Донирана медицинска опрема за Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ - Канал 5

Донирана медицинска опрема за Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“

Медицинската опрема во вредност од 122 552 долари денеска беше донирана за ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, од страна на Ротари клуб Скопје- Центар.

Донирана медицинска опрема за Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“

Медицинската опрема во вредност од 122 552 долари денеска беше донирана за ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, од страна на Ротари клуб Скопје- Центар, преку програмата Hearts of Europe, финансиски поддржана од Rotary International и УСАИД.

Опремата се состои од дигитален мобилен рентген апарат за ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести, ултразвучен апарат за Клиника за кардиологија, бронхоскоп за КАРИЛ и за Клиниката за инфективни болести, и два дефибрилатора за Ургентен центар.

Ѓорѓе Војновиќ, претседател на Ротари клуб Скопје – Центар посочи дека оваа донација е во рамки на еден од поголемите проекти на Ротари кој траел две години.

-Она што е важно да се посочи е дека ја презедовме и обврската за обука на технички кадар за соодветно да ја користи опремата план и за одржување и мненаџмент со цел обезбедување оптиумална употреба. За нас тоа е исто така посебно важно затоа што опремата е донесена во Македонија но вистинската употреба цел и вредност ќе се видат во годините понатаму, појасни Војновиќ.

На предавањето на донацијата присуствуваше и министерот за здравство Беким Сали кој изрази благодарност и рече дека зајакнувањето на капацитетот на опрема во здравствениот систем е важен бидејќи на тој начин се подобруваат условите за третман на пациентите.

-За хируршката клиника „Св.Наум Охридски“ е обезбеден најсовремен дигитален рентген апарат, кој е мобилен и ќе биде од особено значење за најтешките пациенти кои се лекуваат на интензивната нега бидејќи веднаш на истиот оддел ќе бидат снимани на рентген доколку има потреба. Верувам дека зајакнувањето со оваа опрема ќе овозможи придобивки за голем број пациенти имајќи ја предвид природата на повредите на пациентите кои се третираат во во оваа установа, изјави министерот.

Изрази надеж дека поддршката која ја добива државата ќе продолжи и во иднина.

-Сакам уште еднаш да се заблагодарам на Амбасадата на САД, УСАИД и Ротари фондацијата, кои се наши партнери со несебична поддршка за унапредување на здравствениот систем, особено во услови на пандемија. Верувам дека оваа заедничка успешна соработка ќе ја продолжиме и во иднина, порача Сали.

Амбасадорката на САД во Република Македонија Анџела Агелер истакна дека со оваа донација се очекуца подобрување на здравствен капацитет на клиничкиот центар. Оцени дека пандемијата со Ковид – 19 помогнала во лоцирање на предизвиците, односно потребите на здравствениот систем во државава, особено во клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Најави дека поддршката и вложувањето во здравствениот систем преку вакви проекти ќе продолжат и во иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Блејзерите оваа есен добиваат нова силуета: Струкираните модели ја враќаат женственоста во фокусот

По неколку сезони во кои доминираа предимензионираните палта, модната сцена се свртува кон поструктурирани силуети.

 Блејзерите оваа есен добиваат нова силуета: Струкираните модели ја враќаат женственоста во фокусот

Кога станува збор за гардероба во преодниот период и есента, постојат неколку парчиња кои се апсолутно неопходни. Добар пар фармерки, пар удобни рамни чевли и стилска, но практична чанта секогаш се основа на нашиот изглед кога се шетаме низ град, како и квалитетен блејзер што може да се стилизира на безброј различни начини. Затоа не е изненадување што токму сега повторно сме во потрага по оној модел што ќе го воздигне нашиот есенски outfit.

Судејќи според актуелните трендови, оваа сезона не бараме какво било сако, по долгото владеење на преголемите кроеви, модниот фокус се префрла кон поструктурираните стилови кои ја нагласуваат фигурата и враќаат одредена доза на женственост во кројот.

Еден од најголемите трендови ќе бидат блејзерите што ја следат линијата на телото и го нагласуваат струкот. Моделите со „издолжен“ струк потсетуваат на елегантните силуети од педесеттите години, но во модерна интерпретација делуваат доволно опуштено за секојдневни комбинации. Можеме да ги замислиме со широки фармерки и рамни чевли, но и со здолништа, фустани или панталони од истиот материјал.

Понудата е доволно разновидна за секој да може да ја пронајде својата верзија на овој тренд - од модели без јака и заоблени контури до построги кроеви со изразени рамена и јасни линии. Токму овој нагласен струк e она што ги разликува од блејзерите што ги носевме во последните неколку сезони.

Особено изгледаат добро кога строгата силуета се комбинира со парчиња облека што даваат одредена лежерност, блејзер со нагласени рамена одлично се усогласува со обична бела маичка, фармерки, патики, но и со широки панталони и елегантни чевли.

Кога станува збор за боите, класиката е сигурен избор. Црните, белите и сивите блејзери се сè уште најпопуларните стилови за есенската гардероба, но оваа сезона вреди да се обрне посебно внимание на потоплите тонови.

Карамела, беж, темно кафеава и чоколадна боја се совршени за есенската палета и изгледаат особено добро со тексас, кремасти нијанси и други земјени тонови. Ако барате нешто малку подраматично, бордо е една од оние бои што и на наједноставен блејзер му дава сосема нова димензија.

Не треба да се занемаруваат ниту материјалите. Превртената кожа, како и нејзините висококвалитетни имитации, веќе некое време се меѓу најпосакуваните есенски текстури, а блејзер направен од овој материјал функционира особено добро како алтернатива на класичната кожна јакна.

Без разлика дали оваа есен ќе изберете женствен модел што го нагласува струкот или ќе се наклоните кон помоќната естетика од 80-тите, едно е сигурно - блејзерот повторно станува многу повеќе од практичен слој за постудените денови. Ако има добар крој, може да биде парче облека што го дефинира целиот изглед.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Татко немоќно гледа како синчето згазнува ѕвечарка, снимката е вознемирувачка (ВИДЕО)

Еден татко го доживеал најголемиот ужас во животот додека шетал со своето дете: човек со TikTok профил @lgbenito снимил авантура во која неговото дете и кучето шетале по една од патеките, кога неговиот мал син, кој радосно трчал, згазнал на ѕвечарка.

Татко немоќно гледа како синчето згазнува ѕвечарка, снимката е вознемирувачка (ВИДЕО)

За среќа, змијата не го нападнала детето и сè завршило добро, но застрашувачкото видео сè уште е на мрежите.

Таткото признал дека овој момент бил пострашен отколку кога речиси се удавил. Оваа ситуација можела да се одвива многу поинаку, а неговиот син имал голема среќа. Змијата се нашла на погрешно место во погрешно време, кучето не ја забележало, а момчето само се однесувало како дете, бркајќи го своето куче. Ова е најлошиот кошмар на секој родител и за среќа завршило без последици.

@lgbenito

Scarier than when I almost drowned.

♬ swing lynn - lovdfilmz

Во регионите каде што живеат ѕвечарките, населението обично ја слуша оваа змија пред да ја види. Ѕвечарките користат „ѕвечка“ на крајот од опашката за да ве предупредат да не им се приближувате. Сепак, овие змии понекогаш го игнорираат предупредувањето и напаѓаат без него. Ако забележите ѕвечарка, застанете и гледајте ја, пуштете ја или полека повлечете се, пишува Pethelpful.

Никогаш не ѝ вртете грб на змија додека не се оддалечите најмалку два метра. Ѕвечарките можат да нападнат од околу една третина до две третини од должината на нивното тело. Ако забележите ѕвечарка во вашиот двор и имате деца и домашни миленици кои поминуваат време надвор, јавете се на професионалец за безбедно да ја отстрани змијата од вашето подрачје. Змијата секогаш може да си замине сама, но подобро е да бидете безбедни отколку да се каете.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца се уапсени во Лондон- осомничени се дека биле ирански шпиони

Две лица се уапсени во Лондон под сомнение за помагање на иранската разузнавачка служба, соопшти Метрополитен полицијата.

Двајца се уапсени во Лондон- осомничени се дека биле ирански шпиони

Жена (42) и маж (60) се уапсени и однесени на адреси во Лондон. Операцијата ја спроведоа полицајци од лондонската единица за борба против тероризмот како дел од истрагата за сомнителни кривични дела според Законот за национална безбедност (NSA), како што објави Скај њуз.

Апсењата следат по претресите на адреси во северозападен Лондон на 24 јуни. По нивните апсења, трет имот во областа беше претресен од полицијата на 9 септември.

Двајцата шпиони се обвинети за кривично дело според Член 3 од Законот за национална безбедност на Велика Британија од 2023 година, кој се однесува на помагање на странска разузнавачка служба.

Осомничените беа одведени во полициска станица во Лондон, а подоцна ослободени со кауција со строги услови. Тие треба да се појават на суд кон крајот на октомври.

Полицијата соопшти дека инцидентот не е поврзан со серија напади претходно оваа година врз локации и објекти поврзани со Евреи и Иран низ Лондон. Командантката Хелен Фланаган, началничка на единицата за борба против тероризмот во Лондон, изјави дека полицијата ги разбира загриженостите на јавноста во врска со апсењата, но нагласи дека нема причина да се плаши од непосредна опасност.

„Не веруваме дека постои непосредна закана за пошироката јавност во врска со овој инцидент“, рече Фланаган.

Таа додаде дека има значително зголемување на полициската активност во текот на изминатата година поврзана со националната безбедност и заканите што доаѓаат од странски земји.

„Доколку се сомневаме дека каква било активност може да ја загрози безбедноста на Обединетото Кралство или јавноста, нема да се двоумиме да преземеме мерки“, рече Фланаган.

Фланаган, исто така, потсети дека нивото на терористичка закана во Обединетото Кралство останува „сериозно“ и ги повика граѓаните да бидат внимателни и да пријават сè што изгледа сомнително на полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер