободување на допамин во мозокот кај живи глувци. Користејќи флуоресцентно боење следеле што се случива.

Тие откриле дека допаминот активирал рецептори само во неколку мали области на блиските неврони, предизвикувајќи екстремно брз невронски одговор. Од друга страна, поширокото ослободување на допамин, кое досега е најмногу проучувано, предизвикува многу побавен и поширок одговор.

„Нашето истражување откри дека сигнализирањето на допаминот во мозокот е многу посложено отколку што мислевме“, истакнува фармакологот Кристофер Форд од Универзитетот Колорадо. „Знаевме дека допаминот игра улога во многу однесувања, а нашата работа обезбедува рамка за да се разбере како може да ги регулира сите.“

Важност за лекување на болести

Истражувањето се фокусираше на стриатумот, дел од мозокот клучен за моториката и системот наградување, кој е исклучително богат со допамински неврони. Стриатумот е поврзан со голем број невродегенеративни и психијатриски нарушувања, како што се шизофренија, зависности и синдромот на невнимание и хиперактивност (ADHD).

На пример, Паркинсоновата болест е предизвикана од губење на допаминските неврони кои водат до стриатумот. Подоброто разбирање на тоа како допаминот испраќа сигнали во овој клучен дел од мозокот би можело да го отвори патот кон нови, поефикасни терапии.

„Допрва сме на врвот од ледениот брег. Потребно е многу повеќе работа за да се разбере како нарушувањата во допаминската сигнализација придонесуваат за болести како што се Паркинсонова болест, шизофренија или зависност“, заклучува Форд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријава

На 02.09.2026 во 16:13 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Д.Б.(67) од с.Кадрифаково, светиниколско. 

Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријава

Претходно, тој со патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал во село Кадрифаково, излетал надвор од патот.

При преземање мерки било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,09 промили алкохол во крвта, без да поседува важечка возачка дозвола и со измината важност на сообраќајната дозвола. Извршен е увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожарот од Грачани го покри Скопје

На територија на Град Скопје има еден пожар, што ноќеска се чувствуваше на територија на главниот град.

Пожарот од Грачани го покри Скопје

Според центарот за управување со кризи пожарот е навлезен од косовска страна пред два дена кај селото Грачани – Ѓорче Петров. Пожарот не загрозува населени места. Горат ниска смрека и грмушки. Синоќа ветерот дуваше во насока на Скопје и чадот од пожарот што е активен на косовска и на македонска територија.

Скопските пожарникари во текот на целата ноќ беа на делови на линијата на пожарот но поради тешко пристапниот терен гаснењето во текот на ноќта беше отежнато или невозможно. Скопските пожарникари во текот на целата ноќ беа на делови на линијата на пожарот, но поради тешко пристапниот терен гаснењето во текот на ноќта беше отежнато или невозможно. Утрово продолжува со гаснење на пожарот со засилен број на пожарникари, а воздушна поддршка даваат и два ер трактори на ДЗС, еден полициски и еден армиски хеликоптер. Во текот на вчерашниот ден имаше 31 пожар на отворен простор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода две лица во Струга, пронајден е пиштол, следува пријава

Лицата се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Лишени од слобода две лица во Струга, пронајден е пиштол, следува пријава

На 03.09.2026 во 01:40 часот на брегот на Охридското езеро, кај Женска плажа во Струга, полициски службеници од мобилниот тим од Регионалниот центар за гранични работи Запад - „Task Force” ги лишија од слобода Е.К.(19) и К.С.(19), двајцата од с.Делогожди, струшко. При извршен преглед кај нив, кај Е.К. бил пронајден пиштол.

Лицата се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер