Донесена пресуда за враќање на вработените во „Гласот на Америка“ - Канал 5

Донесена пресуда за враќање на вработените во „Гласот на Америка“

Американскиот суд повторно го блокираше планот на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за отпуштање на стотици вработени од „Гласот на Америка“ (ВОА).

Донесена пресуда за враќање на вработените во „Гласот на Америка“

Окружниот судија Ројс Ламберт донесе пресуда повеќе од илјада вработени во ВОА до 23 овој месец да се вратат на работните места, истовремено наложувајќи медиумот да продолжи со емитување на програмата за странство.

Во образложението на одлуката Ламберт ги оцени за незаконски обидите за запирање на работата на Американската агенција за глобални медиуми (USAGM), телото што го надгледува работењето на ВОА. Истиот судија во септември минатата година изрече привремена мерка за стопирање на отпуштањата од Агенцијата.

Поранешната директорка на Агенцијата, Кари Лејк отпуштањата ги најави уште во август, согласно извршна наредба на претседателот Доналд Трамп. Трамп во март минатата година наложи кратења на бројот вработени во медиумот што е финансиран од САД, а креира програма на повеќе јазици за гледачи и слушатели во странство.

Основан во 1942 година со цел спротивставување на нацистичката пропаганда, „Гласот на Америка“ долго време се смета за важна алатка за промовирање на американските вредности во светот. Иако постојат законски механизми за спречување политичко влијание врз уредувачката политика, Трамп во повеќе наврати беше во судир со медиумот, а за време на ковид-пандемијата изнесе обвинувања дека ВОА пренесува кинеска пропаганда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео- Фото: Дурант го направи најскапиот селфи на Светското првенство: Меси, Ѓоковиќ, Брејди...

Мајкл Рубин, американски бизнисмен чие богатство се проценува на 12 милијарди долари, објави селфи на кое е во друштво на голем број ѕвезди од светот на спортот и шоу-бизнисот.

Видео- Фото: Дурант го направи најскапиот селфи на Светското првенство: Меси, Ѓоковиќ, Брејди...

Фотографијата, која веднаш привлече светско внимание по објавувањето, е направена за време на фестивалот Фанатикс, глобалната дигитална спортска платформа на Рубин.

За селфи да ја опфати оваа поголема група, потребен беше некој со долги раце...

Изборот беше лесен: Кевин Дурант, еден од најголемите кошаркари на НБА во последната деценија, со телефонот во рака (стапчето за селфи беше излишно), го овековечи овој навистина незаборавен момент.

Дурант се „улови“ себеси, најтрофејниот свтески тенисер Новак Ѓоковиќ, капитенот на Шпанија Родри, легендата на американскиот фудбал Том Брејди, аргентинскиот голман Емилијано Мартинез, раперот Тревис Скот, екс фудбалерот на Манчестер Јунајтед и на англиската репрезентација Рио Фердинанд, волшебникот со буба мара Лионел Меси, Рубин и комичарот Кевин Харт.

На втората фотографија, која е направена од друг агол и го прикажува моментот на правење на селфито, во кадарот се и селекторите на Аргентина и Шпанија, Лионел Скалони и Луис де ла Фуенте.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен кошаркарот на Србија, Урош Плавшиќ !

Поранешниот кошаркар на Црвена Звезда, српскиот репрезенативец Урош Плавшиќ, е уапсен по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград под сомнение за напад врз обезбедувач на Военомедицинската академија (ВМА).

Уапсен кошаркарот на Србија, Урош Плавшиќ !

Како што пренесува „Спортињо“, инцидентот се случил во текот на ноќта меѓу 16 и 17 јули, кога Плавшиќ наводно ја прескокнал оградата на ВМА и стигнал до шалтерот за прием бр. 2, каде што физички нападнал воено лице кое било на должност. Обезбедувањето успеало да го совлада напаѓачот и веднаш ја известило Воената полиција за инцидентот.

Потоа, припадниците на Воената полиција го предале Плавшиќ на патрола на Министерството за внатрешни работи. Во инцидентот, припадникот на обезбедувањето се здобил со полесни повреди на главата и раката.

На Плавшиќ му е одреден притвор во траење до 48 часа поради сомнение дека сторил кривично дело напад врз воено лице при вршење воена служба, а за понатамошните чекори ќе одлучи надлежното обвинителство.

Инаку, како штпо пренесуваат дел од српските медиуми само неколку часа пред апсењето, Плавшиќ и неговата сопруга, инфлуенсерката Јована Томиќ, организирале голема црковна венчавка и прослава за семејството и пријателите.

Двојката претходно стапила во граѓански брак пред една година, на интимна церемонија. Плавшиќ неодамна стана играч на романскиот клуб Клуж.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес регистриран во источниот дел на Турција

Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди источниот дел на Турција. 

Силен земјотрес регистриран во источниот дел на Турција

Потресите беа почувствувани во неколку провинции, а засега нема извештаи за жртви или материјална штета.

Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала ја погоди источната турска провинција Малатија рано утринава, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Земјотресот се случи во 6:20 часот по локално време, со епицентар во областа Баталгази, на длабочина од 15,59 километри, се наведува во соопштението на АФАД.

Потресот се почувствувал и во соседните провинции Елазиг, Адијаман, Тунџели и Шанлиурфа. АФАД соопшти дека засега нема извештаи за материјална штета или жртви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер